Континуитетот на преиспитувањето

(Edgar Morin: „Автокритика“, Култура, Скопје, 1992)

20-от век беше век полн со противречности и конфликтни состојби кои бараа максимално ангажиран однос на човекот како единка, спрема животот воопшто. Таквиот однос налагаше постојано преиспитување на ставовите, смислата, содржината на самото постоење и на динамиката во прилагодувањето на промените.

Комплексноста и неизвесната судбина на човекот, на неговата перспектива, во мозаикот на неговата свест и разбирањето на светот вградуваат се нови и нови елементи; раѓаат се нови и нови прашања, дилеми, неизвесности. Тие едновремено налагаат и преиспитување на сопствените вистини, убедувања, принципи, на сопствениот ангажман, како и нивно менување, пренасочување во друг правец. Од една страна совладување, надминување на сопствените заблуди, напуштање на сопствените идеали, а од друга осознавање и усвојување на автентичен живот ослободен и одбранет од лаги, манипулации, занеси, догми.

Разбирајќи ја комплексноста на реалноста, човекот ја разбира сопствената суштина, сопствената вредност. Се разбира себе си за да може да ги разбере другите околу себе. Човекот е подложен на критика и во мислењето и во конкретната акција, но дури и не е докрај свесен колку самиот се самокритикува, односно автокритикува, кога настојува да не остане настрана од промените, на маргините, туку да биде дел од нив. Не само како придружник, туку и како нивен поттикнувач.

За книгата „Автокритика“ на Едгар Морен, објавена на македонски во превод од француски на Луан Старова, преведувачот во предговорот, под наслов „Враќањето и новиот почеток на Едгар Морен“, вели дека е од пресудните книги во животот на еден човек, народ или цивилизација, „пресвртна книга, книга олесница, книга одредница“. Тоа еднакво се однесува и на ова наше време, на овие наши простори. Едновремено значи и потврда на својата трајна актуелност.

Иако пишувана пред повеќе од четири децении, „Автокритика“ на Едгар Морен со своите морални, антрополошки, психолошки и социолошки аспекти, елементи на едно големо и богато животно искуство, се отвора пред нас како да е пишувана за нас, за нашиот свет, за светот околу нас што се уште го живееме или живуркаме, во кој конечно и мошне драматично се урна Мореновиот „апаратски комунизам“, односно социјализмот, против кого тој го кренал својот глас во името на вистината, доживувајќи и лична драма.

Суштината на сопственото преиспитување, не и оправдување пред себе си за сопствените заблуди и искуства, Едгар Морен ја концентрира пред се во расчистувањето на сметките со себе си, но и во разбирањето на себе си.

Старова мошне прецизно ја назначува големината на „Автгокритика“ на Морен кога вели дека е таа пред се „едно полемичко дело во кое не се расчистуваат сметките со другите, туку пред се и над се со самиот себе“; и дека „Во потрага по универзална толерантна вистина, кај различни народи и култури, Морен, сведочејќи за суштината на човекот, смета дека човекот вреди колку што ќе се разбере самиот себе, колку што ќе ги разбере другите“.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Франц Кафка

Безработицата е извор на сите мани, круна на сите добродетелства.

Виц блиц

Тешко му е да гледа

Трпе оптегнат на троседот и се обраќа на Трпејца: -Трпејце мила, тешко ми е да те гледам како само работиш и се мачиш. Те молам, затвори ја вратата од кујната! 

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се