Младите и жените во земјоделството

Воочена е една појава што дава надеж дека Република Македонија на економски план конечно почнува да се наоѓа себе си, односно да ја „отвора“ својата перспектива: земјоделството станува се попривлечно за младите, без оглед на бројните проблеми што го демнат и следат на секој чекор. Младите се се повеќе убедени дека како фармери имаат можност за формирање и развивање на модерен индивидуален и семеен бизнис.

Прочитајте повеќе:

Како се создава бренд?

На поставеново прашање најточно и најпрецизно, стручно и компетентно можат да одговорат менаџерите, а особено оние чија стручност- специјалност е маркетингот и  односите со јавноста. Меѓутоа, бидејќи целта на овој прилог не е едукативна, само ќе потсетам на некои основни, општи нешта во врска со брендот и неговото создавање, а кои му се познати (би требало) на секој проследувач и промислувач на нашите севкупни состојби, пред се економските.

Брендот кај нас најчесто се преведува со марка, име- назив на фирма, на производ и сл. Таквиот превод не оти е неточен, туку е премногу „едноставен“. Со други зборови, „брендовската“ проблематика ( се уште малку познат термин кај нас е „брендинг“) е многу покомплексна.

Прочитајте повеќе:

Далеку од Европа, блиску до себе си

(Прилогов е објавен на „Паноптикум“ на 29.10.2007. Податоците се застарени и невалидни во однос на моментната состојба, но темата и поентата се и уште долго ќе бидат актуелни и акутни)

Ништо ново и кога е економијата во прашање:

Македонија е далеку од Европа (премногу далеку), па не е јасно зошто толку „притиска“ за сопствено евроинтегрирање. Точно, евроинтегративните процеси можат, реално е да се очекува дека ќе ја поттикнат македонската економија, но е исто така точно дека тие создаваат обврски кои тешко се остваруваат ако стандардот воопшто е 10-тина пати понизок од европскиот просек.

Заклучокот дека земјата сега, според економските параметри, не е подготвена за членство во ЕУ е како откривање на „топла вода“. Тоа е само потвра на наша одамнешна заложба: не по секоја цена членство во ЕУ, туку што побрзо наше „европеизирање“.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Рене Декарт

Ништо на светот не е така добро распоредено како паметта: секој мисли дека ја има доволно.

Виц блиц

Руски 90-годишници

Се возат двајца 90-годишни старци во московски трамвај. По некое време на молчење, едниот му вели на другиот: -Алексеј, дали си тоа ти?-Сум, а кој сте Вие?-Па, се сеќаваш, бевме заедно...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се