Сепак Маите се во право? Ќе се случи ли пропаст на светот?

Пронајдена е една глинена плоча на древните Маи која потврдува дека апокалипсата ќе настапи следната година. Испишаната глинена плоча е најдена во храмот Комалкалка.

Плочата од Тортугеро опишува нешто што би требало да се случи на крајот од 2012. и го вклучува Болон Јокту, мистериозен мајански бог поврзан со војната и создавањето. Меѓутоа, поради пукнатината на каменот крајот на текстот е речиси нечитлив, а некои протолкувале дека пишува „Тој ќе слезе од небото“.

Тулата односно глинената плоча од Комалкалка е необична поради тоа што изгравираните страници најверојатно биле свртени кон внатрешноста и прекриени со гипс, што значи дека не требало да бидат видливи. Најдена е во мајанскиот храм кој, за разлика од другите, целиот е од тули.

Датумот на тулата- глинената плоча се поклопува со крајот на 13-от бактун, односно датумот на плочата од Тортугеро. Бактуните се периоди од 394 години, а 13 бил свет број за Маите. Нивниот календар почнува во 3114.г. пр.н.е., а 13-от бактун завршува на 21. декември 2012.

Портпаролот на мексиканскиот институт, Артуро Мендес, вели дека делот од инскрипцијата е откриен пред неколку години и оти е детално проучуван. Тулата- глинената плоча никаде не е изложена, туку се чува во фундусот на институтот, а ја видел само научен круг.

Обете инскрипции, и на плочата од Тротугеро и на тулата- глинената плоча од Комалкалка, најверојатно се изделкани пред 1.300 години и секоја е мистериозна на свој начин.

Очекувано, ова предизвика бројни дискусии на стручни онлајн форуми. Многумина и натаму се сомневаат дека тулата- глинената плоча дава конечна референца на 21. или 23. декември 2012. година, датумите што ги наведуваат застапниците на теоријата дека не чека пропаст на светот.

„Некои ова го видоа како уште еден показател за 2012., но јас не сум убеден“, изјави Дејвид Стјуарт, специјалист за мајанска епиграфија на Тексашкиот универзитет во Остин.

Тој вели дека датумот врежан на тулата- глинената плоча е „календарски круг“, комбинација на положба на ден и месец која се повторува на секои 52 години.

Стјуарт напомнува дека датумот на тулата- глинената плоча би можел да одговара и на слични датуми во минатото:

„Нема причина тоа да не биде и датум од древните времиња кој опишува некој важен историски настан од класичниот период. Всушност, третиот глиф на тулата изгледа дека го означува глаголот huli што значи тој/тој/тоа доаѓа. Нема идно време (за разлика од фразата од Тортугеро), што според мене повеќе укажува дека датумот од Комалкалка е историски, а не пророчки“, заклучува тој.

Треба да се наспомне дека Институтот за антропологија и историја одамна објаснува дека претпоставките за некој настан на крајот од декември 2012. година кој ќе го промени/ уништи светот е само западњачка лоша интерпретација на мајанските календари.

„Западњачката месијанска мисла ја изврте космовизијата на древните цивилизации, каква што била мајанската“, непрестано се повторува од оваа институција. Нејзините стручњаци велат дека Маите го гледале времето како низа од правилни циклуси, но ништо апокалиптично нема на крајот од кој било циклус.

Сепак, ќе потсетиме на едно најново истражување кое покажува дека во наредните 3 години Земјата би можела да ја погоди „сончева супербура“ која нашата цивилизација би ја вратила во мрачното доба.

По најспектакуларната aurora borealis во последните 153 години светлата ќе се изгаснат, и тоа не оние на небото туку на Земјата. Голем дел од нашата планета до утрото ќе остане без струја, а нешто пред полноќ ќе се угасат Интернет и сите мобилни телефони. Веќе вториот ден целата цивилизација ќе биде во хаос. Се предвидува и дека до крајот на 2013. година многумина Европјани ќе умрат од глад. Предвидувањата велат дека опоравувањето од таа „криза“ ќе трае две децении.

Ваквото „црно сценарио“ за Земјата ојбави магазинот New Scientist. Тоа се случувало и порано, а е пресметано дека може да се повторува на секои 11 години.

Сончевите бури во нормални случаи не предизвикуваат толкава загриженост. Набиените субатомски честички главно не ги вознемируваат повеќето Земјани, туку само астронаутите и сопствениците на сателити. Луѓето на Земјата тие „напади“ не ги чувствуваат, зашто ги штити Земјиното магнетно поле. Но секое толкаво Сонце исфрлува огромно количество на топлина која се движи со брзина од милиони километри на час и може да предизвика проблеми на Земјата.

Последниот таков „голем напад“ на Сонцето врз Земјаните се случил на 1. септември 1859. година кога било можно, поради јачината на светлината испратена од Сонцето, на полноќ да се чита весник. Во Калифорнија работници во рудник се разбудиле порано и тргнале на работа поради количеството светлина што ги „заплиснала“ во ноќните часови. Но, штетата од тој „електричен шок“ во тие години лесно се поправила зашто цивилизацијата функционирала врз основа на „железо и мускули“.

Денес, кога цивилизацијата функционира врз основа на супермрежи втемелени на електрична струја и комуникации, штетите ќе бидат несогледливи.

„Секоја година нашата човечка технологија станува се поранлива“, напиша во своето излагање на Американската академија на науките стручњакот за вселена Даниел Бакер.

Проблемите ќе дојдат поради нашата зависност од електричната енергија и начинот на кој таа се пренесува. Таквата соларна супербура ќе „впумпа“ милијарди нови гигавати во системот. Трансформаторите кои високонапонската струја ја претвораат во куќна би се растопиле.

Научниците таа бура ја предвиделе за 2012. година затоа што таква се случила во 1859. и поради помала бура која пред 20 години ја погодила источна Канада и оставила 20 милиони луѓе без струја. Моментно Сонцето е во мирување, но неговата најсилна активност се предвидува за 2012., и тоа некаде во текот на летото или есента.

Предвидувањата се дека најмалку погодени делови од Земјата ќе бидат токму оние најсиромашните, зашто Третиот свет, кој не е во толкава зависност од струјата, најлесно ќе се прилагоди на живот без неа.

За да се спречи оваа катастрофа Земјаните би можеле да испратат во вселената повеќе сателити кои на време би предупредиле за нападот, зашто најсилниот бран ќе биде на почетокот.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Франсоа Моријак

Никој не е толку паметен како глупакот кога не отвора уста.

Виц блиц

Татко, син и порно филмови

Разговараат татко и син: -Синко, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? -Чистач на базени. -А зошто баш чистач на базени? -Па, може и градинар, водоинсталатер, Дедо Мраз, разнесувач на пици... -Женооо, малиот ги нашол...

Кутија за пребарување

Живот

« November 2017 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      

Спортсмен

Најава или Регистрирај се