Харолд Пинтер

Британскиот драмски писател и нобеловец е роден е на 10- ти октомври 1930- та во Ист енд, работнички дел на Лондон, а почина на 24- ти декември 2008- ма, во 78- та година. Татко му бил шивач од португалско- еврејско потекло. Глума студира на лондонската Кралска академија на драмски уметности и во Централната школа за говор и драма, но студиите ги напушта.

Глумечката кариера ја започнува во 1951- ва година под псевдонимот Дејвид Барон и наредните 6 години ги минува низ провинциските театри и на турнеи низ Ирска. Потоа се посветува главно на пишување на драми. Во 1973- та започнува да работи во лондонскиот Национален театар како режисер.

Тој е автор на 20 книжевни дела и 21 сценарио.

Се женел два пати, во 1956- та и во 1980- та, а од првиот брак има син.

Прочитајте повеќе:

Недораскажани животни приказни

(Гане Тодоровски: „Книга нашинска сиреч славјанска“, Македонска книга,Скопје)

Знаете ли кој бил отец Даниил од Москополе? Тој е авторот на првата печатена македонска книга.

Имено, во текот на 1802. во Венеција се има појавено необична книга на грчки јазик, потпишана од свештеникот и учителот Даниил Москополец, погрчен Влав од Албанија, во рамките на која за првпат во Европа се претставува македонскиот јазик (охридското наречје) во облик на печатена книга- под туѓо име и со туѓа графија (писмо). Нејзиниот наслов: „Речник од четири јазика“.

Прочитајте повеќе:

Мудроста и карактерите*

 (Ла Бриер: „Карактери“, „Дерета“, Белград, Фототипски изданија) 

„Убавото лице е поубаво од се што може да се види, а најпријатна хармонија е звукот на гласот на онаа што ја сакаме“.
ххх
 
„Жената кај човекот кого повеќе не го сака заборава се, освен оние нежности што тој од неа ги добил“.
ххх
 
„Има малку тајни љубовни врски; многу жени се помалку познати според името на своите мажи, отколку според името на своите љубовници“.
ххх
Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Аристип

Убавата ќе те предаде, грдата нема да ти се допаѓа; сиромашната ќе те упропасти, а богатата со тебе ќе владее. Ете, избери што најлесно ќе поднесуваш.

Виц блиц

Мртви пијани возат автомобил

Возат двајца мртви пијани автомобил. - Ќе стасаме ли наскоро в град? - Да, еве сега почесто газиме пешаци. - А може ли тоа малку побрзо? - Не знам, батка, ти возиш!

Кутија за пребарување

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се