Дали Нострадамус навистина ги предвидел Хитлеровиот подем, смртта на принцезата Дајана, терористичкиот напад врз Америка во септември 2001-та година? Или неговите стихови се толкувани по наоѓање на поединци кои веруваат дека иднината е можно да се предвиди? Дали Нострадамус навистина ги предвидел Хитлеровиот подем, смртта на принцезата Дајана, терористичкиот напад врз Америка во септември 2001-та година? Или неговите стихови се толкувани по наоѓање на поединци кои веруваат дека иднината е можно да се предвиди?

За најпознатиот пророк на светот

Пророк или продавач на магла?

Дали Нострадамус навистина ги предвидел Хитлеровиот подем, смртта на принцезата Дајана, терористичкиот напад врз Америка во септември 2001-та година? Или неговите стихови се толкувани по наоѓање на поединци кои веруваат дека иднината е можно да се предвиди?

Во јули 1559-та година францускиот крал Анри II учествувал на витешки турнир. Противничкото копје го пробило неговиот визир, го погодило во окото и својот смртоносен пат  го завршило во черепот. И покрај очајничкото настојување на неговикот лекар, Анри II по десет дена починал. Нема сомнение, тоа била сурова смрт. Најмногу изненадува што четири години пред да се случи трагедијата тој настан некој веќе го прорекол. Барем така тврдат хроничарите кои забележале дека Катарина де Медичи, сопруга на Анри II, знаела дека тоа пророштво го запишал Мишел де Нострадам, некогашен лекар од југот на Франција. Овој пророк набрзо се прочул во цела Европа под името кое и денес останало запаметено во латинскиот облик-Нострадамус.

Огнени катрени

Книгата на овој пророк содржела стотици катрени-стихови групирани по четири во целина. Сите стихови, напишани со загадочен и често неразбирлив стил, наводно навестувале судбоносни настани кои допрва ќе се одиграат. Триесет и петтиот катрен говорел за млад лав кој со еден замав ќе го уништи постариот лав и во  битка „ќе го пробие окото на златниот кавез со две рани наеднаш, чиј исход ѓе биде сурова смрт“. Се чинело како Нострадамус однапред детално да ја опишал смртта на кралот кој во витешки двобој го вкрстил копјето со Габриел Монтгомери, 29-годишен заповедник на неговата гарда. Кога слушнал што се случило, Нострадамус веднаш наредил да се запре печатењето на нетовите необјавени пророштва. Оставил во аманет да се објават дури по неговата смрт. Штом во 1566-та година Нострадамус ги склопил очите, се појавило целокупното издание на неговите стихови кои до денешни дни предизвикуваат недоумица и многу прашања на кои нема сосема јасни одговори.

Иако за време на животот Нострадамус тврдел дека во неговите катрени не постои подлабоко значење, објаснувајќи дека „со самото тоа што ќе се откријат, идните настани не мораат неминовно и да се сфатат“, неговите стихови и натаму се толкуваат, а луѓето во нив „откриваат“ настани кои уследиле неколку века  по смртта на пророкот: Хитлеровиот подем до власт, создавањето на атомска бомба, стапувањето на Месечината, смртта на принцезата Дајана, трагедијата на вселенското летало „Челинџер“ при полетувањето, дури и терористичкиот напад врз Америка на 11-ти септември 2001-ва година.

Повеќето научници нагласуваат дека иднината не е можно да се предвиди. Велат дека однапред може да се одреди некоја атмосферска појава, што метеоролозите и го прават со помош на сателит, или астрономски настан-кога, на пример, во близина на Земјата ќе прелета некоја комета. Меѓутоа, да се одредат идните настани не е можно оти се вклучени премногу непознаници.

Каде плови овој брод

Ако научниците со толку непоколебливост тврдат дека иднината не може да се предвиди, како е тогаш можно  однапред „да се знаело“ за бродоломот на „Титаник“ во април 1912-та година? Додуша, тоа предвидување не потекло од Нострадамус. „Титаник“, долг 270 метри, во тоа време бил најголем прекуокеански брод. Во водите на северниот Атлантик удри во санта мраз и потона. Патниците го загубија животот најмногу поради тоа што на бродот немало доволно чамци за спасување.

14 години пред да дојде до трагедијата, во Америка е објавена книга под наслов „Ништожност или бродоломот на Титан“. Во романот се зборува за најголем брод на светот кој во еден априлски ден, на својата прва пловидба, удрил во санта мраз во северниот дел на Атлантскиот океан. Пловечкото чудовиште, долго 240 метри, повлекло во „сината гробница“ голем број на патници кои немале можност да се спасат поради недостиг на чамци за спасување. Името на тој брод било „Титан“.

Иако за пророкувањето на трагедијата на „Титаник“ научниците даваат прифатливо објаснување, дали исто така би успеале  да разјаснат како Нострадамус можел да предвиди толку голем број на настани? Доколку овој француски лекар бил навистина видовит, може ли да се објасни неговата способност?

Она што се знае за Нострадамус би дало мошне малку одговори. Роден е во 1503-та година во француското село Сент Реми-д-Прованс, а медицина студирал на факултетите во Авињон и Монпелје. Во доцните 20-ти работел како патувачки лекар  и уште тогаш стекнал углед помагајќи им на луѓето заболени од чума. По враќањето од патувањето низ Италија, Нострадамус полека почнал да ја запоставува работата на лекар приклонувајќи се на видовитоста. Кога во 1550-та година го објавил „Алманах“, неговото дело веднаш го привлекло вниманието на астролозите и видовитите. 5 години подоцна ја објавил првата збирка на загадочни катрени под наслов „Пророштва“.

Од моментот кога ги објавил „Пророштва“, не се намалува интересот за овој видовит човек кого истовремено и го кудат и го фалат. Интересно е дека и луѓе кои речиси беспоговорно веруваат во видовитите способности на Нострадамус не делат исто мислење и на различни начини толкуваат исти стихови.

Може да биде и не мора

Основниот спор, како што тврдат поединци, е лошиот превод на оригиналот.

-Мора да се посвети внимание на секој збор- објаснува Марио Рединг, писател на книгата „Нострадамус: севкупни предвидувања на иднината“. -Преведувачите често, свесно или несвесно, забораваат дека Нострадамус пишувал на старофранцуски, а се знае дека постои голема разлика во значењето на зборовите помеѓу тогашниот и сегашниот јазик. И не само тоа. Нострадамус често користел сленг и кодиран француски.

Еден од примерите е катренот кој, како што го протолкувале поединци, го навестува Хитлеровиот подем. Во оригиналот се зборува за „ѕверови подивени од глад“ кои минуваат реки и започнуваат битка против „Хистер“ кој, „како дете на Германија“, од ништо не се плаши.

Многумина поклоници на Нострадамус овие стихови ги протолкувале како сосема јасно навестување на почетокот на Втората светска војна и војната против Хитлер, „детето на Германија“. Луѓето кои докажуваат колку погрешно се толкува францускиот пророк, истите овие стихови ги „читаат“ сосема поинаку. Имено, во времето кога Нострадамус живеел и пишувал, долниот тек на Дунав се означувал како- Хистер. Впрочем, додаваат натаму, Хитлер не бил дете на Германија, туку на Австрија.

Во „Пророштвата“ не се наведени временски одредници, така што цели катрени поединци сместуваат во периоди според свое наоѓање. Најдобар е примерот на веќе наведениот 35-ти катрен. Додека многумина подготвено рекле дека тој ја најавува смртта на Анри II, други велат дека всушност се зборува за смртта на францускиот генерал-мајор Луј де Монткалм, два века подоцна, во битката кај Квебек, кога француската војска останала без „златниот кафез и своите очи“.

Се верува дека Нострадамус намерно избегнувал да наведува датуми оти така се вардел од обвинувања и бес на инквизицијата. Сепак, како што тврди Марио Рединг, некои од пророштвата мошне јасно укажуваат на одредени настани. Еден од примерите е големиот пожар што се случил во Лондон. Нострадамус ја спомнува „годината 66“, „старата дама“ која наеднаш настрадала, „цркви кои исчезнуваат во пламен“. Според мислењето на Рединг, големиот пожар во Лондон во 1666-та година е едно од најјасните пророштва на Нострадамус.

Постојат и стихови кои го илустрираат лошото предвидување на Нострадамус. Еден од ретките во кој наведува точна година е: „L'an mil neuf cent nonante neuf sept mois“- јули 1999-та година. Пророкот вели дека во тој месец и таа година ќе дојде до пропаст на светот. Добро знаеме дека таа година е далеку зад нас, а светот и натаму, фала на прашање, е добро.

Титан и Титаник

Дали навистина постои поклопување на приказната на Морган Робертсон за трагедијата на бродот „Титан“ и вистинскиот настан- бродоломот на „Титаник“? Можеби и не, велат добрите познавачи. Еве зошто.

Доколку некој би одлучил да пишува за најголем брод на светот, сигурно би избрал препознатливо име- синоним за нешто исклучително големо. Што друго освен- Титаник? Но, како Робертсон речиси во метар ја погодил должината на „Титаник“? Во времето кога го пишува својот роман, најголемиот прекуокеански брод „Кајзер Вилхелм Велики“ бил долг 200 метри. Робертсон морал да додаде барем неколку десетици метри повеќе, нели?

Размислувајќи зошто доаѓа до бродолом, писателот сосема логично дошол до заклучок дека најверојатно бродот страда од удар во санта мраз. Зашто, 30 години пред да го напише „Ништожност“, еден брод со себе повлекол 500 патници претходно удирајќи во санта мраз.

Доколку на бродот има доволно чамци за спасување, постои можност сите патници да се спасат. Додавајќи драматичност на приказната, Робертсон навел дека на „Титан“ недостасуваат чамци, па со самото тоа и трагедијата била поголема.

Сите сме ние пророц

Повеќето научници не веруваат во моќта на предвидување на иднината. Некои парапсихолози упорно тврдат дека луѓето сепак можат да ја „видат“ утрешнината. Во еден оглед тоа донекаде го докажал Дин Радин, професор на Калифорнискиот институт. Ги мерел психолошките реакции на доброволци на слики кои им ги прикажувал на екран. Тоа главно биле вообичаени глетки, но компјутерот одвреме навреме би издвоил некоја потресна сцена. Интересно е дека мерењата што ги извршил  преку кожата покажувале дека кај повеќето испитаници нивото на електричен набој се намалувало неколку секунди пред да ја видат непријатната глетка. Како однапред да знаеле што ќе видат.


(Преземено и преведено од: http://www.politikin-zabavnik.co.yu/)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Луциј Анеј Сенека

Треба да се прави она што е пристојно, а не она што е допуштено.

Виц блиц

Старост и вијагра

Разговараат двајца старци, длабоко влезени во осмата деценија: -Слушна за вијагра? Можеме онаа работа да ја правиме и во нашиве години! Другиот: -Мене за љубовницата не ми треба вијагра, а за жената ми...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се