Нет Кинг Кол (Nathaniel Adams Coles, 1919-1965.) е американски музичар кој најнапред се афирмирал како врвен џез пијанист Нет Кинг Кол (Nathaniel Adams Coles, 1919-1965.) е американски музичар кој најнапред се афирмирал како врвен џез пијанист

Nat King Cole

Почнувајќи од денеска, секојдневните избори на музика ќе бидат „врзани“ за прилози- енциклопедиски одредници на избраните музичари, пејачи, групи, композитори... во заедничка паноптична рубрика „Се музика“.

Во нивната подготовка ќе бидат користени општи и специјализирани (музички) енциклопедии, музички web портали и други музички печатени изданија.

Нет Кинг Кол (Nathaniel Adams Coles, 1919-1965.) е американски музичар кој најнапред се афирмирал како врвен џез пијанист. Благодарение на својот нежен баритон, добива ангажмани во биг бендови и помали џез состави, а бил еден од првите црни Американци кој настапил на многу телевизии.

Се смета за една од најважните музички личности во историјата на САД.

Неговите биографи истакнуваат дека Кол научил да свири на оргули од својата мајка која работела како оргуљаш в црква. Забележано е дека првиот настап го имал на само 4 години, а класично музичко образование започнал на 12 години. Учел не само џез и госпел, туку и европски класици, од Јохан Себастијан Бах до Сергеј Рахмањинов.

На почетокот го инспирирало свирењето на џез пијанистот Ерл Хајнс, а својата музичка кариера ја започнал во средината на 1930-тите, уште додека бил тинејџер. Оттогаш и го носи уметничкото име Нет Кол (Nat Cole). Заедно со својот брат Еди ја снимил првата плоча во 1936., и тоа под Едиевото име. Двајцата настапувале во разни клубови, каде што и Нет го заработил прекарот Кинг (Крал).

Се оженил со танчерката Надин Робинсон, а во Лос Анџелес го основал King Cole Trio. Неговиот концепт на мал џез состав од само клавир, контрабас и гитара бил револуционерен за тоа време на големи оркестри. Наскоро тоа почнале да го имитираат и многу други џез музичари и блуз пијанисти.

Сепак, Кол не постигнал некој поголем, успех се додека не ја снимил баладата Sweet Lorraine во 1940. година. Интересно, не се сметал за голем пејач, не сметал дека има добар глас, но се гордеел на својата добра дикција.

Во текот на Втората светска војна Нет Кинг Кол потпишал договор со штотуку основаната дискографска куќа Capitol Records, на која и останал верен до крајот на својата кариера. Станал толку популарен што за зградата на Capitol Records во Холивуд во шега велеле дека е куќата во што ја изградил Нет.

Првиот поголем успех како пејач го постигна со песната Straighten Up and Fly Right. Текстот се темели на една мошне популарна стара бајка од црните Американци, што ја користел и неговиот татко како инспирација за своите верски проповеди. Некои песната ја сметаат за прва на rock and roll- от.

Меѓутоа, голема популарност кај пошироката публика Кол постигнал по изведбата на песната Mona Lisa, во 1950. година. По неа почнува нова фаза во неговата кариера, повеќе насочена кон поп баладите, но не се оддалечува од џезот. Во 1956. го објавува првиот албум целосно посветен на него- After Midnight.

Забележано е дека Нет Кинг Кол е првиот афро- американски уметник кој имал своја радио емисија, а исто така прв кој добил и сопствено шоу во 1950-тите на националната телевизија. Не траеле долго бидејќи спонзорите не сакале да се „врзуваат“ за црн музичар.

Тоа ќе го следи цел живот. Се борел против расизмот, одбивајќи да настапува во клубови и простори во кои биле применети законите на расната сегрегација, а за време на настапот во 1956. година во Бирмингем (Алабама) бил нападнат на сцената од страна на членовите на White Citizens' Council (Собрание на белите граѓани) кои сакале да го грабнат. Поради повреди настапот не го завршил до крај и се зарекол дека никогаш повеќе нема да настапува во јужните држави на САД. И навистина, до крајот на животот југот повеќе не го видел.

Во 1948. година Нет Кинг Кол купил куќа во богатиот кварт на Лос Анџелес, населен исклучиво со белци. Членови на Здружението на сопствениците на куќите дошле и му рекле дека тие не сакаат непожелни лица во своето соседство, а Кол им возвратил: „Ни јас, а ако видам дека некој непожелен сака да се насели овде, ќе бидам првиот кој ќе жали поради тоа“.

Втора жена му била Марија Елингтон, а со неа имал три деца и уште две усвоил. Неговите деца Натали Кол, Фреди Кол и Ајк Кол исто така станаа пејачи. (Натали Кол постигна светска слава).

Кол настапувал во бројни кратки филмови.

Бил страстен пушач, па не чуди што умрел од рак на белите дробови во 1965. година, на сенасе 45 години.

Избор од најпознатите интерпретации на Нет Кинг Кол:

It's Only a Paper Moon, Straighten Up and Fly Right, Mona Lisa, Ramblin’ Rose, Unforgettable, When I fall in love, L-O-V-E, Fascination, Embraceable You, Autumn Leaves, Route 66.

Медија

Nat King Cole: An Evening With Nat King Cole HD
Повеќе во оваа категорија: « ЛЕД ЗЕПЕЛИН (LED ZEPPELIN) ОФРА ХАЗА »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилјам Хазлит

Единствен грев што не може да се прости е лицемерието, а каењето на лицемерот е само по себе лицемерие.

Виц блиц

Хакерски

Одат двајца хакери низ улица и здогледуваат исклучително згодна девојка. Едниот вели: -Гледај какви оваа има Properties! Другиот: -Џабе ти е, кога е read-only! 

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се