Нострадамус Нострадамус

Нострадамусови пророштва

Постојат книги кои својата вонременска валидност ја обезбедиле не толку со некои новоосознаени вистини и/ или цивилизациски откритија, колку со задоволувањето на исконската потреба на човекот и за она што е дел од неговото минато. Но многу повеќе за антиципација на иднината, на она што може допрва да му се случи.

Предвидувањето на иднината врз научна основа, конкретно врз техничко- технолошкото достигнато ниво, ја нема атрактивноста на необичното, изненадувачкото, ја стеснува просторната димензија на имагинацијата, ја рационализира авантурата на духот.

Научната фантастика ја инаугурира токму рационалноста во предвидувањето на иднината, а новиот свет што го презентира овој вид се попопуларна литература, со веќе потврдени вредности, е се поблизок, остварлив, реален и постапно реализиран. 

Предвидувањето на иднината, на она што може или веројатно ќе ни се случи врз основа на некои окултни, мистични, поетски и профетски индивидуални способности рациопналната свест најчесто ја отфрла, а интензитетот на ширењето му го припишува на трауматското време, на кризата на идентитетот, на поразот во осамата, на бесперспективноста. Таквото време, кризата, поразот и бесперспективноста достасува и на нашиве простори, атакува врз нашиот живот, ја деструира нашава сегашност.

Што ли не чека утре?- е прашање што се почесто си го поставуваме немоќни пред сликите на разурнувањето и смртта што катадневно ни ја напаѓаат свеста. И се почесто си го наметнуваме круцијалното прашање за нашата судбина на овие балкански простори:

Зарем сме толку немоќни пред параноичната свест на властодршците што ги избравме во името на демократијата?

Прорекувањето на иднината, на идните настани, не и квазипророштвото односно чистата манипулација со човековата наивност и суеверство, отсекогаш го привлекувало вниманието, а потврдите на прореченото оставаат збунетост и немоќ, па и признавање на некакви паранормални способности, на некаква потсвесна поврзаност со Универзумот.

Како и да е, верувањето и неверувањето во пророштвата остануваат лична определба; тие се прифаќаат како можни и очекувани или како „озабавување“ на творечката имагинација; се отфрлаат како религиско- мистична манипулација со свеста или како рецидив од минатото, кога било мошне ниско нивото на поимното сфаќање на светот.

Зошто барем одвреме- навреме да не се позанимаваме со визијата за иднината на една крајно загадочна личност која, меѓу другото, ја прорекла сопствената смрт до детали, опишувајќи ги местото и начинот; го прорекла нашево време на насилие, преврати и војни; точните години и денови на многу веќе историски настани, на многу откритија на денешнава цивилизација?

Се разбира, станува збор за најголемиот пророк на сите времиња- Мишел Нострадамус, и неговите вистински центурии и пророштва, за неговите хронолошки таблици за блиската иднина и нумеролошките пророштва. Сите собрани во една книга, во едно издание. Пророштвата на Нострадамус, заедно со најразличните коментари и интерпретации, се преведени на сите светски големи и мали јазици.

Кој бил Нострадамус? Француски астролог, живеел од 14.12.1503. до 02.07.1566. година. Докторирал медицина и се истакнал како пожртвуван лекар против чумата што во првата половина на 16. век пустошела низ јужна Франција и наеднаш му ги одзела жената и двете деца. Освен со медицина, се занимавал и со астрологија.

Првата книга од Пророштвата,  пишувана во строфи- катрени, што ги имало 642 поделени во 7 „центурии“, Нострадамус ја објавил во Лион во 1555. година. Оценети се како литературно безвредни строфи, составени од магловити, често и глупави визионерски фрагменти подложни на најразлични толкувања.

Кога станува дворски астролог на Катарина Медичи го издава новото издание, проширено на 10 центурии. Останува оценката, уште од нивната повторна објава па се до нашево време, дека станува збор за „монструозна злоупотреба“ на човековото празноверие.

Јас ви ги препорачувам не сметајќи на вашата лековерност, туку, напротив, како збогатување на вашата култивирана личност, како дел од културниот систем на нашево време.

Што предвидел Нострадамус за 2011. година? Еве го коментарот на неговите катрени односно центурии за неа:

Годината 2011. донесува слабеење на моќта и влијанието на црквата во светот. Од овој период, секоја следна година влијанието на црквата врз збиднувањата во целиот свет ќе биде се послабо. Најнапред во името на исламската религија голем арапски принц започнал света војна и ја развластил Светата синагога. По исламскиот поход, Синагогата е барем привидно мртва, а тој свет храм во најсветото место повеќе не и служи на својата намена. Интересот за религијата опаѓа во целиот свет, зашто настанало друго време во кое поединецот чувствува дека е доволен на самиот себе си.

Ватикан исто така е во голема отстапка пред силите на прогресот. Сите три вери врзани за нашето поднебје се ослабени и на ивица на пропаст. Тројца моќни и силни кралеви пронаоѓаат решенија во соработка со Светата столица, така што ја преместуваат на друго место, нудејќи со тоа преместување и друга содржина, обидувајќи се да и ги вратат некогашните достоинство и моќ.  Во исто време, во истиот град во кој е сместена Светата столица се раѓаат три деца кои со својата убавина и ум,ж ќе им ги повратат моќта и сјајот на сите три вери кои се моментно на умирање. 

Ако може да му се верува на овој пророк, чии претскажувања веќе се потврдуваат, барем ние нема да бидеме сведоци на крајот на светот. Без оглед што сме веќе сведоци на страшни потреси, војни и природни катастрофи на Земјата.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Франсоа Моријак

Никој не е толку паметен како глупакот кога не отвора уста.

Виц блиц

Тато на Буле му прави братче

Дошол малиот Буле во собата кај родителите и прашува: - Тато, тато, што правиш? - Излези, синко, ти правам батче! Буле излегол. По некое време еве го пак: - Тато, тато, што правиш? - Се...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се