Расел

Во историјата на човековата цивилизација значајно место имаат четворица творци, мислители и научници со заедничко презиме - Расел, иако немаат блиски роднински врски:

Џорџ Вилјем Расел, со псведоним А.Е., е ирски поет, Хенри Норис Расел е американски астроном, Џон Расел е британски политичар, и секако најнзчајниот помеѓу нив - англискиот филозоф, математичар и општествен реформатор Бертранд Расел.

Ве запознаваме со нив и нивните дела.

Прочитајте повеќе:

Во одбрана на достоинството

Запознавајќи се со еден помалку или повеќе непознат и далечен свет, преку роман кој говори за суштината на живеењето и опстојувањето, тој ни станува едноставен, со логика и нам прифатлива, како да е дел од нас. Динамиката и интензитетот на живеењето се различни, особено во опкружувањето, во достасаното ниво на култивација, но во многу сегменти се квалитативно изедначени со нашиот. Ако не во егзистенцијална смисла, ако не во начинот на борбата за опстанок, ако не во изградениот систем на вредности на животот, тогаш секако во духот и немирот, во одбраната на солственото достоинство, во исконската потреба за слобода на личноста и нејзино себедокажување.

(Надин Гордимер: „Луѓето на Џулај“, „Детска радост“, Скопје 1991)

Прочитајте повеќе:

Замина уште еден великан

Во секое творештво, во секоја уметност има и мали и големи личности, и стандардни- просечни (без кои не се може) и нестандардни-натпросечни, и врвни, грандиозни како паметници, светилници, незаборавници. Нивниот замин од животов е ист како на секој друг, во заборав на некои или на сите, а во незаборав на Човекот, на неговиот растеж, на сегашноста и иднината на човековата цивилизација.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Рене Декарт

Ништо на светот не е така добро распоредено како паметта: секој мисли дека ја има доволно.

Виц блиц

Пијани и возење

Четворица пијани излегуваат од кафеана и му приоѓаат на автомобил. Еднот од нив вели: -Тошо, ти ќе возиш. Тошо се чуди: -Зошто баш јас? -Премногу си пијан за да можеш да пееш!

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се