Кратки прашања-кратки одговори: од потстрижувањето до лок-аут

Да, секое прашање може да биде долго или кратко. Тоа не зависи од одговорот што се бара, туку од времето со кое се располага и за сознавање и за дознавање. А и умешноста и расположението се несомнено важни кога се прашува за нешто.

Краткото прашање не содржи долго, ниту го претпоставува- дека следува по него. Одговорот, пак, зависи од одговарачот- која му е целта со него, дали и колку знае да одговара.

Краткиот одговор е најнапред поттик на љубопитноста, на самоодговарањето, на истражувањето и промислувањето.

Прашања и одговори за се и сешто и за секого по нешто:

Кога мажите почнале да се потстрижуваат?

-Обичајот жените да имаат долга, а мажите кратка коса е од прилично скорешен датум.

Во средниот век мажите носеле долга коса, ја негувале, правеле кадрици и ја украсувале  со ленти. Во времето на ренесансата носеле перики и лажни додатоци за косата да им изгледа подолга.

Англискиот крал Хенри VIII прв ја вовел модата на кратка коса за мажите. Наредил сите мажи да се потстрижат, но им дозволил да пуштаат брада и да прават кадрици на мустаците. Меѓутоа, кога на престолот дошол Џејмс I мажите повторно се вратиле на модата на долга коса.

Францускиот крал Луј XIV имал 40 лични перикари. Француските господа на тоа време се натпреварувале во носење на што подолги перики со што повеќе „локни“.

Луѓето подоцна се поделиле во два табора: на оние кои повеќе сакаат кратка брада и долга коса и на приврзаници на долга брада и кратка коса. Вкусот постојано се менувал се до 19-от век, од кога мажите се стрижат кратко.

Зошто зајакот има големи уши?

-Иако на многумина можеби им се чини дека е ова сосема детско прашање, него често го поставуваат и возрасните, па научниците дале одговор и на него.

На зајакот му се потребни големи уши за правилно да ја регулира температурата на телото. Кога надворешната температура е мошне ниска, 20 и повеќе степени Целзиусови под нулата, зајакот го прекрива со своите големи уши горниот дел од телото, така намалувајќи ја површината изложена на ниската температура и одржувајќи ја потребната телесна температура. Кога, пак,  надворешната температура е мошне висока, зајакот ги подига ушите што подалеку од телото, со што ја испушта излишната топлина апсорбирана во телото.

Големите уши кај зајакот му овозможиле на овој вид на цицачи да живее во крајно различни географски и климатски услови и подрачја.

Кои биле лимерите?

-Американските самоуки портретисти од 17-от и 18-от век се нарекувани лимери, веројатно според илуминирањето, т.е. исликувањето на стари ракописи и длаборези.

Со своите слики лимерите ги украсувале домовите, сопствените и на своите сродници и пријатели, за ликот на најблиските да се сочува за иднината. Тие сакале со слика да ги „запишат“ значајните збиднувања што се случиле во нивното време.

Кога Јапонија за првпат стапила во врска со Запад?

-Во средината на 16-от век Јапонија за првпат стапува во врска со Западниот свет.

Европските мисионери превеле многумина Јапонци во христијанството, особено во јужниот дел на Јапонија. Плашејќи се од политичко влијание преку верска индоктринација, шогунатот Токугава го забранил христијанството, затворајќи им ја јапонската врата на сите странци, освен на мал број на холандски и кинески трговци на кои им било дозволено да дојдат на малиот остров кај Нагасаки. За речиси два ипол века ова бил единствениот прозорец на Јапонија кон надворешниот свет.

Од крајот на 18-от век Јапоноија била под се поголем притисок да ги отвори своите пристаништа за странска трговија, се додека шогунатот Токугава не почнал да покажува знаци на опаѓање на својата моќ.

Конечно, во 1853-та година комодорот Пери од САД дошол во Јапонија со мала флота од „црни бродови“ што ги испратил американскиот претседател да воспостави односи со Јапонија. 

Како се вика штрајкот што работодавачите го организираат против работниците?

-Лок-аут. Наспроти класичниот штрајк, како прекин на работата за постигнување на подобри животни и работни услови на работниците и службениците, се случува и работодавачите да организираат свој „штрајк“, тн. лок-аут, за да ја сузбијат спонтаната или организираната штрајкувачка акција и да ги принудат работниците да ги повлечат своите барања. Тие тогаш затвораат некои или сите свои погони, и масовни ги отпуштаат работниците во намера да ги принудат да го прекинат штрајкот, од што понекогаш имаат штета и работниците и работодавачите. Ако лок-аутот успее, работодавачите одат натаму и им наметнуваат на работнциите уште потешки услови за работа, отколку што ги имале пред штрајкот. Ако штрајкот успее, а лок-аутот не, работодавачите се принудени на работниците да им ги подобрат работните услови и да им ги зголемат надниците, односно да одговорат на работничките барања.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Џорџ Бернард Шо

Разумните луѓе себе си му се прилагодуваат на светот; неразумните се упорни во обидот светот да го прилагодат на себе си. Оттука сиот напредок зависи од неразумни луѓе.

Виц блиц

Снаа и свекрва

Имала жена син и тој се оженил. Првото утро свекрвата седнува и пие кафе, па и вели на снаата: -Знаеш што, снао, морам да ти кажам... Снаата: Добро, само ти кажи ми. -Знаеш,...

Кутија за пребарување

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се