За замрзнувањето

Најнапред, станува збор за процес со кој на некое тело температурата  се спушта пониско  од заледувањето. Во поширока смисла, значи секое позначајно снижување на температурата на телото (ладење).

Прехранбените производи се изложуваат на замрзнување за да се конзервираат (месо, овошје, зеленчук). Замрзнувањето се врши во фрижидери и ладилници на температура под -4 степени Целзиусови.

Со него се постигнува бактериостатско дејствување, т.е. бацилите (па и оние што предизвикуваат гниење на храната) се запираат во својот раст и множење. Пред употребата храната се одмрзнува (обично со ставање во вода со нормална температура). Повеќекратното одмрзнување со повторно замрзнување може да доведе до нагло расипување на храната, особено на месото, со што можат да се предизвикаат алиментарни токсикоинфекции.

И крвта за трансуфзија се конзервира со ниски температури.

Кај човекот, замрзнувањето е состојба предизвикана со изложување на телото на јако студенило. Тоа настанува кога телесната температура ќе се спушти пониско од 25 степени Целзиусови. Замрзнатото лице чувствува умор, неодолива потреба од сон (особено опасна во снежни виулици). Потоа настануваат пречки во дишењето  и циркулацијата на крвта, кома и смрт.

Основната задача на првата помош и лечење кај замрзнувањето е воспоставување на дишење, циркулација  и нормална температура на телото. Организмот треба да се затоплува со топли напитоци, покривач, термофор, топло капење. Со вештачко дишење често е потребна антишок- терапија. Оштетувања на ткива, особено на лицето, ушите, рацете, нозете итн., настанати под влијание на ниски температури, се нарекуваат смрзнатици.

Во поновата медицина се спроведува замрзнување на човечкиот организам  за да се намалат и забават определени функции на организмот, како што тоа природно се случува во змискиот сон кај некои животни (хибернација). Тоа се постигнува со постепено ладење на телото до 29 степени Целзиусови, со влажни облоги или некои лекови, а се применува во лечење на некои болести и кај анестезијата.

А што се случува со замрзнувањето на човекот за одмрзнување во далечната иднина?
Илјадници луѓе по смртта веќе ги имаат подложено своите тела на замрзнување во течен азот, во надеж дека кога ќе биде откриен лек ќе бидат одмрзнати и излечени. Клучната улога во тоа ќе имаат нанороботите кои ќе го „поправаат“ телото на ќелиско ниво, пред научниците да го одмрзнат. 

Имено, криогензацијата (замрзнување на тело во течен азот на минус 196 степени Целзиусови) најнапред се појави во филмовите на научна фантастика. Алкор фондацијата за продолжување на животот, непрофитна организација што се наоѓа во Скотсдејл, Аризона, е најголема компанија која се занимава со замрзнување и „чување“ на тела, а е основана во 1972-ра година. Наплатува 150.000 долари за цело тело и 80.000 за замрзнување и чување на главата, што на клиентите обично им се наплатува од полисата на животното осигурување.

Ралф Меркл, експерт за нанотехнологија и директор на Алкор, верува дека најважен чекор во овој процес е развојот на нанороботи. Тие би го поправале или заменувале оштетеното или изумреното ткиво, како и се она што е оштетено со самото замрзнување. Процесот на „оживување“ во идеален случај би ја обновил и физиологијата на умрениот до она ниво на кое била, не само поправајќи ја штетата што ја направила болеста или несреќниот случај, туку и би овозможил „враќање“ на попаметни и поздрави отколку што бил кога било.

„Зборуваме за фундаментално помоќна медицинска технологија од најнапредната што ја имаме денес. Нејзина задача ќе биде да ја продолжи еволуцијата на концептот на живот и смрт, а луѓето ќе можат да поднесат уште поголеми оштетувања на организмот од сега и пак во целост да се опорават“, вели Меркл, кој има два доктората, на Беркли и Стенфорд.

Пред телото да се олади на минус 196 степени Целзиусови (температура на која течниот азот се претвора во гас), крвта на лицето се заменува со специјален крио раствор кој не замрзнува на толку ниски температури. Технички, телото и таа течност не се замрзнати, туку се претвораат во стаклеста супстанција која во себе нема ледени кристали кои можат да го оштетат организмот.

Првиот чекор во идниот процес на регенерација ќе биде отстранување на таа течност, потоа овозможување на лекарите циркулацијата на телото да ја искористат како серија на тунели низ кои би можеле да испраќаат нанороботи, наноматеријали, како и специјална ултрабрза оптичка мрежа на влакна која потоа ќе ја поврзат со компјутер кој се наоѓа надвор.

„Потребната енергија за да се „рестартира“ мозокот, според нашите пресметки, ќе биде еднаква на силата и брзината на 100 милиони моментно најбрзи компјутери на светот кои би работеле непрекинато три години. А со моментниот напредок на компјутерската технологија, таа сила на компјутери ќе ја имаме за 26 години. Дајте им уште 10-тина и цената на тие компјутери ќе падне од 100 милиони на 100.000 долари“, додава тој.

Во согласност со Муровиот закон (силата на компјутерот двојно се зголемува приближно на секои 18-24 месеци), некаде околу 2050-тата година ќе ни бидат достапни компјутери доволно јаки да оживеат човечки организам, дури и ако Муровиот закон забави, смета Меркл.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилјам Хазлит

Единствен грев што не може да се прости е лицемерието, а каењето на лицемерот е само по себе лицемерие.

Виц блиц

Ева и Бог Еден ден во Рајската градина

Ева го довикува Бога: -Боже, имам проблем! -Во што е проблемот, Ева?- и се јавува Бог. -Боже, знам дека Ти ме создаде и ми ги даде оваа прекрасна градина, овие прекрасни...

Кутија за пребарување

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се