Antonio Lucio Vivaldi е италијански композитор и виолинист од времето на барокот. Рроден е во Венеција на 4. март 1678., а умрел во Виена на 28. јули 1741. година.. Antonio Lucio Vivaldi е италијански композитор и виолинист од времето на барокот. Рроден е во Венеција на 4. март 1678., а умрел во Виена на 28. јули 1741. година..

Antonio Vivaldi (Антонио Вивалди)

Antonio Lucio Vivaldi е италијански композитор и виолинист од времето на барокот. Рроден е во Венеција на 4. март 1678., а умрел во Виена на 28. јули 1741. година..

Компонирал 425 концерти за солисти и оркестар (од нив 228 за виолина), 61 concerto grosso, 23 симфонии, 46 опери, 38 кантати, ораториум и црковна музика. Негово најпознато дело е секако „Четири годишни времиња“ (Le Quattro Stagioni), создадено во 1723. година.

Уште од раѓање Вивалди во чекор го следела болест која до ден- денес остана непозната. Болката и постојаното стегање во градите лесно го заморувале. Поради тоа одел мошне тешко, така што низ својата родна Венеција се движел исклучиво со гондола или кочија. Сепак, тоа не го спречило животот да го проживее во возбудлив и брз ритам, а во неговите музички дела секогаш да владее вселост, добро расположение и „вечна пролет“.

Татко му на Вивалди, Џовани Батиста, бил познат виолинист, но сметал дека музичкиот „занает“ е несигурен, па покрај куќата отворил и берберница каде што работел и самиот. Сопругата Камила потекнувала од семејство на кројачи. Батиста сепак го научил синот да свири виолина, за потоа да му стане помошник на турнеите низ Венеција. Младиот Антонио научил да свири и чембало и други инструменти. Земал часови кај еден од најугледните мајстори на оргули во тоа време, Џован Легренци, а благодарение токму на тоа познанство се среќава со низа угледни оргуљаши и големи венецијански музички уметници.

Во 1703., на 25 години, станува свештеник, но набрзо ја напушта службата најверојатно поради здравствени причини- не бил во состојба активно да учествува во свештеничките должности. Постои и друго објаснение: за време на миса наеднаш отишол во сакристијата да запише тема на фуга. Бидејќи бил фатен на дело, инквизицијата таквиот чин го прогласила за лудост и му забранила служење на миса во иднина. Како и да е, интересно е дека поради краткотрајното свештеничко искуство го стекнал прекарот „Црвенокосиот свештеник“.

Во 1713. година Антонио Вивалди е именуван за професор по виолина во Seminario musicale dell`Ospitale della Pietà во Венеција, каде што се школувале женски сиромашни деца, а во таа институција ќе остане се до 1740. Својот композиторски талент ќе почне да го развива токму пишувајќи дела за тие млади музичарки. Благодарение на нивните интерпретации за него ќе се чуе низ цела Венеција. Тогаш настанува тн. ломбардиски стил.

Вивалди се прочул и надвор од државата, па почнале да го посетуваат многумина инструменталисти за да добијат записи на негови музички дела. Истата година кога е именуван за професор ја компонирал и својата прва опера Ottone in Villa. Потоа создава уште 40-тина опери чии партитури се главно изгубени, а токму операта како музички жанр му овозможила својата музика да ја изведе на најголемите светски сцени. Во 1723. година станува европска ѕвезда, па често гостува како ценет вортуоз. Освен во татковината, бил обожуван во Австрија, Германија и Холандија. Дури и Светиот Отец барал да го чуе тој виртуоз што насекаде предизвикува сензација.

Не е познато дали на кој било начин бил поврзан со царскиот двор, но наредните години остануваат таинствени во неговата биографија оти за него не се појавува ниеден запис. Во 1732. година се појавува во Падова, а во 1735. La Pietà, која од 1713. дејствува како академија, го повикува како концертен мајстор. Вивалди продолжува да реди успеси на европските сцени, па така во 1738. се наоѓа во Амстердам, во 1739. во Фиренца, Анкона и Верона.

Истата година се случува пресврт во неговиот живот. Полскиот кралски син во декември во палатата Foscarini организирал свечености (оперски претстави, забави на вода, трки со бикови, серенади...), а музиката имала значајна улога. На 21. март 1940. академијата La Pietà приредила вечер посветена на музиката на Вивалди. Наместо својот меѓународен углед да го зацврсти со нови дела, тој одлучува да презентира веќе изведувани. По таа вечер исчезнал во општа незаинтересираност композиторот кому му ласкала цела Европа.

Напуштен и заборавен умира од внатрешно воспаление во Виена. Погребан е на 28. јули 1741. година на болничките гробишта во гробница за сиромашни.

Се смета дека Вивалди е еден од композиторите кој ја еволуирал барокната музика во класичен стил. Забележано е признанието на големиот Јохан Себастијан Бах за длабокото влијание на Вивалди врз неговото творештво. Тој превел и обработил многу негови дела, меѓу кои и познатиот „Concerto for Four Violins and Violoncello, Strings and Continuo“.

Делата на Вивалди долго останаа непознати. Дури и неговото најзначајно дело „Четири годишни времиња“ било непознато во своето оригинално издание. По неговата смрт свештеник во манастирот Сан Мартино пронашол обемна збирка на негови музички дела- 300 концерти, 8 сонати, 14 опери, 5 тетратки со духовни композиции и 2 тетратки со световна вокална музика. Другиот дел од денес познатиот, сочуван опус на Антонио Вивалди е пронајден нешто подоцна во палатата Дурацо во Џенова.

Во раниот 20. век расте интересот за оживување на негови дела. Во 1939. година Алфредо Касела организирал „Недела на Вивалди“, при што некои негови опери биле слушнати за првпат. По Втората светска војна творештвото на Вивалди доживува светска слава.

Медија

Повеќе во оваа категорија: « Лајонел Ричи (Lionel Richie) Џим Морисон »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Сри Ауробиндо

Највисоката манифестација на бога е чистиот дух во чисто тело. Бог е во срцата на оние што го бараат.

Виц блиц

Тешко му е да гледа

Трпе оптегнат на троседот и се обраќа на Трпејца: -Трпејце мила, тешко ми е да те гледам како само работиш и се мачиш. Те молам, затвори ја вратата од кујната! 

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се