Депресија- Импресија

Што е што?

Депресијата е присутна и различна во неколку области (медицината, геологијата, метеорологијата, трговијата, физиологијата, астрономијата), а мене овојпат ме интересира само психолошката: потиснатост (столченост), потиштеност, папсаност на психичката енергија; пред се чувствителност, особено во заедница со извесни афекти (грижа итн.) и меланхолија.

Импресијата е попозната, а најпозната е како впечаток, дејство кое една ствар односно предмет (на пр. прочитана книга, видена слика, сослушано музичко дело итн.) го има на некого.

Во каква корелативна или причинско- последична врска се овие две состојби во нашево време, кај нас, помеѓу нас? Во голема!

Депресија (значи, како психолошка состојба) ни ја предизвикува сеопштото сивило, разочараноста на оние околу нас, поразителноста на мнозина- лична и колективна, од се она што ни е направено и ни се прави. Се разбира, пред се политичарите кои, за жал и трагедија (токму така), ги оставивме и ги оставаме да ни ја кројат судбината, да ни го диктираат секојдневјето. И не е проблем дека се тоа политичари, оти помеѓу нив има исклучоци, луѓе кои ја научиле, ја знаат и делотворно ја практикуваат нејзината вредност. Проблем е дека се тоа, во најголем број, политиканти или, уште полошо, полит- бизнис олигарси и манипуланти.

Особено ни расте депресијата кога ќе помислиме на она што ни се случува во период на избори (од кој било вид). Не толку на агресивната медиумска кампања, колку на лагите и ветувањата со кои не бомбардираат оние што ги знаеме одамна.

Што се однесува на мене лично, обично сум особено депресивен кога оние што се на позиција (оние во опозиција тешко можат, освен во рамките на локалната самоуправа- таму кај што ја водат) почнуваат „соц- реалистички“ или „комунистички“ да сечат црвени ленти во рамките на свеченото почнување на „новиот инвестициски циклус“, на „препородот“ и „тркот“ кон ЕУ и НАТО. Обично тогаш најмногу ме јаде некоја јанѕа, трнки ми лазат по целото тело, а кога ме лазат значи дека баш така ќе да ја биде. И се повеќе слушам „Другарки и другари“, а се помалку „Дами и Господа“.

Општа депресија? Да, ама сепак не толку од политиката и политичарите, колку од променливово време. Вакво често и брзо променливо време одамна не се памети: и дожд и сонце, и ветришта, луњи и ведро небо, се во неколку чаа на ред. (Дозволувам ова да го сфатите и прифатите крајно симболично односно метафорично.) Просто неиздржливо, речиси несфатливо.

Знам , редовно се информирам и ме информираат дека ова што ни го прави природата е нејзина казна и одмазда за нашата нечовечност и несовесност, за човековата агресија врз нејзината „клима и лира“. Ама со депресивнава состојба...

А импресијата? Дали сте и од што импресионирани? Има од нешто? Имало, секогаш има и ќе има. Само треба да се знае да се види, да се најде, да се открие. Дело, творештво, заедничкото за секое, секакво дејание: позитивната енегерија.


Како можеме да бидеме позитивни и енергични?

Само вака и никако поинаку: да бидеме секогаш лични и да не дозволиме никој да не не прави и направи безлични!

Депресивни и/или импресивни односно импресионирани? Велат дека се е секогаш „помеѓу“. Но во овој случај не е . Ниту може и да сака некој да биде депресивно импресиониран, ниту, пак, импресиониран од масовнава депресија.

Ви препорачувам: дури не се стабилизирате, дури се надевате дерка заедно со вас ќе се стабилизира и времево (ќе го стабилизарме ние со нашето дејствување во согласност со „нужноста на природата“) читајте книги, гледајте слики и други уметнички дела на изложби, а може и во каталози односно книги за уметноста, слушајте музика, особено „сериозна“ (помага и „несериозноата“).

Со ден збор: конзумирајте култура и творештво.

И создавајте!

Повеќе во оваа категорија: « Помеѓу етиката и политиката Натпревар »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Наполеон Бонапарта

Од возвишено до смешно само еден чекор.

Виц блиц

Снаа и свекрва

Имала жена син и тој се оженил. Првото утро свекрвата седнува и пие кафе, па и вели на снаата: -Знаеш што, снао, морам да ти кажам... Снаата: Добро, само ти кажи ми. -Знаеш,...

Кутија за пребарување

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се