Лајонел Ричи (Lionel Richie)

Лајонел Ричи (Lionel Richie) е американски пејач, композитор и музички продуцент, роден во Таскги (Tuskegee ), Алабама, на 20. Јуни 1949. година. Семејството му се преселува во градот Џолит (Joliet), Илионис, каде што завршува средно училиште. Како добар тенисер добил стипендија за студирање и дипломирал економија на Tuskegee Институтот.

Уште како студент почнал да се занимава со музика, а во 1968. година станува пејач и саксофонист во групата The Commodores. За неа напишал грст пекрасни балади во стилот „quiet storm“, како што се „Three Times a Lady“ (1977.) и„Still“ (1979.).

На крајот од 1970-тите за The Commodores, кога групата доживува врвна слава, Ричи компонира нови нумери, притоа отстапувајќи од класичниот соул и свртувајќи се кон повеќе комерцијално ориентираната поп музика. Во 1980. ја пишува и продуцира „Lady“, секако најголем хит во кариерата на кантри-пејачот Кени Роџерс, инаку повеќе недели на првото место на листата Billboard Hot 100. Следната година ја снима „Endless Love“-дует со музичката легенда Дајана Рос. Со таа тема, од мелодрамата „Бесконечна љубов“, станува еден од најуспешните синглови во историјата на поп- музиката. Во 1982. година раскинува со The Commodores и го снима самостојниот албум „Lionel Richie“.

Во следните години Ричи е лидер во американската поп музика, особено со баладите како „Truly“(1982.) и „Hello“ (1983.). Кулминација во кариерата доживува со албумот „Can`t Slow Down “ (1984.), кога е удостоен со наградата „Grammy“-за албум на годината. Во таа година има чест да учествува на отворањето на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Во 1985. година Ричи работи на саундтракот за филмот „Бели ноќи“. Песната од него „Say You, Say Me“ станува голем хит, добива голем број награди, како и „Оскар“ за најдобра песна во филм. Во таа година тој, заедно со Мајкл Џексон, ја пишува главната песна на проектот „We Are The World“, а синглот со неа е најпродаван во годината.

По подолга пауза, во 1996. година го објавува албумот „Louder Than Words“, но без поголем успех.  Истото се случува и со следните три алубми. Тоа се совпаѓа и со крајот на епохата на сентиментални балади, на крајот од 1990-тите. Потоа го објавува еден од своите најдобри албуми- „Coming Home“(2006.), особено со појавувањето во видео клип на гламурозната ќерка на пејачот-Никол Ричи.

На изненадување на многумина, Лајонел Ричи на крајот од 2011 (9. ноември), на доделувањето на наградите на Асоцијацијата за кантри музика, изведе дел од дуетите од ЦД-то Tuskegee, именувано според неговото родно место во Алабама, а албумот излезе во март годинава (2012.). Содржи 13 дуети на неговите најголеми хитови, како My Love со Кени Чсни, Easy со Вили Нелсон и Hello со Џенифер Нетлс. Всушност, станува збор за негово враќање на кантри-корените.

„Се родив и растев во Таскги во Алабама. Јас сум кантри-момче и се гордеам со тоа. Се чувствував многу опуштено и природно кога го работев овој проект“, изјави пејачот и текстописец кој во текот на својата 40-годишна кариера освои 5 „Греми“ награди, „Оскар“ и имаше повеќе од 20 хитови на топ-10 листата.

Помеѓу неговите најголеми успеси се секако Say You, Say Me и Dancing on the Ceiling. Негово најдобо време се првите самостојни години по напуштањето на The Commodores-станува еден од најуспешните композитори во 1980-тите години. Според популарноста, тогаш пред него биле само Мајкл Џексон и Принс. Тоа е време на непрестан успех, кога нанижа 13 на ред Топ 10 хитови, од кои 5 на број еден.

Досега објавени албуми:

Lionel Richie (1982.), Can't Slow Down (1983.),Dancing on the Ceiling (1986.), Louder Than Words (1996.), Time (1998.), Renaissance (2000.), Just for You (2004.), Coming Home (2006.), Just Go (2009.), Tuskegee (2012.).

Во меѓувреме Лајонел Ричи доби две значајни признанија: „Питер Џ. Гомез“ од Универзитетот Харвард е хуманитарна награда што се доделува за изразување и потенцирање на хуманата страна преку музиката (се мисли на синглот „We Are The World“; во 2010. тој ја пресними песната, а средсвата од продажбата на синглот беа намнети за настраданите во непогодите на Хаити); инаку, преку продажба на синглови и албуми има донирано значителни средства за Светската фондација за борба против рак на дојка.

За севкупната музичка работа и успешната кариера Ричи доби орден од Легијата на честа, што му беше врачен пред Триумфалната капија во Париз.
 
Извор: фото

Медија

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилјам Хазлит

Единствен грев што не може да се прости е лицемерието, а каењето на лицемерот е само по себе лицемерие.

Виц блиц

Писмо на плавуша

Му пишува плавуша писмо на својот син: „Мил синко мајчин, Ти го пишувам писмово за да знаеш дека ти пишувам. Ако го добиеш, значи стасало. Ако не, јави ми за повторно да...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се