Династијата Минг владеела со Кина од 1368. до 1644. година и е последна со владетели Хан Кинези Династијата Минг владеела со Кина од 1368. до 1644. година и е последна со владетели Хан Кинези

Прашања - одговори

За: кинеските династии Минг и Ќинг; првото оперско ремек-дело; првиот неофицијален светски првак и првиот меѓународен шаховски турнир.

Според што Кинезите во својата долга историја најмногу го бележат владеењето на династиите Минг и Ќинг?

Според големиот процут на кинеската наука и култура и како последна царска династија.

Династијата Минг владеела со Кина од 1368. до 1644. година и е последна со владетели Хан Кинези. Кина ја направила голема воена сила, а се смета дека на почетокот од 15. век таа била најцивилизирана, најбогата, најпросветена и најнапредна држава на светот.

Прочуениот фармацевт Ли Чицен (1518-1593) го напишал делото „Materia Medica", во кое попишал повеќе од 1.800 видови на билки и повеќе од 11.000 рецепти. Оваа книга е преведена на англиски, француски, германски, јапонски, латински и кореански јазик.

Научникот Синг Јингксин (1587-1660) ги сумирал кинеските искуства во земјоделството и индустријата во книгата „Експлоатација на природата" и го опишал степенот на развиеност на технологијата во тоа време.

Во исто време, географот Ксу Хонгцу патувал низ Кина и ги испитувал планините и реките.

Помеѓу најнапредните мислители во периодот на Минг бил Ли Ци (1527-1602), кој феудалниот морал го подложил на критика и и се спротивставил на дискриминацијата на жените.

Во кинеската литература на тоа време се појавиле повеќе забележителни романи, меѓу кои „Роман за три кралства" и „Пат на запад". Пу Сонглинг напишал збирка кратки раскази, а Ву Јингци сатира позната под наслов „Ученици". Меѓу драмите од тој период позначајно место заземаат „Пеонија павилјон" и „Праскин цвет".

Во 19. и 20. век под силен впечаток на странските освојувања, колонизацијата и безбројните понижувања, Кинезите понекогаш династијата Минг ја идеализирале како златно доба на својата историја.

Династијата Ќинг се нарекува и Манџурска династија и е последна кинеска царска династија. Во 1644. година во Кина избувнал бунт што го искористила манџурската војска на чело со принцот Доргон и го пробила Кинескиот ѕид, го освоила Пекинг и по 18 години воспоставила власт над цела Кина.

Во 19. век авторитетот на царската власт е сериозно разнишан со срамните порази во Опиумските војни, а крвавото Тајпиншко востание однело повеќе животи отколку во Првата светска војна. Династијата Ќинг успеала да се одржи, но под владеењето на Ц'-сји Хи го доживува најсрамниот пораз- со Јапонија (1894-95).

Народното незадоволство доживеало кулминација во Боксерското востание во 1900. Во 1911. серија на бунтови против династијата довела до нејзино симнување од престолот, а наредната година (1912.) Кина е прогласена за република. Пу Ји, последниот цар на манџурската династија, владеел од 1931. до 1945. година како цар на државата Манџуко, под јапонска заштита;

Кое музичко дело е прифатено како прво оперско ремек-дело?

Негов автор е композиторот Клаудио Монтеверди (1567-1643). Значајно е што тој бил голем мајстор на мадригалот (напишал повеќе од 250), го обединил рецитативот со стилот на мадригалот, на тој начин создавајќи основа за аријата или низа од песни кои го прекинувале рецитативот. Го вовел и малиот оркестар. Пеената мелодија ја дополнувал со брза низа од тонови и други музички средства за да ја зголеми изразноста на оваа музичка форма.

Операта „Орфеј" на Монтеверди (1607) е прифатена како прво оперско ремек-дело со позната партитура. (Настанало 10 години по првата позната опера, за жал изгубена- „Дафне" на Јакоп Пери од 1597.) Поради тоа тој се нарекува „татко на операта". Неговата прва опера ја покажала способноста на композиторот успешно да ги поврзе вокалните и инструменталните традиции на своето време во нов рецитатив. Монтеверди се смета за револуционерна личност зашто на операта како жанр и го додал драмското, односно дури по него таа станува „dramma per musica".

Меѓу другото, за „Орфеј" е карактеристично оти претставува премин или пресвртница помеѓу ренесансната и барокната поетика, во музичка и тематско- семантичка смисла.

До 1637. година операта била прифатена во Фиренца, а во Венеција била отворена првата комерцијална оперска куќа.

Клаудио Монтеверди како свештеник напишал и многу црковни музички дела, вклучувајќи ги и прочуените „Вечерни";

Кој шахист се смета за прв неофицијален светски првак и кога се одржал првиот меѓународен шаховски турнир?

Тоа е професорот по математика и германски јазик Адолф Андерсен (1818-1878.) Роден е во Бреслау (сега Вроцлав во Полска), каде што го минал целиот свој живот.

Андерсен долго бил шампион на Германија во шах. Одиграл голем број мечеви и учествувал на шаховски турнири. Го освоил првото место на 9, 3 пати бил втор, 11 мечеви добил,повеќе од 30 играл реми и само 5 пати изгубил.

Победил на првиот меѓународен шаховски турнир во Лондон, во далечната 1851. (в. подолу), но во светот на шахот останал запаметен според една мошне прочуена партија. Ја одиграл во текот на овој турнир како слободна, со Кизерицки, и во брилјантен стил ја добил во 23-от потег.

Во шаховската јавност Андерсен првин се појавил како композитор на шаховски проблеми. Во 1842. објавил и книга под наслов „Задачи за шахисти". Бил уредник на „Германски шаховски весник" и на „Нов берлински шаховски весник".

Првиот официјален светски првак во шах, Штајниц, рекол за Андерсен:

„Тој е најголемиот мајстор на сите времиња, а неговиот блескав стил, убавината на комбинациите и длабочината на мислите се извонредни".

Значајни имиња: Лудвиг Ердман Бледов и Хауард Стаунтон

Во средината на 19. век се јавила идеја за одржување на меѓународни шаховски турнири. Дотогаш шахистите се натпреварувале само во мечеви.

Германскиот шаховски работник Лудвиг Ердман Бледов (1795-1846.), организатор на првите дописни мечеви, го проектирал одржувањето на првиот меѓународен шаховским турнир во Трир, во 1843., но таа идеја не се остварила. Нешто подоцна, на 8. февруари 1851., познатиот англиски шахист, теоретичар и писател Хауард Стаунтон (1810-1874.) испратил писмо и им упатил порака на тогаш познатите шахисти повикуваќи ги на турнир кој требало да се игра истата година во Лондон.

Од планираните 32-ца шахисти, за турнирот се пријавиле сенасе 16-мина, кои одиграле 4 серии на мечеви, од кои првите 3 биле елиминациони (нокаут- систем).

Интересен е податокот дека средствата за одигрување на турнирот се собрани по пат на претплата, а секој учесник морал да уплати 5 фунти стерлинзи во тој фонд.

Партиите се играле 8 часа дневно, без прекин, но играчите секогаш по сопствена желба играле и подолго. 

Повеќе во оваа категорија: « Секојдневјето Што е Сезам ? »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Џавахарлал Нехру

Колку повеќе стареам, толку повеќе ги просудувам луѓето според нивниот карактер, а не според нивните погледи.

Виц блиц

Старост и вијагра

Разговараат двајца старци, длабоко влезени во осмата деценија: -Слушна за вијагра? Можеме онаа работа да ја правиме и во нашиве години! Другиот: -Мене за љубовницата не ми треба вијагра, а за жената ми...

Кутија за пребарување

Живот

« November 2017 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      

Спортсмен

Најава или Регистрирај се