За стихот

Тој е единица на поетскиот говор сложена според одредени ритмички принципи. Врзаниот стих, за разлика од слободниот, кој се заснова на послободен внатрешен ритам, се обликува според одредени правила. Ритмичките сигнали обично се повторуваат во правилни растојанија, но понекогаш можат и да изостанат. Тоа изостанување (момент на измамено очекување) внесува живост, свежина и разновидност во стихот.

Постојат три основни версификациски состави: квантитативен или метрички, силабички и квалитативен или тонски. Метричкиот состав, каков што беше кај Грците и Римјаните, се темели на должината на слоговите.

Најмалите ритмички единици во стихот, стапките, се сложени од долги и кратки слогови. Стиховите се сложуваат од одреден број на исти или различни стапки. Така на пример, хексаметарот е сложен од шест стапки, од кои првите четири можат да бидат дактили или спондеи (еден долг слог одговара на два кратки), петтата е задолжително дактил, а шестата спондеј или трохеј.

Силабичката версификација го темели ритамот на еднаква сложност на стиховите и цезурата, која се наоѓа на одредено место и го дели стихот во два полустиха. Во квалитативниот или тонскиот стих ритамот се темели на изменување на нагласени и ненагласени слогови. Акцентот е основниот ориентир на ритамот, тој ја создава ритмички инерцијата на стихот. Во чистотонскиот стих е одреден бројот на нагласените слогови, додека бројот на ненагласените е слободен, но е многу почест силабичко-тонскиот стих. Во тонскиот и силабичко-тонскиот ориентири на ритамот можат да бидат и римите.

Во многу форми стиховите се врзуваат во строфи, но се еднакво чести и стихичките форми (без строфи).

Цезурата (латински caesura: засек) го дели стихот на два полустиха.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилјам Хазлит

Единствен грев што не може да се прости е лицемерието, а каењето на лицемерот е само по себе лицемерие.

Виц блиц

На нудистичка плажа

Буле со родителите првпат е на нудистичка плажа. По 30 минути играње в песок доаѓа кај татко му и го прашува: -Тато, зошто некои чичковци ја имаат онаа работа поголема, а...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се