Огниште

Моето огниште е старо
и на него, откога го согледав
семејното стебло,
гори оган кој,
што да се случува
околу мене,
еднакво во мене,
не дозволувам никој
да го угасне.

Твоето огниште
е старо исто колку моето,
но на него, откога се најде
во мојата срцевина,
нема кој да запали оган,
па твоите спомени
покрај него
почнаа да студенеат,
да венеат, да се сушат.

Огнот на нашето огниште
не гори со спокојни
пламени,
не почнува од моето тело,
не завршува во твојата страст,
ниту го продолжува
рожбата наша
се додека и во моето
и во твоето огниште
не запалиме огнови
еднакви се до вишно небо,
единствени
во жарта и пепелта
што ќе останат по нашиот
замин
во непрегледни беспаќа,
испратени од замолк
во неврат.

Сепак, нашево огниште
успеавме навреме
да го обградиме со зборови
несогорливи, несопирливи,
несоборливи,
да го заживееме со игра
неизмерна, неисцрпна,
изворна,
што да не му можат ништо
ниту разлутени ветришта,
ниту самоволни молскавици.

Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Twitter Дисплеј

Умност

Максим Горки

Живееме во желба да се богатиме или да стекнеме некое повисоко звање, но малку напор вложуваме за стекнување на повеќе знаење.

Виц блиц

Конец

Оди луд низ лудница и зад себе влече конец. Наидува доктор и го прашува: -Зошто го влечеш конецот? Лудиот одговара: -Па, ај ти туркај го ако можеш.

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Пробајте ја нашата нова страна. Влатко М.

Најава или Регистрирај се