Огниште

Моето огниште е старо
и на него, откога го согледав
семејното стебло,
гори оган кој,
што да се случува
околу мене,
еднакво во мене,
не дозволувам никој
да го угасне.

Твоето огниште
е старо исто колку моето,
но на него, откога се најде
во мојата срцевина,
нема кој да запали оган,
па твоите спомени
покрај него
почнаа да студенеат,
да венеат, да се сушат.

Огнот на нашето огниште
не гори со спокојни
пламени,
не почнува од моето тело,
не завршува во твојата страст,
ниту го продолжува
рожбата наша
се додека и во моето
и во твоето огниште
не запалиме огнови
еднакви се до вишно небо,
единствени
во жарта и пепелта
што ќе останат по нашиот
замин
во непрегледни беспаќа,
испратени од замолк
во неврат.

Сепак, нашево огниште
успеавме навреме
да го обградиме со зборови
несогорливи, несопирливи,
несоборливи,
да го заживееме со игра
неизмерна, неисцрпна,
изворна,
што да не му можат ништо
ниту разлутени ветришта,
ниту самоволни молскавици.

Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Twitter Дисплеј

Умност

Свами Вивекананда

Кој го бара бога, нема да го најде. Кој се бара себе си, бог ќе го најде.

Виц блиц

Снаа и свекрва

Имала жена син и тој се оженил. Првото утро свекрвата седнува и пие кафе, па и вели на снаата: -Знаеш што, снао, морам да ти кажам... Снаата: Добро, само ти кажи ми. -Знаеш,...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се