Од древниот свет: Вавилон

 

(Џоан Оуст: „Вавилон“, „Мисла“, Скопје, ,1992)

Проучувањето и запознавањето на древниот свет го потврдува континуитетот на човековото постоење. Едновремено, исчезнатите светови и народи, нивните траги, остатоците од нивните живеалишта, го откриваат и дисконтинуитетот на светот што го создава Човекот, на времето што тој го освојува и на непостојаноста на животот. Напишани се бројни студии за старите народи- археолошки, антрополошки, социолошки, одгатнати се многу тајни, пронајдени се многу одговори на многу прашања.

Една таква студија за таинствениот Вавилон, откриен и запознаен во многу детали, но и со траги недооткриени, неослободени од заборавот, објави издавачот „Мисла“ од Скопје, под наслов „Вавилон“, а во превод од англиски на Свето Серафимов.

Прочитајте повеќе:

Митот близок и загадочен

 

(Мирча Елијаде: „Аспекти на митот“, библиотека „Идеи“, Култура, Скопје 1992)

Ова е книга што ја збогатува нашата севидност не само со својата инструктивност и аналитичност, туку и со општиот пристап и презентацијата на темата која ја обработува. Значи, кога станува збор за ова знаменито и мошне значајно дело на Елијаде, на македонски приопштено од француски од Елена Никодиновска, тоа е тема колку блиска до нас, позната, толку во многу аспекти се уште недоволно проучена, дури загадочна.

Од една страна, постојано расте нашето интересирање за митот и митологиите на светот- грчката, римската, словенската итн., а од друга се уште носиме големи празнини во знаењето за основите на митот, за митолошките системи, за проучувањата и откритијата на тој план денес.

Прочитајте повеќе:

Со голем човек сте големи

(Калил Џибран: „Пророкот“, Култура, Скопје, 1993)

Едно многу интересно и значајно дело од светската литература има објавено издавачот „Култура“ од Скопје, во рамките на својата библиотека „Светови“: „Пророкот“ од Калил Џибран, либански поет, филозоф и сликар. Едно од најпопуларните, најчитаните дела во нашево време.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Душан Радовиќ

Се плашам од оние кои повеќе можат одошто знаат. Ако им се спротивставиме, тие ќе ни покажат дека уште повеќе можат одошто знаат.

Виц блиц

На алгебарски

Им се фали една мајка на сосетките: -Само да знаете колку ми е синот паметен! Веќе е попаметен од татко му, а богами и од мене. Тој учи француски, англиски, германски,...

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се