Абу'л-Касим Мухамед ибн Абдулах, основачот на исламот, е роден на 20.04.570-та година, а умрел на 08.06.632-ра година во Медина. Му припаѓал на родо„т Хашим, од племето Курејш. Абу'л-Касим Мухамед ибн Абдулах, основачот на исламот, е роден на 20.04.570-та година, а умрел на 08.06.632-ра година во Медина. Му припаѓал на родо„т Хашим, од племето Курејш.

Кој бил „таткото“ на исламот Мухамед?

Абу'л-Касим Мухамед ибн Абдулах, основачот на исламот, е роден на 20.04.570-та година, а умрел на 08.06.632-ра година во Медина. Му припаѓал на родо„т Хашим, од племето Курејш.

За неговиот живот се знае малку. Останал рано без родители. Во раната младост патувал со стриковците поради трговија, а веројатно на тие патувања, особено низ Сирија и Месопотамија, се запознал со христијанството и еврејството, што влијаело на неговото подоцнежно учење. Преданието говори дека во својата 40-та година Мухамед почнува да проповеда нова монотеистичка религија, чиј главен извор е небеската книга Куран, испратена од Алах преку ангелот Џибрил.

Наишол на мошне голем отпор од владеечкиот слој, па во 615-та година се случуваат две селидби на муслиманите во Абисинија, потоа економска изолација на муслиманите од 617-та до 619-та година и обид за атентат над Мухамед.

Во 619-та година умираат неговата 15 години постара жена Хадиџа и главниот заштитник Абу Талиб. Таа година е наречена „година на тагата"- сана ал-хузн.

Во тоа време, според традицијата, се случило патувањето на Мухамед од Мека во Ерусалим (мираџ).

Мухамед е прифатен во Медина и на 20.06.622-ра се преселува во неа (прави хиџра). Калифот Омер 17 години подоцна ја воспоставува муслиманската или хиџреската ера, која почнува на 16.06.622-ра година.

Во 630-та година Мухамед, по неколку значајни битки, триумфално влегува во Мека и прогласува општа амнестија, по што муслиманите загосподариле со голем дел од Арабија. Две години подоцна умира и е погребан во неговата џамија во Медина.

Според преданието, Мухамед бил неписмен, па тој факт муслиманите го истакнуваат како доказ дека е тој избраник на Алах и дека Куранот има божествена моќ оти не го составил човекот. Затоа тие и прават разлика помеѓу текстот на Куранот (зборовите на Алах) и хадисот (изреките на Мухамед), на што се темели севкупното учење на исламот.

Мухамед остварил политичко и верско обединување на Арапите, создал цврста база за нивната воена, политичка и културна експанзија и кон Исток и кон Запад.

Делото и животот на Мухамед се предмет на многу трудови и расправи во исламската литература. Особено често е пишувано за раѓањето на Мухамед (мевлуд) и заминувањето на небо (мираџ). Дури, има мислења дека таквите дела послужиле како извор за Дантеовата „Божествена комедија".

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Конфучиј

Подобро е да се сака вистината, одошто да се знае.

Виц блиц

Непоследично

Трпе оди во Германија и на Митре му ја остава мачката да ја чува. Му потенцира добро да внимава да не и се случи нешто оти ја сака многу, некогаш...

Кутија за пребарување

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се