Некои верувања упатуваат на тоа дека боговите владееле со земјата пред кралот Менес, што наведува на помислата дека „дојденците" кои ја донеле светлината на цивилзиацијата во земјите на Египет владееле некое време и потоа или заминале или се измешале со локалното египетско население. Некои верувања упатуваат на тоа дека боговите владееле со земјата пред кралот Менес, што наведува на помислата дека „дојденците" кои ја донеле светлината на цивилзиацијата во земјите на Египет владееле некое време и потоа или заминале или се измешале со локалното египетско население.

Египетската магија

Во „Книгата на мртвите" постојат очигледни- експлицитни кажувања односно докази дека Египтјаните својот систем на магиски и религиозни верувања и го должат на некоја високоразвиена и напредна култура со која во раниот период на својата историја во еден момент имале „близок допир". Се работи за период од развојот на стариот Египет- преддинастичкиот и раниот династички, а за чие времетраење научниците имаат различни сознанија и тврдења.

Американскиот експерт Џејмс Бонвик во својата книга „Египетските верувања и современата мисла" тврди дека царството е основано околу 5000. г. пр.н.е.

Некои верувања упатуваат на тоа дека боговите владееле со земјата пред кралот Менес, што наведува на помислата дека „дојденците" кои ја донеле светлината на цивилзиацијата во земјите на Египет владееле некое време и потоа или заминале или се измешале со локалното египетско население.

Различни се и размислувањата и претпоставките за нив. Поортодоксните сметаат дека веројатно имаат сумерски корени, успеале да еволуираат повеќе од останатите околни култури и се спуштиле во Египет околу 4000. г.пр..е., а една друга теорија ја спомнува Атлантида како цивилизација која поседувала напредна технологија.

Постои и трета, од најнов датум, која многумина ја сметаат за „спектакуларна"- онаа за египетските духовни и магиски почетоци, која ја вклучува идејата за луѓе од вселената што слетале на тоа подрачје и ги подучиле „примитивците" на основните вештини на цивилизацијата. Имено, суштества од сончевиот систем Сириус ја посетиле земјата пред многу илјади години и се делумно „одговорни" за скокот од примитивен живот во високи културни и цивилизациски стандарди, остварени во периодот од 4500. г.пр.н.е. до 3400. г.пр.н.е. Спомнатиот Бонвик вели дека кои и да биле, тие иселеници што се појавиле во Египет сретнале расса на луѓе за кои во поново време е докажано дека повеќе наликувале на Абориџините, отколку на црнци.

Египтјаните од тоа време биле примитивен, но интелигентен народ со свој систем на верувања, суеверија и магија. Обичаите им биле слични на оние што се откриени во земјите на опкружувањето. Дојденците ги подучиле како да основаат заедница, да ја обработуваат земјата, да прават орудија и алати, да развијат меѓусебна комуникација и да ги почитуваат основните закони. Исто така, се појавила и нова религија, иако во некои случаи на предисториските божества и духови им е дозволено постоење рамо до рамо со новите богови.

Во духовната сфера кај старите Египтјани постоела тн. свита на хиероглифи која вклучувала неколку „преносници", а секој од нив поседувал посебна функција во севкупната метафизичка замисла.

На прво место е Саху. Тој бил некој вид на етерично тело. Духот го користел за по смртта да стаса до високите небески нивоа. Состојбата на Саху можела да се постигне само со соодветни молитви изговарани веднаш по смртта на лицето. Богот Озирис и самиот поседувал Саху, па имал моќ тој преносник да им го подари на другите души, пак по правилно срочено барање над телото на мртвиот. Всушност, Саху бил бесмртен преносник кој живеел во душата.

Кхат е физичко тело. Тоа е подложно на пропаѓање, па било нужно да се зачува со мумификација.

Ка е збор кој би можел да се преведе како „двојник". Таа била апстрактно лице, која поседувала способност  и атрибути на човек на кому му припаѓала. Имала способност да скита слободно наоколу, иако постојано живеалиште и била гробницата на починатиот. Бидејќи била сосема независна од телото, можела да му вдахне душа на некој предмет или да изврши прогонување. Како што верувале старите Египтјани, Ка била мошне наклонета кон вкусен оброк и чаша добар пијалок, па така со тоа добро се снабдувале. Мислеле дека е мошне непожелно „гладната" Ка да скита наоколу, да прекопува по буништата и на тој начин да внесува зараза во гробницата.

Ба била душата. Таа на некој необјаснив начин била поврзана со Ка, со која престојвујала во гробницата. Ба можела да го посети телото секогаш кога ќе посака.

Аб или срце е тесно поврзано со душата и се верувало дека тоа е извор на животот, како на анималниот исто така и на оној дел од него со кој го разликуваме доброто од злото. Зачувувањето на срцето за Египтјаните било од исклучителна важност. Понекогаш се сметало за средиште на духовниот и мисловниот живот. Често го карактеризирале како орган низ кој можеле да се видат карактерните особини и начинот на искажување на добродетелствата и пороците. Втор збор за овој орган би бил „свест".

Кхаибит или сенка е следниот духовен хиероглиф. Таа се поврзувала со Ба или со душата и се сметала за неодвоив дел од тн. човечка економија. Се чини дека, како и Ка, ја хранеле со леаници и жртви, а имала и вонтелесен живот.

Кху или дух главно се спомнува во врска со Ба (душа) и се чини дека на него е гледано како на светлечка материја која живее во душата во Саху, односно во духовното тело.

Секхем е моќ или сила, која се сметала за отелотворение на животната сила во човекот. Секхем живее на небото помеѓу Кхуите или душите.

Рен или име. Египтјаните преземале сериозни мерки за да го зачуваат името. Тоа било поради мошне распространетото мислење и верување дека битието на човекот, доколку не му се сочува името, ќе престане да постои. Модерната езотерија смета дека вибрирањето на името е од најголема важност и оти има моќ да создаде хармонија или дисхармонија во животот на поединецот.

Овие хероглифи, заедно со оние што претставуваат божествени форми, најчесто можат да се најдат на гробниците и во погребните одаи. Се разбира, постојат уште и оние што биле во врска со секојдневните активности и неизвесности.

(Извор: повеќе текстови на Интернет)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Семјуел Батлер

Едноставната забава е последно прибежиште од комплекси

Виц блиц

Исчезната сопруга

Дотрчува маж во полициска станица: -Ве молам, жена ми исчезна, пронајдете ја! Еве ви ја нејзината фотографија. Дежурниот ја погледнува фотографијата, па му вели на загрижениот сопруг: -А Зошто да ја бараме?

Кутија за пребарување

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се