Секое работно место има своја хиерархија и спротивставени личности. Меѓутоа, знаејќи дека вашите колеги имаат големо влијание врз вашето здравје, можеби е попаметно да работите на добрите односи со сите вработени.  Ако минувате повеќе од 40 часа неделно со исти луѓе, можеби би требало и подобро да ги запознаете. Секое работно место има своја хиерархија и спротивставени личности. Меѓутоа, знаејќи дека вашите колеги имаат големо влијание врз вашето здравје, можеби е попаметно да работите на добрите односи со сите вработени. Ако минувате повеќе од 40 часа неделно со исти луѓе, можеби би требало и подобро да ги запознаете.

Работата убива- Најризични работни места на светот

Работата убива? Која? Секоја? Се чини да.
Во секој случај, познати се 10-те најопасни работи на светот.

Една 22- годишна студија на истражувачи од Тел Авив сугерира потврден одговор- дека работата убива. Целта била да се испита врската помеѓу работното место и ризикот од смрт.

Истражувачите 820 постари лица подложиле на рутинско медицинско испитување и потоа ги прашале за работните навики и работното место- какви им се колегите, дали шефот ги поддржува и колку имаат автономија.

Учесниците биле поделени во старосни групи и според занимањата- финансии, здравство, производство и осигурување.

Научниците ги следеле нивните медицински картони и според заклучоците од 2008. година 53 умреле, а за нив е утврдено дека работеле во мошне непријатни околности.

Лицата кои имале малку поддршка од своите колеги имале 2,4% поголема шанса да умрат во текот на траењето на студијата, отколку оние кои имале топол и пријателски однос.

Она што е интересно е дека ризикот од смрт бил цврсто поврзан со тоа како луѓето го оценувале својот однос со соработниците, но не и со шефовите.

Луѓето кои имале лош однос со надредените немале ништо поголеми шанси да умрат одошто останатите испитаници.

Еден фактор на ризикот од смрт бил особено истакнат- мажите кои признале дека имаат повеќе автономија во работата имале помал ризик од умирање во текот на студијата, отколку мажите „лишени од слобода“.

Обратно важело за жените: жените на раководни позиции имале 70% поголем ризик од смрт. Научниците оваа појава ја објаснуваат со тоа дека жените имаат повеќе обврски од мажите (истовремено и шефици и мајки и домаќинки и сопруги), па потешко воспоставуваат баланс во животот.

Има докази и дека луѓето се се понепријатни во меѓусебното однесување- во еден дел од истражувањето дури 86% од 289- мина работници пријавиле дека на работа искусиле невоспитаност, лоши манири и навреди.

Што да правите?

Секое работно место има своја хиерархија и спротивставени личности. Меѓутоа, знаејќи дека вашите колеги имаат големо влијание врз вашето здравје, можеби е попаметно да работите на добрите односи со сите вработени.

Ако минувате повеќе од 40 часа неделно со исти луѓе, можеби би требало и подобро да ги запознаете.

Постојат многу чудни и убави работи со кои луѓето можат да се занимаваат на светот, но исто така постојат и оние кои се мошне опасни. На следната листа се наоѓаат најопасните работи на светот, со кои луѓето можат да се занимаваат. Овие работи носат голем ризик, но доколку сте амбициозни и екстремисти тие секако сметаат на вас. Меѓутоа, дури и покрај големиот ризик што го носат со себе, тие не носат сразмерно голема плата.

1. Градежни работници
Повеќето градежни работници ја прифаќаат оваа работа затоа што немаат некои други опции или подобри варијанти. Овие работници, и покрај големиот ризик за загуба на животот, потенцијалните настанувања на повреди, не се мошне добро платени, поточно премалку. Градежната компанија всушност не се грижи многу за заштита на овие работници, иако тоа во последно време се поправа. Многумина работници загинале зашто паднале од мошне големи височини.

2. Пиротехничари
Рачното разминирање се смета за подобро од кое било разминирање што некоја машина може да го направи. Процентуалниот успех кај рачните разминирувања е 99,6%, а во други случаи само 80%. Секако дека веќе знаете оти постои голем ризик кога се станува пиротехничар. Од 1996. до 2002. дури 500 деминери морале да се поздрават со својот живот.

3.Рибари
Утврдено е дека се случиле околу 129 смртни случаи кај рибари и оти постојат околу 61 повредени рибари на 100.000 преживеани. Причината за смртта или повредите доаѓа поради исклучителниот студ на водите на океаните, големите и опасни бури, пренатрупаните капацитети, губењето на ориентација, недостигот на свежа вода или храна и уште многу друго.

4.Експлоататори- дрвосечачи
Ризикот што може да му го одземе животот на експлоататорот доаѓа од страна на забите на пилата, погрешната проценка на падот на дрвото, отпаѓањето на суви гранки при паѓање на дрвото, лизгави карпи и уште многу друго. На повеќе експлоататори им е дозволено само да сечат дрво кое е помеѓу 60 и 70 години. Дрвото е високо, големо и може да порасне преку 39 инчи во пречник. Овие причини се доволни да покажат колку е работата ризична. Исто така постои опасност експлоататорот односно дрвосечачот да падне од голема височина и да се здобие со тешки повреди. 

5. Девојка- мета
Девојка која им стои како мета на разни изведувачи на вештини е класична работа која може да се пронајде во циркус или на претстави со магија. Оваа работа е прилично едноставна и не бара некои физички напори главно на девојки. Тие мора да бидат психички и ментално подготвени ножеви и секакви други предмети да летаат кон нив и да се забиваат само на неколку сантиметри покрај нив. Притоа во тие моменти мораат да останат ладнокрвни и секако да им веруваат на своите партнери кои ги изведуваат точките. Девојките кои стојат како мета сцената ја прават драматична, го креваат адреналинот кај посматрачите зашто се во неизвесност што ќе се случи ако тие случајно не бидат доволно прецизни.

6. Рудари
Во Чиле постои една рударска компанија која се вика Сан Естебан Мајнинг. Во 2003. година едн од нивните рудници пропадна, се урна и 33-ца луѓе останаа заробени на 2.300 стапки под земја дури 70 дена. Повеќето рудари беа тешко повредени, а некои од нив загинаа. Оваа работа е мошне опасна зашто секогаш постои потенцијална можност некој рудник да се урне и да загинат работници. Таа секако не е платена доволно, со оглед дека работниците работат мошне напорно и тешко, а освен тоа носи и жртвување и ризик за животот.

7. Тренер на лавови
Ризкот од каснување на огромни лавови е секогаш можен и постојан кога работите како тренер на лавови. Оваа работа е посебно ризична поради тоа што, доколку не успеете да се извлечете на време и во вистинскиот момент, можете да се поздравите со животот, зашто лавот кога еднаш ќе ве нападне нема да ве поштеди. Со оваа работа главно се занимаваат луѓе кои екстремно ги сакаат овие преубави, но диви и опасни животни.

8. Борци со крокодили
Борачите со крокодили во Тајландскиот зоолошки врт мораат да бидат подготвени да ја изгубат главата во челустите на див крокодил додека ја вршат својата работа. Поради тоа е таа мошне ризична. Во секој момент крокодилот може да изреагира така што работникот да биде убиен, односно да остане без глава. Борачите со крокодили го ризикуваат својот живот за да привлечат многумина посетители, а многумина од нив немаат свое осигурување за таа работа. Овие акции и вратоломии се вршат секој ден уште од 1985. година.

9. Еелктричари од хеликоптер
Иако изгледа мошне ризично, работата на електричари со висок напон во воздух е многу посигурна одошто на земја. Опасните работи доаѓаат од роторските сечива на хеликоптерот, лабавите сигурносни појаси и силните ветришта. Секој хеликоптерски електричар добива специјален тренинг и обука пред работата во која било област на далноводи. Овие работници заработуваат подобри плати од мијачи на прозорци на облакодери и солитери.

10. Чистачи на прозорци на облакодери
Обединетите Арапски Емирати се мошне богата земја, но нивните власти немаат чувствителни уши да го слушнат гласот на својата имигрантска работна сила. Чистач на прозорци на облакодери е мошне ризична работа токму од причина што работникот може да стои на 35. кат на стотина метри височина од надворешната страна на прозорецот. Тој стои таму без колевка, шлем или некое друго средство за заштита. Единсвено што го штити човекот во тој момент е можноста да е закачен со јаже, но тоа се ретки случаи. Овие работници се навистина храбри и мораат да бидат мошне умешни и вешти.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Рене Декарт

Ништо на светот не е така добро распоредено како паметта: секој мисли дека ја има доволно.

Виц блиц

Проблем на убава жена

Убава жена му се жали на доктор: -Докторе, штом ќе легнам веднаш заспивам. Дали е тоа нешто сериозно? Докторот: -Не, само треба да го промените мажот!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се