Whitesnake (Вајтснејк)

Whitesnake е англиска хеви метал (heavy metal), хард рок (hard rock) и блуз рок (blues rock) група која беше многу популарна во 80-тите години на 20. век., но е актуелна (настапува) и денес.

Ја формирал во 1977. година дотогаш поранешниот водач на Deep Purple, Дејвид Ковердејл (David Coverdale).

Првиот албум излегува во 1978. под називот „Snakebite“. Тогаш членови на групата биле David Coverdale- вокал, Micky Moody-гитара, Bernie Marsden-гитара, Neil Murray-бас гитара, Dave Dowle-тапани, Tim Hinkley-клавир, Alan Spenner-бас гитара, Tony Newman-тапани, Lee Brilleaux-армоника, Roger Glover-кларинет и Graham Preskett-виолина.

Истата година го издаваат и албумот „Trouble“, а во 1979. излегува третиот „Lovehunter“. Тогаш групата ја напушта тапанарот Dave Dowle, а наместо него доаѓа Ian Paice. Во 1980. излегува албумот „Ready an` Willing“, а следната „Come an` Get It“.

Со албумот „Saints & Sinners“, снимен во 1982., се бележат првите успеси, но едновремено доаѓа и до поголем распад. Меѓу другите, групата ја напуштаат гитаристот Bernie Marsden и тапанарот Ian Paice, а подоцна и Jon Lord за повторно да го формираDeep Purple.

Новиот албум „Вајтснејк“ го објавува во 1984.- рок албумот „Slide It In“, и тоа во две изданија-американско и англиско. Тогаш во групата се: David Coverdale-вокал, клавир, Mel Galley-гитара, вокал,Micky Moody-гитара, John Sykes-гитара (на изданието во САД), Jon Lord-клавијатури,Colin Hodgkinson-бас гитара (на англиското издание), Neil Murray-бас гитара (на американското), Cozy Powell-тапани.

За да го истакнат својот идентитет како hard-rock-metal состав,од првиот албум ја земаат змијата за свој заштитен знак (како симбол на машки полов орган), па така од обвивката на албумот голема змија излегува од женско деколте.

Со албумот „Whitesnake“, кој излегува во 1987. година, бендот ја освојува Америка. Освен преубавата балада „Is This Love“ со одлично соло, на овој албум се наоѓа и големиот хит„Here I Go Again“ кој со недели се наоѓа на музичките топ листи.

По излегувањето на албумот, Дејвид Ковердејл ја прекинува соработката со сите членови што го снимаа и го задржува самоAdrian Vandenberg.

Новиот тим, кој го сочинуваат David Coverdale-вокал, Steve Vai-прва гитара, ритам гитара, акустична гитара,Rudy Sarzo-бас и Tommy Aldridge-тапани, во 1989. го снима албумот „Slip of the Tongue“. Меѓутоа, иако на него свири виртуозот на гитара Steve Vai, албумот минува лошо на пазарот и кај критиката.

Потоа групата главно веќе не снима, се до 1997. кога го издава албумот „Restless Heart“.

Во 2003. Коведрејл ја собира дружината за јубилејна турнеја по повод 25-годишната активност.

На новиот албум се чекаше цели 10 години- во 2008. излегува Good to Be Bad (2008), а минатата (2011) последниот Forevemore.


 

Дискографија

Студиски албуми:Snakebite (1978),Trouble (1978),Lovehunter (1979),Ready an' Willing (1980),Come an' Get It (1981),Saints & Sinners (1982),Slide It In (1984), Whitesnake (1987).Slip of the Tongue (1989,Restless Heart (1997),Good to Be Bad (2008), Forevermore (2011);

Албуми во живо:Live at Hammersmith (1980),Live...In the Heart of the City (1980), Starkers in Tokyo (1997), Live: In the Shadow of the Blues (2006);

Компилациски албуми: Whitesnake's Greatest Hits (1994), The Silver Anniversary Collection (2003),The Early Years (2004), The Definitive Collection (2006), 30th Anniversary Collection (2008).

Медија

Повеќе во оваа категорија: Роберта Флек »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Наполеон I Бонапарта

Кога човек ќе совлада неволја, сака удобности, од удобности преминува на излишност, од излишност на раскош, од раскош на престап.

Виц блиц

Промашување

Човек доведува бремена жена кај гинеколог на контрола, а по неа го прашува докторот: -Докторе, како ми е жената? -Па, знаете, имаме проблем. Бременоста е вонматерична. -Докторе, еве ви 1.000 евра. -Немојте толку, Ве...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се