Често под монополи се подразбираат сојузи или здруженија на претпријатија (картел, синдикат, труст, концерн), чија цел е со исклучување на меѓусебната конкуренција да постигнат најповолна продажба на своите стоки и што поголема добивка. Често под монополи се подразбираат сојузи или здруженија на претпријатија (картел, синдикат, труст, концерн), чија цел е со исклучување на меѓусебната конкуренција да постигнат најповолна продажба на своите стоки и што поголема добивка.

Монопол, монополска цена, монополска продажба

Монополот во економската теорија се дефинира како пазарна состојба во која на страната на понудата постои само еден продавач, а на страната на побарувачката многу купувачи. Ваквиот монопол се нарекува целосен или чист.

Како специфична монополска пазарна ситуација се јавуваат билатерален монопол и монопсон, потоа квазимонопол (еден продавач спрема мал број на купувачи) и квазимонопсон (еден купувач спрема мал број на продавачи). Со  парцијален монопол и парцијален монопсон се нарекуваат пазари кај кои, освен монополот и монопсонот, се јавуваат и неколку аутсајдери, и тоа кај монополот на страната на понудата, а кај монопсонот на страната на побарувачката.

Често под монополи се подразбираат сојузи или здруженија на претпријатија (картел, синдикат, труст, концерн), чија цел е со исклучување на меѓусебната конкуренција да постигнат најповолна продажба на своите стоки и што поголема добивка.

Монополска цена е онаа цена што ја диктира монополското претпријатие. Монополите ја користат својата пазарна моќ во купувањето на производните фактори или во продажбата на своите производи, за со вештачко снижување на цената на чинењето на тие производи или со кревање на нивните продажни цени да ја максимираат добивката.

Треба да се разликува монополски продажни од монополски набавни цени. Првите, по кои монополите ја продаваат својата стока, по правило се повисоки, а вторите, по кои монополите купуваат стока, се пониски од нормалното ниво на цените. Разликите помеѓу монополските цени и нормалното ниво на цените претставуваат монополски екстрадобивки.

Политиката на цените што ја водат монополите е лимитирана од заемната зависност на обемот на трошоците на производството, од една, и од цената и обемот на продажбата, од друга страна. Високата монополска цена може да ја намали побарувачката за производите на монополските претпријатија, и со тоа да ја загрози нивната позиција. Од друга страна, премногу ниската цена што ја диктира монопсонот може да ги дестимулира производителите- продавачите, во смисла овие да го намалат своето производство, и на тој начин да го загрозат монопсонското претпријатие.

Освен овие, постојат и други граници на зголемување на монополските продажни, односно намалување на монополските набавни (монопсонски) цени. Од најголемо значење е тоа што монополите во одредувањето на своите продажни цени првенствено мораат да водат сметка за еластичноста на побарувачката. Колку е таа поголема, монополската цена мора да биде пониска. Монопсоните, пак, мораат да водат сметка за еластичноста на понудата. Доколку таа еластичност е поголема, монопсонската цена мора да биде повисока.

Монополска продажба е облик на пазар на кој само еден производител (или продавач) ја контролира целокупната понуда на некој производ кој тешко може да се замени со некој друг. Разликата помеѓу монополизираната продажба и продажбата во услови на целосна конкуренција е во тоа што претпријатието во првиот случај има сила да води политика на цени и продажба така што со нивните постојани промени да се постигне максимален профит, додека во вториот случај тоа е принудено да ја прифати како објективна големина и да и се прилагоди.

Што е монопсон? Тоа е пазарна ситуација кај која, наспроти еден купувач (монопсонист) постојат многу конкурентски продавачи. На пример, претпријатие од прехранбената индустрија во одреден регион се појавува како монпсонист спрема големи индивидуални продавачи на земјоделски производи; претпријатија кои купуваат отпадни материјали во градовите се најчесто монпсонисти; често државата се појавува како монопсонист во купување на оружје, ПТТ во купување на тт уреди, централните банки во купување на девизи итн.

Во современи услови развојот на меѓународната размена се повеќе го ограничуваат одредени монопсонски ситуации. Сепак, на одделни пазари се уште се чести ситуациите некои монопсонски претпријатија да можат да диктираат ниски цени на производите што ги купуваат.

Повеќе во оваа категорија: « Безработица- Невработеност Стока »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Станислав Јержи Лец

Од огнот настанува и дело и пепел.

Виц блиц

Два збора

На приемен испит на Ликовна академија пред кандидатите биле поставени три слики: а) изгорен леб б) удавен човек в) бремена жена Задачата била: да се пронајдат само два збора што се карактеристични за сите...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се