За здравје и живот

Резултати од неколку истражувања и една терапевтска техника. За здравје, за живот, за продолжение на сопственото време.

Истражувањето на американскиот доктор Сем Коен ги отфрли тврдењата дека сахаринот- вештачкиот шеќер е опасен за човековото здравје оти предизвикува рак.

-„Вистина е дека сахаринот предизвикува рак“, вели тој, „но само кај лабораториските глувци. Во поголеми количества доведува до висока концентрација на еден вид на протеин кој може да го поттикне неконтролираното растење на ќелиите“.

Интересно е дека Американците, кои на кутиите со сахарин ставаат предупредување дека е опасен за здравјето, него и натаму го користат за правење на нискокалорични пијалаци, потоа пасти за заби, кармини, медицински сирупи и низа други производи;

Ако им се верува на рзултатите до кои дошле истражувачи на медицинскиот факултет во Сент Луис, изреката дека има стари луѓе со младо срце не е неточна.

-Имено, колку луѓето во поодмидонати години се навикнат на строги вежби, нивното срце почнува да работи како кај многумина млади;

Крема против изгореници од сончање составена од пигмент извлечен од зрно на 'рж и семенка од лубеница е производ на јапонски козметичари. 
-Овој пигмент ги претвора ултравиолетовите зраци кои предизвикуваат пликови во сосема безопасна топлина што се шири низ телото.

Меѓутоа, најинтересно е тоа што кремата се пакува во микроскопски капсули кои можат да ги проголтаат и оние што се алергични на креми или имаат посебно чуствителна кожа;

Што е биофидбек?

-Терапевтска техника со која на пациентот му се дава некоја визуелна или аудитивна повратна спрега со некој внатрешен или надворешен физиолошки процес. Пациентот обично се врзува за некоја машина која ќе ги следи и покажува на некој начин промените на отпорноста на кожата, температурата на прстите, грчењето на мускулите или активноста на мозочните бранови.

Оваа техника најчесто се користи во лечење на мигрена, каде што се чини дека постои врска со стеснувањето на периферните крвни садови. Освен тоа, пациентот се подучува на техники на дишење и релаксација или на некоја форма на автоген тренинг, со кој се намалува стегањето на мускулите околу крвните садови. Ова доведува до состојба на опуштеност и мазни и напречно- пругасти мускули, што се покажало делотворно како во спречувањето исто така и во ублажувањето на нападите на мигрена.

Инаку, терапевтската техника биофидбек се употребува и за контролирање на болка, сузбивање на состојба на општ страв, фобии и висок крвен притисок.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Д-р Томас Фулер

Деловниот човек не смее двапати да прекрши збор.

Виц блиц

Пак му се оди

-Ех, што ми се оди пак во Париз... -Пак?! Па зарем некогаш си бил? -Ма не, ама и вчера ми се одеше...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се