Интересни и корисни параметри

Интересни се и корисни затоа што се временски „потрајни“, но и споредливи со состојби во Република Македонија („неспоредливо споредливи“):

-И во Америка помеѓу компаниите е мошне „популарно“ неплаќањето на данок- реагира лично претседателот;

-„Дремка ви се дреме“ попладне? Одлично, препуштете и се. Ќе работите поефикасно;

-„Домашната работа“ е добра, ама воолшто не е перспективна за кариерата!; 

1. Рецепт на Барак Обама: фирмите кои не плаќаат данок нема да добијат државна работа

-Американскиот претседател им наложи на сојузниуте агенции да преземат мерки со кои на компаниите кои не плаќаат данок ќе им се оневозможи да добиваат зделки од државата.

Обама ги критикуваше банкарите дека делат големи бонуси и предложи нивниот дел да и се врати на државата, која со парите од даночните обврзници во минатата година им помогна на финансиските институции на кои им се закануваше банкрот.

Тој потенцира дека во САД има десетици илјади компании кои не плаќаат данок, а сепак добиваат зделки од владата. Притоа побара Конгресот да разработи закон со кој на Даночната управа ќе и биде дозволено на оние што го одобруваат трошењето на државни пари да им доставува информации за компаниите кои одбегнуваат плаќање на данок.

Неплатените даноци од нив се проценува на повеќе од 5 милијарди долари.

2. Попладневна дремка за поефикасно работење 

-Една општинска служба во Бангкок спроведува програма за подобрување на ефикасноста на вработените: светлата попладне се гаснат, а персоналот заминува на попладневна дремка.

Во напорите на вработените да им подари повеќе сила, со цел што подобро да ги извршуваат работните задачи, општинската канцеларија во центарот на тајландската престолнина предвидела и соба за одмор во која се забранети мобилните телефони и разговорите. Во собата е пуштена смирувачка музика и се чувствува благ мирис на цвеќе.

„Веќе со години по времето за ручекот одам да спијам, па одлучив и на мојот персонал тоа да им го понудам", изјави организаторот на проектот, високиот официјален претставник Суракијет Лимчароен.

3.Луѓето кои работат дома немаат перспектива во кариерата

-Луѓето кои работат дома, наместо во канцеларија, имаат многу помалку шанси за напредување во кариерата, покажува истражувањето на компанијата Корн Фери Интернешнл.

„Луѓето кои работат од дома немаат шанси за напредување како нивните колеги кои работат во канцелариите, иако три четвртини од директорите признаваат дека тие се еднакво делотворни како и канцелариските работници", се вели во истражувањето спроведено врз 1.300 „домашни" работници.

Многумина работодавачи се уште не ги прифатиле флексибилните работни часови, што е исклучително популарно кај луѓето кои сакаат повеќе да го усогласат приватниот и работниот живот.

„Ова посебно се однесува на менаџерите, компаниите едноставно сакаат тие да им се под нос", објаснува извршниот директор на Корн Фери.

Повеќе во оваа категорија: « Рерурализација во 21-от век

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Јохан Волфганг Гете

Кога ќе сретнеме некој што ни должи благодарност, веднаш се сеќаваме на тоа, а колку пати сме сретнале некого кому му ја должиме, а на тоа да не сме се...

Виц блиц

Пијани и возење

Четворица пијани излегуваат од кафеана и му приоѓаат на автомобил. Еднот од нив вели: -Тошо, ти ќе возиш. Тошо се чуди: -Зошто баш јас? -Премногу си пијан за да можеш да пееш!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се