Базилика

Првобитно, во античка Грција тоа била градба  во која се вршела служба на архонтот базилеус. Таа е рана форма на христијански храм. Кај Римјаните  таа се подига на форумот (basilica forensis) и служи како пазариште и судница; basilica domus е хала во терми, царски палати и приватни куќи. 

Градбата била свртена кон исток, со лакови и апсиди украсени со мозаици. На извишениот дел под апсидата имало олтар со небо над него, а веднаш под него, често под нивото на подот, се наоѓал простор со мошти на светецот заштитник.

Епископот држел слкужба стоејќи во средишниот дел, на трон, а останатите свештеници биле распоредени полукружно, лево и десно од него.

Базиликата е поделена со столбови во три и повеќе бродови (навис), од кои средниот е повисок и поширок од останатите. Покриена е со рамен таван, а во царско време и надсводена. Средниот брод имал над столбовите низа на прозорци. На спротивната страна на влезот на повишено место се наоѓа трибуна (егзедра), каде што заседавал судот. Над страничните бродови биле галерии (емпори) за граѓанството.

По примерот на римската базилика, од 4. в. се градат христијански базилики, цркви кои подоцна добиваат и некои нови елементи. Христијанската базилика најчесто има три брода поделени со столбови (колони) и галерии над страничните бродови во кои имало место за жени. Напречниот брод (трансепт) се вметнува помеѓу апсидите и бродовите, па црквата добива план на латински крст. Апсидата е полукружна или четвртеста испакнатина во оската на средниот брод и од него изделена со лак (триумфален лак). Во апсидата се наоѓа олтар, а пред неа простор со ниска ограда за пејачи. Подоцна се подигнува над олтарот камен покров на столбови (цибориј, табернакул) и проповедница (амбон) во средниот брод со просторот за пеење. На влезот во базиликата започнува внатрешно предворје (нартекс), како простор за катекумени, а однадвор атриум.

Базиликата е најчесто покриена со рамен таван, редовно дрвен, кој е касетиран. Најстари се ранохристијанската базилика S. Paolo fuori le mura, Sta Maria Magfgiore и Sta Sabina во Рим, S. Apollinare in Classe во Равена и S. Ambrogio во Милано. Од 5. век покрај базиликите се подигаат камбани во различни форми.

Денес Папата Базилика ја нарекува посебно привилегирана црква. Постојат големи и мали базилики. Големи се црквата св. Петар во Рим, св. Јован Латерански (за папата), св.Павле (за патријархот александриски), св. Марија Мајка (за патријархот антиохиски). Во Рим постојат 11 помали базилики.

Нова насока добива развојот на црквата од базиликански тип во Франција и Германија, почнувајќи од каролиншкото доба. Главниот брод се продолжува преку трансептот, а со што настанува нов простор, хор, кој е повишен, а под него се наоѓа крипта. Околу 1.100 година наместо рамен таван се воведува надсводување, а романиката постепено ги трансформира базиликалните елементи.

 

Фото: извор

Повеќе во оваа категорија: « Сингапур Експлозија на јазикот »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Конфучиј

Подобро е да се сака вистината, одошто да се знае.

Виц блиц

Средство против вијагра

Влегува човек в аптека и прашува: - Имате ли некое средство против вијагра? Ни умре дедото па не можеме да го затвориме сандакот.

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се