Во галактичкиот поредок Сонцето е исклучително мирна, константна ѕвезда- нејзиниот сјај варира одвај 0,1% во текот на 11-годишен соларен циклус. Во галактичкиот поредок Сонцето е исклучително мирна, константна ѕвезда- нејзиниот сјај варира одвај 0,1% во текот на 11-годишен соларен циклус.

Активноста на Сонцето го менува времето на Земјата

Дури и сосема мала колебливост на активноста на Сонцето го менува времето на Земјата, но не и климата, заклучиле американски научници по повеќегодишно посматрање и  мерење, објави американската агенција НАСА.

Во галактичкиот поредок Сонцето е исклучително мирна, константна ѕвезда- нејзиниот сјај варира одвај 0,1% во текот на 11-годишен соларен циклус.

Меѓутоа, истражувачите почнуваат да сфаќаат дека и тие, наизглед ситни промени, имаат значително влијание врз времето на Земјата. Новиот извештај на Националниот истражувачки совет на САД (NCR), „Ефекти на соларната варијабилност врз климата на Земјата“, покажува изненадувачки сложен начин на кој влијае активноста на Сонцето.

Разбирањето на поврзаноста на Сонцето и времето бара широчина на стручност во областите како што се физика на плазмата, соларна активност, хемија на атмосферата и динамика на флуидот, молекуларна физика, дури и- историја. NCR затоа собрал десетици стручњаци.

Еден од нив, Грег Коп (Greg Kopp) од лабораторијата на Универзитетот во Колорадо за атмосферска и вселенска физика, истакнува дека, иако варијациите на светлината на Сонцето во текот на неговиот 11-годишен циклус на активност изнесуваат само една десетина од еден процент (0.1%), и таа толку мала промена е важна на Земјата. 

„Дури и обично краткорочните варијации од 0,1% количество на Сончево зрачење ги надминуваат сите други извори на енергија вкупно“, меѓу кои е и природната радиоактивност на јадрото на Земјата, вели Коп.

Од посебно значење е екстремното ултравиолетово зрачење (EUV) на Сонцето ко е најголемо во годините на максимум на соларниот циклус. Меѓутоа, EUV зрачењето не варира за минијатурните 0,1%, туку со неверојатни промени за 10 или повеќе пати (1.000 и повеќе насто). Тоа силно влијае врз хемиската и топлотната структура на горниот дел од атмосферата.

Неколкумина истражувачи разгледувале како тие промени од горните слоеви на атмосферата стигнуваат до површината на Земјата. Еден начин е тој што хемиското влијание на зрачењето на Сонцето го намалува нивото на озонот за неколку проценти, а бидејќи озонот го впива UV зрачењето, помалку озон значи дека повеќе UV зраци од Сонцето стигнуваат до Земјината површина.

Исак Хелд, од Метеоролошката и океанографската служба на САД (NOAA), објаснува дека поради загуба на озонот во стратосферата се менува движењето на атмосферата под неа, па ладењето на стратосферата над половите доведува до зголемување на температурата кон екваторијалниот појас, поради што бурите скршнуваат од курсот.

Други истражувачи се концентрирале на сложените меѓузависности на слоевите на атмосферата и океаните, дел со влијание на хемиските реакции, термодинамиката и физиката на флуидот.

Еден од измерените и потврдени влијанија е тој дека во време на најголема активност на Сонечвите пеги тропскиот дел од Тихиот океан се лади за речиси еден степен поради што паѓа повеќе дожд од обично, а притисокот на воздухот расте во пошироко подрачје.

Во последниве години истражувачите ја разгледувале можноста Сонцето да влијае врз загревањето на климата на Земјата. Но, Извештајот на NCR укажува дека влијанието на колебливата активност на Сонцето е повеќе регионално одошто глобално.

Така, кога Земјината радијациона рамнотежа се менува- во случај на јакнење на соларниот циклус, екваторијалната зона на Тихиот океан се лади, водостојот на реките во Перу опаѓа, а сушата го погодува западот на САД.

Рејмонд Бредли (Raymond Bradley), од Универзитетот Масачусетс, кој ги проучувал слоевите на радиоизотопите од активноста на Сонцето втиснати во јадрата на старите стебла на дрва и во слоевите на ледот на Земјините полови, заклучил дека Сонцето повеќе го менува регионалниот распоред на врнежите, отколку температурата. 

Така, ако навистина постои влијание на Сонцето врз климата, тоа повеќе се манифестира со промените во општата циркулација на воздухот, отколку во директната промена на температурата. Тоа се вклопува во заклучоците на поранешни извештаи дека колебливата активност на Сонцето не е причина за глобалното загревање на Земјата во последните 50 години.

Сепак, уште не е докажано дали 7-годишниот дефицит на Сончевите пеги кон крајот на 17. и почетокот на 18. век бил причина за најстудениот дел од Малото ледено доба, кога Европа и Северна Америка тешко преживеале исклучително ладна и необично долготрајна зима. Механизмот на тоа ладење можел да биде намалување на EUV зрачењето на Сонцето, но тоа само се претпоставува. 

Сонцето е повторно на работ на иста појава- неговиот сегашен циклус на активност е најслаб за повеќе од 50 години, а освен тоа има и доказ за долгорочно слабеење на магнетното поле на Сончевите пеги кои се се помалку.

„Ако Сонцето навистина влегува во нам непозната фаза на намалување на активноста, мораме двојно да ги зголемиме напорите за да ја разбереме поврзаноста на Сонцето и климата“, вели Лика Гухатакурта (Lika Guhathakurta) од НАСА. Таа американска агенција и го помогнала финансирањето на студијата на NCR, чиј извештај нуди добри идеи, вели Гухатакурта. Помеѓу тие идеи е поставувањето на низа инструменти на Земјата и испраќањето во вселената.

Зашто, вели Питер Фукал (Peter Foukal) од фирмата Хелиофизикс (Heliophysics, Inc), Сонцето не е еднолична светлечка топка, туку неговата површина е источкана со мрачни јадра на пеги и испрскана со светли магнетни полиња. Мерењето, снимањето и споредувањето на промените би можеле да помогнат да се сфати и предвиди влијанието на Сонцето врз времето на Земјата, а тоа е нареден клучен предизвик за истражувачите.

(Извор: БЕТА)

Повеќе во оваа категорија: « Галаксии-Галатики

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Перл Бак

На мажот лесно престанува да му се допаѓа оваа или онаа жена, но тој не престанува да ја сака својата омилена хана.

Виц блиц

Час по филозофија

Професор по филозофија стои пред своите студенти, а пред себе има неколку предмети. Започнува часот. Тој без збор зема в раце голема празна тегла од краставици и почнува да ја...

Кутија за пребарување

Живот

« September 2017 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  

Спортсмен

Пробајте ја нашата нова страна. Влатко М.

Најава или Регистрирај се