За психологијата во менаџментот

Пред повеќе години (2004.) на српски јазик (за жал, се уште не и на македонски) е објавено знаменитото дело на истакнатиот американски психолог Абрахам Маслов, „Психологија во менаџментот“. Станува збор за мошне корисно и авторитетно дело за сите кои го проучуваат менаџментот во неговата комплексност.

Мошне читливо, импресивно ремек дело кое, како што потенцира Андреа Габор, познат по делото „The Man Who Discovered Quality“, „многу пред своето време го величеше менаџментот што заговара соработка и синергетски труд“.

Прочитајте повеќе:

Рерурализација во 21-от век

Две главни нешта ќе го одбележат справувањето со глобалната криза, натамошниот развој и стабилноста на државите: сигурно снабдување со храна и унапредување на знаењето (науката, образованието, технолошките иновации, унапредување на традиционалното знаење).

Наведениот став, што го споделуваат многумина економски експерти, отвора низа дилеми и актуализира повеќе контроверзи.

Прочитајте повеќе:

Најчести грешки во инвестирањето

Правењето портфолио што ќе ви ја донесе саканата добивка бара што попрецизно и потемелно осмислување на квалитетна инвестициона политика.

Во тоа грешките се за жал чести, а за да ги избегнете дознајте кои пропусти се најчести.

Прочитајте повеќе:

Како се создава бренд?

На поставеново прашање најточно и најпрецизно, стручно и компетентно можат да одговорат менаџерите, а особено оние чија стручност- специјалност е маркетингот и  односите со јавноста. Меѓутоа, бидејќи целта на овој прилог не е едукативна, само ќе потсетам на некои основни, општи нешта во врска со брендот и неговото создавање, а кои му се познати (би требало) на секој проследувач и промислувач на нашите севкупни состојби, пред се економските.

Брендот кај нас најчесто се преведува со марка, име- назив на фирма, на производ и сл. Таквиот превод не оти е неточен, туку е премногу „едноставен“. Со други зборови, „брендовската“ проблематика ( се уште малку познат термин кај нас е „брендинг“) е многу покомплексна.

Прочитајте повеќе:

Далеку од Европа, блиску до себе си

(Прилогов е објавен на „Паноптикум“ на 29.10.2007. Податоците се застарени и невалидни во однос на моментната состојба, но темата и поентата се и уште долго ќе бидат актуелни и акутни)

Ништо ново и кога е економијата во прашање:

Македонија е далеку од Европа (премногу далеку), па не е јасно зошто толку „притиска“ за сопствено евроинтегрирање. Точно, евроинтегративните процеси можат, реално е да се очекува дека ќе ја поттикнат македонската економија, но е исто така точно дека тие создаваат обврски кои тешко се остваруваат ако стандардот воопшто е 10-тина пати понизок од европскиот просек.

Заклучокот дека земјата сега, според економските параметри, не е подготвена за членство во ЕУ е како откривање на „топла вода“. Тоа е само потвра на наша одамнешна заложба: не по секоја цена членство во ЕУ, туку што побрзо наше „европеизирање“.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Душан Радовиќ

Се плашам од оние кои повеќе можат одошто знаат. Ако им се спротивставиме, тие ќе ни покажат дека уште повеќе можат одошто знаат.

Виц блиц

Од тројца лудаци еден нај

Директор на лудница решава да го пушти на викенд најмалку лудиот. Избира тројца нај и го прашува првиот: -Два плус два? Овој како од топ одговара: -Триста! Го пашува вториот исто. Тој одговара: -Вторник! Третиот се...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се