ОФРА ХАЗА

Офра Хаза (хебрејски:, עפרה חזה; арапски:: عوفرة حازة) е родена на 19. ноември 1957., а умре на 23. февруари 2000 година. Била 9-то дете на ерменско-еврејски доселеници во Израел, во јужното предградие на Тел Авив. На 12 години нејзиниот пејачки талент го открил агент на детскиот театар „Белазел Алони“.

Нејзиниот глас може да се опише како исклучително чист и виртуозен мецосопран, со кој била способна со голема леснотија да исполнува песни во различни музички стилови. Песните, особено големите хитови, се комбинација на поп и традиционалната музика на ерменските Евреи.

Надвор од границите на Израел стана популарна со албумот „Yemenite Songs“, а во 1983. ја претставуваше земјата на Евровизија со песната Хај (Chai, живо)  и го освои второто место. Новинарите ја опишаа како „Мадона на Истокот“. 

Во 1988. ги зазеде првите места на светските топ листи со хитот „Im Nin 'Alu“ и со него стана синоним на ориенталната израелската музика. Во 1995. во дует со Паула Абдул го освојува првото место на американските топ листи со песната „My love is for real“.

Албумот Кирија (Kyria) во 1992. беше номиниран за наградата Grammy.

Настапи на доделувањето на Нобеловата награда за мир на Јицак Рабин, во 1994. година.
Интересно е што Офра има испеано една песна со наслов „Спаси не“ во анимираниот филм „Египетскиот принц“ на вкупно 17 јазици (за музички матрици наменети за различни земји).

Во кариерата издаде 16 албуми кои достигнаа златни и платинести тиражи. Пееше на хебрејски, арпски, арамејски, англиски, шпански и други јазици.

Офра Хаза почина од воспаление на градите за кое се смета дека го добила како последица на СИДА, но тој податок нејзиното семејство никогаш не го потврдило. Некои укажуваат дека таа можеби била заразена од вирусот како последица на трансфузија на крв во турска болница по спонтан абортус.

Дискографија: Ahava Rishona, во соработка со групата на театарот Хатиква (1974), Ve-jutz Mizeh Hakol Beseder, исто така во соработка со Хатиква (1976), Atik Noshan, во сраоботка со групата (1977), Shir HaShirim Besha'ashu'im (во соработка со групата (1979), Al Ahavot Shelanu (1980), Bo Nedaber (1981), Pituyim (1982), Li-yeladim (1982), Hai (1983), Shirey Moledet 1 (1983), Bayt Ham (1984), Shirey Teyman/Yemenite Songs (1984), Adamah (1985), Shirey Moledet 2 (1985), Yamim Nishbarim (1986), Shirey Moledet 3 (1987), Album HaZahav- Златен албум (1987), Shaday (1988), Yemenite Love (1988), Fifty Gates Of Wisdom (1988), Desert Wind (1989), Kirya (1992), Oriental Nights (1993), Kol Haneshama (1994), Queen in Exile (1995), Ofra Haza (1997), На џедз фестивалот во Монтре- 1990, во живо (1998), Најголеми хитови 1 (2000), HTV Music History (2001), Најголеми хитови 2 (2004).

Дополнете во коментар со новите информации за Офра Хаза.

Медија

Повеќе во оваа категорија: « Nat King Cole Блуз »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Конфучиј

Подобро е да се сака вистината, одошто да се знае.

Виц блиц

Хакерски

Одат двајца хакери низ улица и здогледуваат исклучително згодна девојка. Едниот вели: -Гледај какви оваа има Properties! Другиот: -Џабе ти е, кога е read-only! 

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се