Бизнис - легенда: Стив Џобс

Неодамна (5. октомври 2011) во 56-тата година од животот почина Стив Џобс (Steven Paul Jobs), роден во Сан Франциско, Калифорнија, на 24. февруари 1955. Познат како основач на фирмата Apple Computer. Беше една од највлијателните личности во светот на компјутерската индустрија. Заедно со Стив Вознијак (Steve Wozniak) во гаража полна со јаболка го направи првиот куќен компјутер Apple(„Јаболко“). Така и ја именува фирмата што ја основа со Вознијак.

 

Сите изминати години тој главно беше познат „само“ како прв човек на компанијата, а малку се знаеше за неговиот приватен живот. Го криеше мошне внимателно, а единствено повремено зборуваше за своето трагично детство. Сега се откриваат многу интересни детали.

Веднаш по раѓањето го усвоиле Клара и Пол Џобс- неговиот очув бил машинист во ласерска компанија, а помајка му сметководител. Идентитетот на своите биолошки родители го открива подоцна- мајка му Џоана Симпсон била апсолвент кога го родила, а татко му, сирискиот муслиман Абудлфат Џон Џандали, ја напуштил родната земја на 18 години и наводно сега работи како потпредседател на казино во Невада. Во меѓувреме Џобс контактирал со мајка му, но татко му останал дистанциран.

Човекот кој ја водеше една од најуспешните компании на светот никогаш не завршил студии! Имено, по завршувањето на средното училиште во Купертин, Калифорнија, тој се запишал на Рид колеџот во 1972., посетувал слободни вештини само еден семестар и се откажал поради финансиски проблеми на неговите родители.

Еве што вели за тој период  во прочуениот говор од 2005. на Стенфорд Универзитетот:

„Не беше романтично. Немав соба во домот, па спиев на подот кај пријатели. Враќав празни шишиња од „Кока Кола“ и од депозитот од 5 центи купував храна. Пешачев седум милји низ градот секоја недела, за да изедам еден нормален оброк во храмот на Хари Кришна“.

Од брачниот живот:

Неговата жена Лорин работела на Универзитетот во Пенсилванија, а потоа стекнала докторат на Стенфорд, каде што и го запознала идниот маж. Љубовта се родила брзо. Изјава на Џобс:

„Бев на паркинг и размислував: „Да е ова мојот последен ден од животот, дали би го минал на деловен состанок или со оваа жена“. Потрчав преку паркингот и ја прашав сосема непознатата дали сака да одиме на вечера. Рече да, и оттогаш не сме се разделиле“.

Се венчале според будистички обреди во 1991. година.

Во потрагата по родителите тој ја среќава својата сестра, а која воопшто не ја познавал. Мона Симпсон, родена како Мона Џандали, е познат автор на книгата „Животот е некаде на друго место“ (Anywhere But Here ), во која се раскажува за мајка и ќерка. Подоцна книгата е адаптирана за филм во кој глумат Натали Портман и Сузан Сарандон. По првата средба, Џобс и Симпсон развиле мошне близок однос:

„Ние сме семејство. Таа е мојот најдобар пријател. И се јавувам на секои неколку дена и и зборувам сешто“. Книгата е посветена „на мојот брат Стив“.

Џобс кусо време бил во врска со кантри пејачката Џоан Баез, која се забавувала и со Боб Дилан. Исто така, некое време се гледал и со глумицата Дајан Китон.

Кога имал 23 години Џобс и неговата девојка од средното училиште Крис Ен Бренан ја добиле ќерката Лиза Бренан Џобс. Таа е родена во 1978., непосредно по почетокот на подемот на Apple компанијата. Џобс и Крис никогаш не се венчале, а тој наводно некое време негирал дека со неа има ќерка, тврдејќи дека е стерилен. Со Лорин Поуел добил уште три деца, а подоцна на првата ќерка и го платил школувањето на Харвард. Таа дипломирала во 2000. година и сега работи како новинар.

Во неколку интервјуа Џобс навестил дека имал искуства со ЛСД:

„Една од двете или трите најважни работи што ги направив во животот“.

Повремено истакнувал дека ЛСД придонел за поинаквиот начин на размислување што дизајнот на Apple го довел на прво место на светот.

За Бил Гејтс рекол:

„Му посакувам се најдобро, навистина. Само мислам дека тој и Microsoft се премногу блиски. Би имал многу отворени видици ако одвреме- навреме во младоста земаше'esid'“.

Во текот на едно патување во Индија Џобс ги посетил тамошните светилишта и во Америка се вратил како зен будист. Не конзумирал животински производи, освен риба, и имал длабока верба во источната медицина, на која и го доверил лечењето од канцер на панкреасот, се до операцијата во 2004.

Од неговата бизнис кариера:

По неколку генерации компјутери Apple, Стив Џобс го направи компјутеротLisa. Тоа бил прв компјутер кои имал икони на мониторот, а што неколку години подоцна го копирале многу софтверски компании, вклучувајќи го и Microsoft со својот Microsoft Windows операционен систем. Следната генерација на компјутери од неговата продукција е Macintosh, што е назив за еден вид на вкусни јаболка во САД.

Во меѓувреме, фирмата IBM го исфрлил на пазарот персоналниот компјутер IBM PC, кој поминал подобро и го потиснал оној на Џобс. Тој бил принуден да ја напушти својата фирма, која во меѓувреме ја продал, па ја основал следната под сиомболично име NeXT („следниот“). Во 1993. таа произведувала сложени компјутери кои биле според многу нешта револуционерни и моќни, но и скапи. Нејзиниот пазар биле научниците, графичарите и школството.

Тим Бернерс Ли го развил оригиналниот World Wide Web на една NeXT работна станица во CERN- овите лаборатории. Под водство на Џобс е развиен и напредниот операционен систем NextStep заснован на UNIX, кој е во основата на Apple- овиот MacOS X(Mac OS X).

Во 1996. година Apple Computers се наоѓал во најголемата криза од основањето, па поради тоа, во договор со Џобс, ја купил неговата фирмаNeXT за 402 милиона долара, со намера врз темелите на NextStep да изгради посебен операционен систем за новата генерација на компјутери Macintosh. Наредната година Џобс како спасувач се враќа воApple и веднаш станува в.д. претседател на денес препородената компанија.

Џобс беше spiritus movens и претседател наApple. Од 1986. тој е и соосновач на анимационото студио Pixar (Pixar Animation Studios), познато според анимираните филмови „Приказна за играчките“(Toy Story), Животот на бубачките (A Bug's Life) и „Во потрага по Немо“ (Finding Nemo). Иако во 2001. година му е избришано она в.д. од титулата, Џобс управувал соApple за годишна плата од 1 долар, поради што Гинисовата книга на рекордите го стави на листата на најслабо платени менаџери:

„Добивав само 50 центи годишно поради појавување, а уште 50 центи поради учинокот“, изјавил шеговито за неа. Толку примал се до 1997.

На почетокот од 2011. година имал 5,5 милиони акции во Apple, а по смртта секоја е проценета на377, 64 долари, што е 43 пати зголемена вредност во последните 10 години.

Парадокс: не само што земал плата по еден долар годишно, туку зад себе оставил огромно богатство. Само од продажбата наPixar на компанијата Dizni добил околу 7 милијарди долари!

Според магазинот „Фобрс“, во 2011. година беше 11-ти на листата на најбогати луѓе на светот. Да не ги продадеше своите акции во 1985., по напуштањето на компанијата, би бил 5-ти најбогат поединец на Земјата.

Иако се уште не се зборува за неговата оставнина, се верува дека речиси се ќе наследат неговите четири деца Рид, Ервин и Ив, што ги има со Лорин, како и неговата прва ќерка Лизи Бренан Џобс.

 

(Користени повеќе прилози на Интернет) 

Повеќе во оваа категорија: Харолд Пинтер »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилјам Хазлит

Единствен грев што не може да се прости е лицемерието, а каењето на лицемерот е само по себе лицемерие.

Виц блиц

Исчезната сопруга

Дотрчува маж во полициска станица: -Ве молам, жена ми исчезна, пронајдете ја! Еве ви ја нејзината фотографија. Дежурниот ја погледнува фотографијата, па му вели на загрижениот сопруг: -А Зошто да ја бараме?

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се