„Сезам“ најчесто се врзува за една волшебна формула -"Сезаме, отвори се!", од приказната за разбојникот Али Баба и неговите 40-мина разбојници. Ја изговарал само тој за да се отвори таинствената пештера во која разбојниците го криеле своето украдено богатство. „Сезам“ најчесто се врзува за една волшебна формула -"Сезаме, отвори се!", од приказната за разбојникот Али Баба и неговите 40-мина разбојници. Ја изговарал само тој за да се отвори таинствената пештера во која разбојниците го криеле своето украдено богатство.

Што е Сезам ?

„Сезам“ најчесто се врзува за една волшебна формула -"Сезаме, отвори се!", од приказната за разбојникот Али Баба и неговите 40-мина разбојници. Ја изговарал само тој за да се отвори таинствената пештера во која разбојниците го криеле своето украдено богатство.

Што е Сезам?

"Сезаме, отвори се!" е повик упатен кон богатството затворено во пештера, било да е тоа пештера на хранлива и плодна семенка или ковчег со материјално богатство, било да е тоа пештера -прибежиште на духовната објава или лавиринт на несвесното.

Не се знае од каде потекнува формулата „Сезаме, отвори се“, но останува како симбол кој е поврзан несомнено со плодноста бидејќи семето, кога ќе се раствори, го дава сето богатство на земјата.

Се смета дека неговото семе овозможува апстиненција од житарици и постигнување на долговечност. Лао Ци и Хин Кси се хранеле со зрна на сезам кога тргнале кон земјите на Западот, според Кунлун, средиштето на светот.

Уште едно толкување- од психолошка гледна точка: таа не е без значење при соочувањето  со затворени врати што суштествата ги претставуваат едно по друго. Доволен е само еден волшебен збор, па да се отворат  не само срцата, туку и тајните на патувањето на несвесното.

Постои семе „сезам", едно традиционално кинеско средство за јакнење. Всушност, сезам е род на мошне стари културни растенија од семејството Pedaliaceae кое, поради семенките, се одгледува во Индија, Кина, Јапонија, во подрачјето на Средоземјето, Африка и други тропски и суптропски земји.

Ситните семенки содржат околу 50% растително масло кое од нив се добива со пресување. Сезамовото масло служи во многу земји како масло за јадење, а и како суровина за производство на маргарин и сапун. Брашното од сезамови семенки  и цели семенки се употребуваат на Исток за приредување на различни видови на слатки (на пример таан-алва). Најголеми производители  се Индија- околу 450. 000 тони годишно , Кина- околу 361.000 тони, Судан- околу 220.000 тони, Мијанмар- околу 139.000 тони и Мексико- околу 127.000 тони годишно.

Повеќе во оваа категорија: « Прашања - одговори

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Џорџ Сантајана

Ако амбицијата и вредноста чекорат покрај вас, ќе станете некој.

Виц блиц

Старост и вијагра

Разговараат двајца старци, длабоко влезени во осмата деценија: -Слушна за вијагра? Можеме онаа работа да ја правиме и во нашиве години! Другиот: -Мене за љубовницата не ми треба вијагра, а за жената ми...

Кутија за пребарување

Живот

« November 2017 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      

Спортсмен

Најава или Регистрирај се