Во временските, динамичните уметности станува збор за помалку или повеќе рамномерно повторување на некои феномени во релативно пократки интервали што ги доживуваме непосредно, како и уметнички валентни отстапувања од строгата правилност на тоа повторување. Во временските, динамичните уметности станува збор за помалку или повеќе рамномерно повторување на некои феномени во релативно пократки интервали што ги доживуваме непосредно, како и уметнички валентни отстапувања од строгата правилност на тоа повторување.

Речник на книжевни термини: ритамот

( Есеј на Др Жарко Ружиќ):

Во временските, динамичните уметности станува збор за помалку или повеќе рамномерно повторување на некои феномени во релативно пократки интервали што ги доживуваме непосредно, како и уметнички валентни отстапувања од строгата правилност на тоа повторување.

Ова често се зема  како „потесна“ дефиниција на ритамот (во поезијата, музиката, играта), за разлика од „пошироката“ дефиниција која ги опфаќа и просторните уметности (ликовни и архитектура), дури и релјефите во неорганската природа (на пр. на кристалите, периодичните процеси во природата и вселената (смена на годишните времиња, деновите и ноќите, периодичните појави во врска со ѕвездите, месечината и сл.), промените во материјалното производство, комуникацијата, како и физиолошките процеси (дишењето, отчукувањето на срцето).

Одбраната на потесната дефиниција, како дефиниција во вистинската смисла на зборот, се заснова на следните причини: на просторните уметности, дури и кога за нивното поимање е потребен потрошок на време и измена на впечатоците, им  недостасува утврден редослед, сукцесивност на хронолошко перцепирање кој би предизвикал впечаток за ритмичко устројство.

Слично е со релјефите во неорганската природа. Периодичните процеси во природата и вселената не се доживуваат затоа што се случуваат во подолги интервали. Процесите на промените  во материјалното производство и комуникацијата се случуваат исто така надвор од нашето доживување. Физиолошките процеси течат автоматски и се надвор од забележувањето на свеста (дишењето е ритмично, но се обавува несвесно).

Пристапот на ритамот од гледиште на човековото доживување е оправдан со неговата генеза. Тој феномен се раѓа од првобитните движења, ритуалните гестови, работните и обредните песни, значи по пат на непосредно човеково доживување на ритмичноста, која „ја стилизира емоцијата“. Со време чувствувањето за ритам се пренело од пеењето, од една страна, на усменото говорно творештво во форма на баења, изреки, пословици и други пократки усмени творби, а од друга страна се трансформирало во лирската песна во ритамот на нејзиниот текст. Така настанал поетскиот ритам, како своевидно повторување на јазички сигнали кои непосредно ги доживуваме и ги очекуваме. Оттука ритамот на стихот често се дефинира и како „очекување“.

Јазичко- ритмичките сигнали се разновидни: квантитет, слогови, акценти, цезура, граници на зборот, акцентски целини; феномени- синтаксичко- интонациони структури на стихот (каденца, антикаденца, полукаденца, паузи); фактори- еуфонија, рима и други повторувања. Нивната улога е различна од јазик до јазик и од период до период.

Помеѓу оние што се најмалку испитани спаѓаат границите на зборот, односот на синтаксата и ритамот, како и синтаксичко- интонационата структура на стихот. Нивната улога во стихот е мошне сложена. Стихот претставува не само ритмичко, туку и синтаксичко и интонационо, како и семантичко единство. Па сепак, неговото ритмичко единство е примарно. Нему му се прилагодува синтаксата, интонацијата и семантиката. О. Брик утврдил мошне тесна, често системска врска помеѓу ритамот и синтаксата. Таа врска се манифестира во форма на „ритмичко- синтаксичка фигура“. Дека приматот му припаѓа на ритамот, тоа особено се прикажува при опчекорувањето на стихот, кога се чува неговата метричко- ритмичка структура на јамбскиот единаесетерец, кога е расчленета, „деформирана“ во Тињановата и Ејхенцова песна „Ти“:

            “Немо и пусто...Низ скршени окна
            Ветрови вијат со прашина, додека на:
            Прагови гнили се витка трње“.

За на крајот од вториот стих  да се одржи ритмичката структура на јамбскиот единаестерец, расчленета е, „деформирана“ (Тињанов и Ејхенбаум) синтаксичко- интонационата и семантичката структура. Ритамот бара и во изговорот, со дискретна пауза, да се регистрира интонациониот сигнал на крајот од тој стих, инаку ќе ја повредиме ритмичноста и ќе го деформираме созвучјето (окна- додека на). Тн. „глумечко читање“ обично ќе ги следи смислата и синтаксата , т.е. со нив ќе „опчекори“ во следниот стих. Меѓутоа, тоа е област на дикцијата, рецитацијата или декламацијата.

Поетскиот ритам  н е е автоматско повторување на ритмички сигнали. Тие можат да изостанат или да се јават на неочекувано место. Во обата случаја настанува  уметнички валентно- измамено очекување. Некои сигнали се примарни, а некои секундарни. И едните и другите учествуваат во организирањето на ритамот на стихот, со тоа што првите ја чинат базата за неговата метричко- ритмичка структура. Во врска со нивната јазичка функција се конституира метарот, како регулирање на стихот според одредени шеми во одделни системи- версификација (квантитативна, силабичка, силабичко- тонска и тонска версификација).

Функцијата на одделни јазички сигнали често предизвикува спорови. Се случува стихот во прв план да исфрли некој од секундарните сигнали, кој тогаш ја презема функцијата на основен организатор на ритамот. Во секој од системите на версификацијата  помеѓу ритамот и метарот се воспоставува  некој однос, кој исто така е предмет на недоразбирање и расправање во версификацијата и во теоријата на стихот. Забележано е дека  во метричката шема  се остваруваат метрички константи, како задолжителни феномени на одредени места на стихот, метрички доминанти како незадолжителни, но доминантни појави, и ритмиички тенденции  како стремеж некои сигнали да се појават или да изостанат. Тоа значи дека метричката шема е „општ план на стихот“ или „општоритмичка задача“ која само во некои случаи се исполнува стопроцентно.

Во однос на метарот ритамот е активен феномен, па често се зборува за негово спротивставување на метарот. Сепак, според сликовитата и духовита Јакобсонова опсервација, ритамот „не е опозиција на неговото величество метарот, туку опозиција на неговото величество“. Во генеративната метрика метарот одговара на „длабинската структура“, а ритамот на „површинската реализација“.

Помеѓу поимите метар и ритам стои поимот ритмички импулс на Томашевски, како „општ впечаток“ за ритмичкиот тек на стихот, кој се стекнува врз основа на перцепирање  на низа од стихови на некоја песна. Во терминологијата на Тарановски на тоа му одговара поимот „варијанти’ во рамките на „ритмичките тенденции“, кои се разликуваат од поет до поет и од период до период. Во врска со тоа се конституира и „ритмиката“ како дисциплина која се занимава со него, за разлика од „метриката“ која ги опишува видовите на метарот, размерите и строфиката.

Во областа на ритмиката спаѓаат  и варијантите на границите на зборот. Така на пример, во Дисовите трохеи со истоветен распоред на акцентите (на пример 1, 3, 5 и 9 слог):

 
            „Тука/ биле// загинати/ зраци:
            Сета/ вселена// ја притисна/ нирвана“,
 

различно се распоредени границите на зборот пред 3, 5 и 9 слог во првиот, а пред 2, 5 и 8 во вториот стих, па оттука и поинаквото ритмичко звучење. Во метричките истражувања ритамот на акцентите е испитуван значително повеќе од ритамот на границите на зборот. Во најново време и едното и другото се испитуваат со помош на сложените пресметки на веројатноста. Меѓутоа, проблем е што резултатите добиени со статистичко испитување итражувачите различно ги толкуваат. На формализацијата на проучувањето на ритамот и се префрлува  дека ги претпоставува формалните, надворешни одредувања на ритамот со непосредно чувствување на тој феномен, како и дека ги запоставува естетската и емоционално- изразната структура на стихот, со која, наводно, можат да се објаснуваат  ефектите на доживувањето на ритамот. На тоа се одговара дека дури врз основа на статистички показатели можат да се објаснат впечатоците за стихот, а судовите за содржајноста и изразноста на стихот е можно да се изведуваат  врз основа на посебно истражување по пат на други методи.

Неопходно е резултатите од статистичките испитувања на ритамот да се поврзат со резултатите од статистичкото испитување на стихот, кое заостанува. Затоа на проблемот на утврдување на односот помеѓу ритамот и смислата на стихот му се приоѓа различно. Врз основа на статистички податоци се истражуваат причините поради кои поетите се определуваат за вакви или онакви ритмички варијанти и ги објаснуваат аоцијациите кои тие ги предизвикуваат, смислата на композиционите сменувања на разни размери во исто поетско дело, па и сменувањето на низа (по неколку)  од последователни стихови на еден размер со низа на стихови од друг размр. Истражувањата покажуваат дека смената на размерот обично оди со промената во развивањето на темата или во доживувањето.

За поврзувањето на  видовите на ритамот со одредена тема постојат интересни истажувања. Иако иста тема може да се изрази во различни ритми, се покажува дека одделни теми „се врзуваат“ за одредени ритми.

На односот помеѓу ритамот и смислата му се пристапува и психоаналитички. Според едни автори ритамот е „семантизиран“, за разлика од метарот, кој е „без смисла“ (Х.Месконик). Со ритамот, истакнуваат, е поврзано задоволството на субјектот, што го потврдуваат и неговите ритуални и магиски корени.

Во ритмологијата спорно е прашањето за ритамот на прозата. Несомнено тој се манифестира во ритмичката проза, која се јавува веќе во антиката, и тоа врз база на распоредот на долги и кратки слогови („метрички“ тип) при крајот на периодот и колоната (клаузулата). Од жанрот зависела формата на ритмичката организација. Во средниот век распоредот на долгите и кратките слогови е заменет со  распоредот на акцентираните и неакцентираните слогови („ритмички“ тип, со три облици на „курсус“).

Форми на ритмичката проза  по угледот на античката и средновековната се наоѓаат и во 19-от век. Структурата на старата српска (црковна) поезија, која е пишувана како проза, не е испитана, но се смета дека нејзиниот текст е ритмизиран. Во светската литература се јавува, навистина ретко, и ритмичка проза која речиси во целина потсетува на организацијата на стихот, на пример кај Шатобријан и А. Бел. Меѓутоа, ниту таквите структури не се доживуваат како стихови, и тоа не само поради нивната невоедначеност, туку во прв ред поради непостоење на графичко сечење на стиховите.

Забележани се форми на ритам и во останатата уметничка проза. Во поетскиот роман „Корени“ на Д. Ќосиќ наоѓаме не само неколку регулирани форми  на синтаксичко- ритмичко расчленување, туку и помалку или повеќе скриени „стихови“, на пример епски десетерец со изразито стилска функција.

Особено е спорно прашањето на ритамот во врска со „малата песна во проза“ (лирска проза). Занесувајќи се со Бертрановиот „Ноќен господар“, Бодлер присакувал „музикална поетска проза без ритам и рима“, и таква остварил во „Париски сплин“. Во лирската проза на Тургењев едни нашле „ритмика“ , други тоа го нарекле „натегање“.

Најмалку елементи на ритмичка организација се воочени во неуметничката проза со графичко сечење, кое е условено со навистина поподложна произволност и променливост, повеќе отколку во уметничката проза.

Ритамот на слободниот стих често го споредуваат со ритамот на поетската проза. Меѓутоа, тој стих се разликува од секоја проза со графичко сечење, кое е условено со поетовото расчленување на текстот. Тоа значи дека во слободниот стих поетот не го чувствува текстот како проза, туку како стих, па според тоа и како посебна структура.

 

Извор: фото

Повеќе во оваа категорија: « Вантрешниот монолог* За стихот »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Џорџ Сантајана

Ако амбицијата и вредноста чекорат покрај вас, ќе станете некој.

Виц блиц

Не сфаќа

Влегува Симо дома и ја затекнува Симејца со Цветко в кревет. Симо:-Што правите вие?! А Симејца му вели на Цветко:-Ете, нели ти реков дека нема да сфати...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се