Галаксии-Галатики

-Зборот „галаксија“ потекнува од грчкиот збор „галаксијас“ („γαλαξίας“), односно „киклос галактикос“ и во превод значи „млечен круг“, зашто таков изглед имаат одделни галаксии кога се посматрани под ведро небо.

Галаксиите се големи групи ѕвезди „врзани“ со гравитација, кои содржат исто така меѓугалактички гас, меѓуѕвездена прашина и (можно) невидлива темна материја, а се наоѓаат насекаде во вселената, се до границите на можноста на астрономското забележување. Според големината, тие се делат на најмали (џуџести), кои содржат околу 10 милиони ѕвезди, до енормно големи кои содржат и до билион (1012) ѕвезди. Се претпоставува декa во видливиот дел на универзумот постојат над стотина милијарди (1011) галаксии.

Повеќето галаксии во пречник имаат од илјада, па до стотина илјади парсеци (неколку десетици илјади, па до неколку стотици илјади светлосни години). Тие се често оддалечени една од друга повеќе милиони парсеци (или мегапарсеци). Меѓусебно, пак, се поврзани со гравитација и како  такви прават група или галактичко јато, а кои, пак, заедно можат да формираат и суперјато. Се претпоставува дека 90% од материјата во галаксиите ја чинат тн. темна материја. Податоците собрани со посматрање говорат дека повеќето галаксии содржат барем по една супермасивна црна дупка во својот центар. Мошне е веројатно нашата галаксија, Млечниот пат, да поседува еден таков објект.

Галаксијата во која се наоѓа Земјата односно Сончевиот систем се нарекува и Кумова слама или Галактика. Името е поврзано со светлиот појас на небото со поголема концентрација на ѕвезди. Таа има форма на диск, па оттаму и потекнува појавата на светол појас (Кумова слама), зашто во насока спрема работ на галактиката се наоѓаат поголем број ѕвезди од другите насоки.

Пречникот на Галактика е околу 85.000 светлосни години, а нејзината дебелина поколу 15.000 светлосни години. Сонцето од нејзиниот центар е оддалечено околу 25.000 светлосни години и се движи со брзина од околу 250 км/ч, така што едно обиколување трае 19 милиони години.

Големиот и Малиот Магеланов облак се најблиски соседи на Галактика. Тие две галактики според вкупната маса се помали од Галактика, а се оддалечени од Земјата околу 150.000 светлосни години.

Повеќето галактики, а можеби и сите, се групирани во метагалтики кои содржат по неколку галактики, па се до неколку илјади. Во рамките на групите галактиките се оддалечени помеѓу себе до околу милион светлосни години, а оддалеченостите помеѓу групите се поголеми околу 100 пати. Теоретски се уште не се доволно разјаснети механичките својства на таквите групи, па некои истражувачи таквиот распоред го сметаат за случаен, дека не се системи од повеќе галактики. Најоддалечените галактики кои е можно да се посматраат се неколку стотици милиони светлосни години далеку од Земјата.

Истражувањето на галактиките започнува во 20. век, иако одамна кај различни народи биле познати три галактики видливи со голо око. Од Хипарх (II в.пр.н.е.), преку арапските астрономи, па се до 20.в. галактиките, заедно со ѕвездените јата, светлечките групи на меѓуѕвездениот гас и другите објекти кои за разлика од ѕвездите не претставуваат точкести извори на светлина (освен Сонцето, планетите и кометите), се нарекувани маглички. Во 1917. г. американскиот астроном Г.В. Ричеј врз основа на посматрањата  на магличката NGC 6946, во која забележал ѕвезда од типот нова, ја поставил хипотезата дека некои маглички се вонгалактички објекти и оти претставуваат галактики слични на нашата, но на големи оддалечености. Хипотезата во 1924. г. ја докажал Е. Хабл со откритие на ѕвездите цефеиди во три посматрани маглички.

Галактиките меѓусебно се разликуваат според обликот, па така се класифицирани (Хабл, 1926) во три групи кои ги носат ознаките од E0  до E7 за елиптичните галактики, како и од Sa до Sc и од SBa до SBc за двете групи спирални галактики. Во 1958. г. американскиот астроном Морган ги класифицирал галактиките според типот на ѕвезди кои се во нив претежно застапени, во класите a, af, f, fg, g, gk и k, според аналогијата со ѕвездените типови O, B, A, F, G, K, M. Постои големо совпаѓање на тие две класификации, така што на пр. Sc галактиките се претежно af и fg, a E галактиките од типот gk и k. Бидејќи типовите ѕвезди се во врска со нивното стареење, совпаѓањето упатува на тоа дека и галактиките имаат развоен пат преку различни облици.

Големата оддалеченост до галактиките, d, се одредува со помош на равенката: 5 log d= m- M + 5. M е апсолутна, а m привидна големина на избраната ѕвезда во галактиката (на пример на некоја цефеида). Привидната големина се мери, а апсолутната се одредува според востановени закони. Кај цефеидите постои однос помеѓу периодот на промена на сјајот и апсолутната големина, кој е востановен за тој тип ѕвезди во рамките на нашата галактика, каде што оддалеченоста е можно да се мери со помош на паралакса.

Од завршувањето на II светска војна галаксиите се испитуваат и со радиотелескопи. Тие испитувања битно ги проширија знаењата за нив и за другите вселенски објекти.

Најново и мошне интересно откритие- сознание кое го актуелизира прашањето дали човечката цивилизација воопшто потекнува од галаксијата Млечен пат (преземено од: http://www.viewzone.com/milkyway.html)):

При користењето на голем број податоци од проектот Two-Micron All Sky Survey (2MASS), http://www.ipac.caltech.edu/2mass/ , кој имал за цел да го испита небото со помош на инфрацрвена светлина, а кој е воден на University of Massachussets, астрономите одговориле на прашања кои ги збунувале научниците со децении. Потврдено е дека Млечниот пат конзумира еден од своите соседи, и тоа на драматичен начин- со непрестан галактички канибализам.

Студијата, објавена во Astrophisycal Journal, е прва која ја прикажува целосно галаксијата Стрелец и визуелно јасно ни прикажува како нејзини урнатини го обвиткуваат нашиот Млечен пат и како минуваат низ него. Масата на галаксијата Стрелец е 10.000 пати помала од масата на Млечниот пат, кој ја растегнува, ја кине и ја голта.

Со помош на суперкомпјутер се испитани половина милијарди ѕвезди и е направена нова ѕвездена мапа, која покажува дека нашиот Сончев систем е точно на границата на двете галаксии кои се спојуваат. Користејќи инфрацрвено зрачење, астрономите одфилтрирале милиони ѕвезди од првиот план и ги насочиле на типот ѕвзеди кои се нарекуваат М-гијанти. Тие џиновски јасни инфрацрвени ѕвезди се бројни во галаксијата Стрелец, но не се вообичаени во надворешните подрачја на Млечниот пат.

Самото постоење на Стрелец не било познато до 1994., кога тим на британски астрономи го открил срцето на таа нам најблиска џуџеста галаксија.

Фактот дека Млечниот пат на небото се гледа накосо ги збунувал астрономите. Кога би потекнувале од Млечниот пат, би биле ориентирани според галактичка еклиптика, со планети распоредени околу нашето Сонце во ист агол, во кој нашето Сонце е израмнето со Млечниот пат. Наместо тоа, тој чуден агол, како што прв го назначил истражувачот Метју Перкинс Ервин, говори дека Сонцето е под влијание на некој друг систем.

Со помош на податоците од 2MASS истражувањето, сега знаеме дека всушност и припаѓаме на џуџестата галаксија Стрелец, која сега минува низ процес на спојување со галаксијата Млечен пат. Млечниот пат никогаш не бил наш дом.

„Првата целосна мапа на Стрелец ја покажува неговата интеракција со Млечиот пат“, вели Мајевски. „Две ѕвезди и соѕвездија во надворешниот дел на Млечниот пат му биле украдени на Стрелец, кога гравитационите сили на Млечниот пат му ги одгризале на џуџестиот сосед. Тоа јасно покажува дека Млечниот пат расте, така што ги голта своите помали соседи“.  

Студиската мапа M- гијант на ѕвездите прикажува 2 милијарди години долго отстранување на Стрелец од страна на Млечниот пат и оти Стрелец се нашол во критична фаза, кога го достигнал својот танц на смртта.

„По бавното, непрестано голтање од страна на Млечниот пат, Стрелец ослабел и ја достигнал точката кога самиот себе си не можел да се држи на собир“, вели Мартин Вејнберг, член на 2MASS и коавтор на студијата. „Го гледаме целокупниот систем на Стрелец на крајот од неговиот живот“.

Значи ли тоа дека се наоѓаме во единствен момент на животот на нашата галаксија? Да и не.

„Астрономите и натаму тврдат дека не се наоѓаме во некое посебно време или место во вселената“, вели Мајевски. „Со оглед на историјата на Млечниот пат, која трае 14 милијарди години, малку е веројатно дека би биле сведоци на краток настан како смрт на Стрелец. Сметам дека таквите настани во животот на големите спирални галаксии, како што е нашата, се вообичаени. Млечниот пат веројатно во минатото веќе проголтал неколку џуџести галакси“.

Од друга страна, Мајевски и неговите колеги се изненадени колку се близу до Земјата делови од урнатините на Стрелец.

„Орбитата на нашиот Сончев систем низ остатоците на Стрелец трае само неколку проценти од 240 милијарди години долгата орбита околу галаксијата Млечен пат“, вели Мајевски. „Интересно е дека сега ѕвездите од Стрелец се влеваат во нашата сегашна положба во Млечниот пат. Ѕвездите од другата галаксија се релативно близу до нас. Мораме да ги превреднуваме нашите претпоставки за галаксијата Млечен пат за да ja објасниме контаминацијата“.

Новите сознанија ќе им помогнат на астрономите да ја измерат тоталната маса на галаксиите и да ги испитаат количеството и распоредот на црната материја во тие системи.

„Обликот на орбитата на остатоците од Стрелец ни покажува дека невидливата црна материја на Млечниот пат е дистрибуирана сферично. Тоа е резултат кој не можеше да се очекува“, вели Вејнберг. „Посматрањата ни нудат нови сознанија за таинствената црна материја“, вели Спергел. „Или е нашата галаксија необична или црната материја има повеќе особини отколку што се наведува во досегашните модели“.

Удел во глобалното затоплување?

Се претпоставува дека е тоа главната причина за глобалното затоплување, бидејќи повисокото ниво на енергија на Млечниот пат може да предизвика сончевата активност да биде повисока и Сонцето да зрачи повеќе енергија. Топлината е навистина зголемена на сите планети од нашиот систем. Таа појава нема врска со ефектот на стаклената градина и сл. 

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Луциј Анеј Сенека

Треба да се прави она што е пристојно, а не она што е допуштено.

Виц блиц

Тел. повик на пријател од робија

Заѕвонува телефон и се слуша груб глас: - Ало, дали е тука 990237631? - Да, а кој го бара? - Овде 844803361, негов пријател од робија.

Кутија за пребарување

Живот

« November 2017 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      

Спортсмен

Најава или Регистрирај се