Први развојни чекори на демократијата: античкиот полис (1)

Колевка на демократијата е Атина. Пред околу 2.500 години таму полека е создаден уставен поредок кој стана идол на сите демократски Устави.

Зборот "политика" доаѓа од зборот polis (држава), со што најнапред се мисли на заедница на граѓани, а потоа на државна територија на која се наоѓа заедницата на граѓани. Во архајското кралство кралскиот замок е јадро на градот околу кое е групирано се останато што спаѓа во односниот град. Наспроти тоа, во средиштето на полисот е agora, плоштад како собиралиште на граѓаните. Политичкото одлучување преминува од кралот на собранието; заклучоците се донесуваат јавно; тие мораат да се оправдаат пред граѓаните и е потребен глас ЗА од нив за некој заклучок да се усвои. Со тоа почнува процесот на рационализација на политичките одлуки:

 

"Системот на полисот почива, пред се, на необичната предност на од власта изговорениот збор наспроти сите останати инструменти на моќ. Таа станува политичко средство par excellence,клучен авторитет на државата, орудие на заповедништвото и власт над другите... Зборот, за кој овде станува збор, не е веќе збор на ритуалот, точната формула, туку е тоа збор на контроверзна дебата, дискусија и аргументација. Потребна е публика, на која на крајот и се обраќа како на судија и која конечно, со кревање на раката, решава помеѓу партиите кои настапиле пред неа; оваа чисто човечка пресуда ги одмерува способностите на партиите некого да убедат во нешто и му ја доделува победата на еден говорник над неговиот противник.

Сите оние општи прашања кои дотогаш биле уредувани според правилата на владејачките моќници и спаѓаа во областа на властелата сега се предмет на умеење на дискутирање и за нив мора да се одлучи во рамките на јавната дебата. Тие потоа мораат да се формулираат на соодветен начин и да добијат форма на ентитески упатства кои содржат елементи и на едната и на другата аргументација. Така помеѓу политиката и логосот (разумниот говор) настанува тесна обострана врска. Умеењето на политизирање е, пред се, умеење на владеење со јазикот, а логосот преку своите политички функции остварува поголема самосвест за себеси, добива свои правила и делотворност". (Jean-Pierre Vernant, Настанувањето на грчкото размислување, Frankfurt/Main 1982., 44f.).

Настанувањето на политичкото во Атина овде почива на два критериума, обата во мошне тесна врска еден со друг: на јавност на политичките одлуки и на растечкиот притисок за рационално објаснение. Тука доаѓа уште и третиот критериум на демократизација. "Овој двоен процес на демократизација и ставање на одлуките во јавност ќе има решавачки консеквенци во областа на мислењето" (Vernant 1982, 46).

Хомеровиот свет на херои и Перикловото доба на античка демократија се раздвоија во својата основа. Како едниот можел да настане од другиот? Поранешната социјална поделба изгледала отприлика вака: на чело на социјалната хиерархија стоеле eupatridi-те, оние што се родени како добростоечки или со благородничка титула, оние на кои таа им е доделена поради поседување на големо богатство, оние кои своите посебни права ги имале поради раѓање со благородничка титула. Следеле georgi-те, земјоделци со релативно мал посед во сопстввеност, i demiurgi-те, трговци и занаетчии. Освен тоа, постоеле уште theten-и, сезонски работници без сопствен имот, посед или семејство и робови.

Во Грција благородниците мошне брзо можеле да се пробијат до власта на кралот (basileus); кралската служба не била укината, туку ограничена во своите овластувања, редуцирана на сферата на културно-религиозното и на неколку судски одлуки. Одлучувањето тогаш било во рацете на големите благороднички родови. Од своите редови избирале Arheot-и, владејачки членови, кои по истекот на службата доживотно останувале членови на Советот, Arheopag-от. Arheot-ите и Arheopag-от ја одредувале судбината на градот. Ова аристократко друштво набрзо се нашло во криза. Притисокот на постојано растечкото население во 8-от век ја покренало колонизацијата; Грците ги населиле областите на Средното море во Мала Азија, Северна Африка, на Сицилија, Долна Италија, Јужна Франција се до Шпанија, и основале нови заедници кои биле или независни или со градот-мајка биле само во лабава врска. Малите селани се повеќе доаѓале во незавидна положба на зависност од големите поседници; се задолжувале; еден дел бил продаден во ропство. Се интензивирале трговските односи, настанала нова форма на богатство: сопственост стекната со трговија на метал, тенџериња, житарици, масло и вино. Трговијата со стока растела се повеќе; се исковале првите пари. Кратко: социјалната напнатост во Атина незапирливо растела. Со тоа започнал процесот чиј резултат бил одземање на моќта од оние кои со раѓање ги наследувале благородничките титули. Настанал јавниот живот во кој можеле да учествуваат и граѓаните.

Ова бил часот за големиот законодавец на Атињаните, час за Солон (околу 640-та-560-та година пред Христа). Солон потекнува од едно мошне угледно благородничко семејство, но својот имот го остварил како трговец. Во 594/3-та година пред Христа. тој станал arhon, највисок владетел во Атина, и добил исклучителни овластувања, како судија, како човек на средината, кој е непристрасен спрема интересите на обете групи, повторно да ја уреди заедницата. Солон го укинал ропството поради долгот, добил поддршка за новата поделба на земјиштето. Вовел нови мерки, есенцијална основа на стоковниот сообраќај, а поставил и нови основи на ковање на пари, така што правото на ковање станало монопол на јавноста. Ги обесил важечките закони во пишана форма на јавни места. Целокупното граѓанство повторно го поделил. Решавачки момент при поделбата веќе не било потеклото, туку големината и количеството на приватна сопственост, приходите од жетвата или паричниот приход. Од припадноста на одредена класа-pentakosiomedimnoi (оние што годишно имале најмалку 500 мери за жито), hippei (коњаници, оние кои можеле да си набават коњ), Zeugiten (оние што поседувале оружје како добро вооружени војници), и Theten (оние кои немале никаква сопственост)-зависеле политичките права на учество во донесувањето на одлуки и висината на прилогот за војската. Во својата реформа на Уставот Солон вовел два нови органа, Совет 400 (bule), како рамнотежа на аристократскиот Arheopag, и Народен суд, Heliaia, како истанца на која граѓаните можеле да и се обрнат и жалат поради неправедни мерки на државните органи. Владеењето на оние кои наследиле благороднички титули Солон го заменил со владеење на Timokratija, владеење на оние кои својата чест ја засноваат на големината на имотот. Солон самиот својот Устав го нарекол eunomia ("добро уредување"), владеење на добри закони донесени од страна на луѓето.

Солон создал предуслови за јавна политика која подразбирала учество на граѓанинот. Меѓутоа, социјалните проблеми тој не ги решил долгорочно. Околу 30-тина години по Солоновото реформско дело власта во Атина ја презел Пеисистратос (околу 600-тата-528-та година пред Христа), благородник од отмен род, и во 560-та година станал атински тиранин, при што, пред се, се потпирал на поддршката на сиромашниот слој на граѓани. Тиранијата е државно уредување кое во Грција имало-посматрано од дистанца- најлош глас. Таа важи како владеење без легитимација оти не ги почитувала законот, норомите и уставниот поредок, а со тоа ниту областа на јавното-основниот принцип на политиката во полисот. Сепак, во процесот на демократизација тиранијата одиграла важна улога: со мобилизирање на демосот-народот, власта на благородништвото е и натаму ограничувана.

Политичката основа на атичкиот полис ја направил Клејстенес. Податоците за неговите години на раѓање и смрт не се познати. Се чини дека неговата реформа на Уставот е воведена набрзо по 510-та година пред Христа. И тој потекнува од благороднички род. Тој може да важи како творец на демократијата која почива на еднакви права за сите граѓани. Со оваа реформа Клејстенес предизвикал одземање на моќта на групи кои се формирале врз основа на благородничката припадност или врз основа на количеството на приватниот имот. Тој атичката територија повторно ја поделил на три зони (град, село и брег), а граѓаните ги поделил во десет Phyle-а од кои секоја во "Советот 500" делегирала по 50-мина пратеници. Секој од Phyle-ите 36 дена (што одговара на десетина од една година службување) ги водела работите на градот и имала место на претседавач во Советот. Веројатно Клејстенес бил тој што со Судот за прогон (Ostrakismus) вовел нова инстанца која можела да ги изгони граѓаните, доколку тие со собирање на поголем број на овластувања се заканувале да станат опасност за демократското уредување.

40 години по Клејстенес, Перикле го доврши процесот на демократско уредување на Атина и истовремено го остави благородништвото без никакви овластувања. Во 462-та година пред Христа по наредба на Перикле донесувањето на сите одлуки се пренело на "Совет 500", Народниот суд и Народното собрание (eklezija). Една година подоцна е воведено плаќање на дневници за членовите на Советот и судот, за на сиромашните сограѓани да им се овозможи пристап на овие служби, а конечно во 458-ма година пред Хирста Зеугитен на третата класа на даночните обврзници им дозволил пристап и работа во државните служби.

Со тоа е заклучен процесот на развој на Уставот на полисот, а истовремено и идолот на сите демократски Устави. На овој Устав се ориентираат делата на политичката филозофија на Грција, посебно делата на Платон и Аристотел, зачетниците на европската политичка мисла воопшто. Обајцата дејствувале (...) во 4-от век пред Христа, во време кога Периклеовото уредување било зафатено од ударот на класичното уредување. Во оваа криза на демократијата дејствувала рефлексијата. Она што во времето на периодот на процут на демократијата се сметало само по себе разбирливо, па како такво не барало натамошни објаснувања, станало предмет на истражувачката мисла. Кризата на заедништво до ден денешен го отсликува делотворниот обид со средствата на разумниот говор и барањето на најдобра аргументација на ова заедништво да се покажат како неговите составни делови, така и неговите можности.


(Преземено од: Eberhard Braun/Felix Heine/Uwe Opolka, Политичка филозофија. Прирачник. Текстови, анализи, коментари, Reinbek 1984.)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Овидиј

Коњ кој долго време стоел, нема добро да трча.

Виц блиц

Руски 90-годишници

Се возат двајца 90-годишни старци во московски трамвај. По некое време на молчење, едниот му вели на другиот: -Алексеј, дали си тоа ти?-Сум, а кој сте Вие?-Па, се сеќаваш, бевме заедно...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Пробајте ја нашата нова страна. Влатко М.

Најава или Регистрирај се