Ennio Morricone (Енио Мориконе)

Ennio Morricone е италијански композитор, еден од најголемите современи композитори на филмска музика, добитник на Оскар. Роден е во Рим на 10. ноември 1928. година. Компонирал повеќе од 500 различни музички дела (филмски и телевизиски продукции), а од нив 30 за вестерн филмови (најуспешни).

Најмногу соработувал со режисерот Серџо Леоне, а нивни заеднички најголем успех е филмот „Добар, лош, грд“.

Мориконе компонирал и театарска, симфониска музика, како и дела за оркестар и солисти, хорски композиции, камерна музика итн.

Тој е член на Националната академија на Санта Чечилија и долгогодишен член на престижното здружение „Нова хармонија“ кое во Италија има важна улога во ширењето и продуцирањето на современата музика.

Мориконе продал повеќе од 40 милиони музички ЦД-а.

Музичко образование стекнал на Конзерваториумот Санта Чечилија, на кој дипломирал труба и компонирање. Изучувал и хорска музика и хорско диригирање. Потоа работел како трубач во многу оркестри во Рим, а во 1955. година започнал да компонира филмска музика, работејќи паралелно како аранжер на забавна музика.

Следната година се оженил со Марија Травија, со која има 4 деца.

Во 1958. се вработува како музички асистент во РАИ, но истиот ден дал отказ штом сфатил дека таму не може да гради кариера, а по експлицитно барање на тогашниот генерален директор на РАИ, Филиберто Гуала, било забрането емитување на програми со музика напишана од страна на вработените во јавната радиотелевизија.

За врската и соработката со Серџо Леоне:

Нивното другарство е уште од училишните денови, а соработката започнува во 1964. година. Во тој период Мориконе започнува да работи и со Бернардо Бертолучи. Првата филмска музика за Леоне е за филмот „За грст долари“ во 1964., а потоа соработката продолжува со серија „шпагети вестерн филмови“. Последниот филм на Леоне за кој Мориконе пишува музика е гангстерскиот „Беше еднаш во Америка“-една од неговите најпознати музички теми.

Поновите композиции на Енио Мориконе вклучуваат партитури за филмовите „Целосен пресврт“ (U Tunr, 1997) на Оливер Стоун, „Мисија на Марс“ (Mission to Mars) на Брајан де Палма и др.

Освен Оскарот, тој е добитник на две Греми награди (Grammy Award), два Златни глобуса (Golden Globe Award) и 5 награди Ентони Ескуит за филмска музика од БАФТА, во периодот 1979-2001.

Наградата Оскар за животно дело во филмот (филмска музика) ја доби во 2007. година, и тоа по 5 ненаградени номинации, а „за неговите извондредни и разни придонеси на полето на уметноста на филмската музика“. Наградата му ја додели глумецот Клинт Иствуд, иконата на вестерн филмовите на Серџо Леоне. Во чест на композиторот, за време на доделувањето на Оскарот, Селин Дион ја испеа неговата песна „Знаев дека те сакам“ (I Knew I Loved You), инспирирана од музиката за филмот „Беше еднаш во Америка“.

Медија

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилјам Хазлит

Единствен грев што не може да се прости е лицемерието, а каењето на лицемерот е само по себе лицемерие.

Виц блиц

Пак му се оди

-Ех, што ми се оди пак во Париз... -Пак?! Па зарем некогаш си бил? -Ма не, ама и вчера ми се одеше...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се