-Германски печатар, изумител на типографијата (вистинско име: Јоханес Генсфлајш зур Ладен зум Гутенберг, гер. Johannes Gensfleisch zur Laden zum Gutenberg). Роден е околу 1397. веројатно во Мајнц, а умрел на 3. февруари 1468. година во Мајнц. -Германски печатар, изумител на типографијата (вистинско име: Јоханес Генсфлајш зур Ладен зум Гутенберг, гер. Johannes Gensfleisch zur Laden zum Gutenberg). Роден е околу 1397. веројатно во Мајнц, а умрел на 3. февруари 1468. година во Мајнц.

Јохан Гутенберг

-Германски печатар, изумител на типографијата (вистинско име: Јоханес Генсфлајш зур Ладен зум Гутенберг, гер. Johannes Gensfleisch zur Laden zum Gutenberg). Роден е околу 1397. веројатно во Мајнц, а умрел на 3. февруари 1468. година во Мајнц. Бидејќи точниот датум на неговото раѓање не е познат, за да може во 1900 г. да ја слави 500-годишнината од раѓањето „Гутенберговото здружение“  ја „прогласи“ 1400-тата како „роденденска“. Во истата година- 1900. во Мајнц е основан „Гутенбергов музеј“. 

За неговиот живот и работа постојат само фрагментарни и дел несигурни податоци. Бил германски металски работник. Околу 1430. г. заминал од Мајнц во Стразбург. Се чини дека во овој град останува се до 1448., работи како златар, производевувач на огледала, а бил и писар при што доаѓа во допир со првите печатени книги. Според сочуваните документи, во 1436. има некаков печатарски уред и со него врши опити. 

Идејата за техниката на печатење со метални подвижни слоеви подолго време била позната пред него, но дотогаш не била усовршена. Се реализирала во Кина, Кореја и Јапонија, а најстарата сочувана печатена книга датира од 868. година. Во 1041. во Кина се појавуваат првите примероци на печатени книги со оваа техника, а како нејзин пронаоѓач се наведува некој си Би Шенг. 

Заслугата на Гутенберг се состои во усовршување на одделни подвижни букви, легурата на олово, антимон и калај во техниката на висок печат, но и тогашниот пронајдок на печатарска преса.

Од 1448. тој е пак во Мајнц, каде што основа печатарска работилница, позајмувајќи за таа цел од адвокатот и трговец Јохан Фуст (гер. Johannes Fust)  1.550 гулдени. Во 1455. го довршува своето прво типографско дело Библија на 1.282 фолио-страници, во два столба по 42 реда. Тоа е прочуената Библија од 42 реда. Печатена е во 180 примероци, дел на пергамент, а дел на хартија; од тоа издание до денес се сочувани 49 некои целосни, некои нецелосни.  Имитирајќи го во лиените слоеви тогашниот готски краснопис со неговите лигатури и кратенки, Гутенберг за тоа свое издание употребил 290 различни знаци. 

Долго време се тврдело дека, уште пред Библија, Гутенберг со погруби букви печател и некои помали работи (Фрагмент за судот на светот; Астрономски календар за 1448), но тоа не може документирано да се провери. 

Истата година кога е довршена Библија (1455), Ј. Фуст го обвинил Гутенберг поради долгот; иако исходот од тој процес не е познат, се чини дека Фуст со судска одлука дошол во посед на Гутенберговата печатница, зашто веќе две години подоцна (1457) печател елегантно издание  на Мајнцишки псалтир, на кого како печатари се потпишани тој и неговиот зет П. Шефер, без Гутенберг.

За натамошната Гутенбергова печатарска работа не се знае ништо сигурно. Меѓу другото, му се припишува печатење на изданието Missale speciale, Mainzer Catholicam и Библија од 36 реда, издадени во Бамберг.

Последните три години од животот Гутенберг ги минал на дворецот на кнезот избраник, надбискупот Адолф Насауски во Мајнц, живеејќи како член на дворската свита на кнезот.

Не постојат автентични фотографии на Гутенберг.

Повеќе во оваа категорија: « Замина уште еден великан

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Филип Стеноп Честерфилд

Луѓето ги мразат оние што во нив побудуваат чувство на пониска вредност.

Виц блиц

Компјутеризирана плавуша

-Зошто плавуша носи глушец в црква? -За да кликне на икона.

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се