Мараја Кери

Мараја Кери (англ.  Mariah Carey) е американска R&B/поп пејачка и текстописец, музички продуцент и артистка. Родена на 27. март 1970. година.

Својот прв албум го сними во 1990. под контрола на директорот на Columbia Records, Томи Мотола, и веднаш стана првапејачка која имала 5 топ десет синглови на листата „Билборд Хот 100“ (Billboard Hot 100) во САД. По нејзиниот брак со Мотола во 1993. следат уште неколку хит песни, меѓу кои „Dreamlover“, „Hero“.Сепак, нејзин најголем хит во досегашната кариера е секако „Without You“.

Прочитајте повеќе:

Антонин Дворжак

Роден е на 8. септември 1841. во едно мало место близу до Прага. Многу рано влегува во светот на музиката и набрзо покажува голема дарба која ги импресионира неговите учители. Учи да свири на виолина, тогаш мошне популарен музичар на подрачјето на Бохемија. Станува член на градскиот оркестар.

Меѓутоа, неговиот татко, кој бил месар, сака неговиот првороден син да ја наследи неговата работа, па во 1853. година го испраќа во соседниот град Злонице да учи германски јазик, кој во тоа време бил многу потребен за секој трговец.

Прочитајте повеќе:

Џим Морисон

Џејмс-Џим Даглас Морисон (James Douglas Morrison) е американски пејач од ирско и шкотско потекло, поет и писател, роден на 8. декември 1943. во Мелбурн, Флорида. Познат е пред се како водечки вокал на американската рок група The Doors, а се смета за една од најхаризматичните личности во историјата на рок музиката. Автор е на неколку книги поезија, документарни и кратки филмови, како и на музички спотови. Смрта на Морисон на 27 години, на 3. јули 1971. година во Париз, ги запрепасти неговите обожаватели ширум светот, а начинот на кој се случи таа, како и тајниот погреб се предмет на разни шпекулации до ден- денес.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Перл Бак

На мажот лесно престанува да му се допаѓа оваа или онаа жена, но тој не престанува да ја сака својата омилена хана.

Виц блиц

Топки, спорт и позиција

Едно истражување покажало дека невработените луѓе од спортовите најмногу се интересираат за кошарка; социјалните работници и волонтерите за куглање; работниците на лента најмногу за фудбал; надзорниците најмногу се интересираат за...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се