Игуана

0
29

Игуаните се едни од помирните домашни миленици, но секоја единка е индивидуа и има свој карактер. Приврзани му се на сопственикот, но се и своеглави. Ќе  ве третираат онака како што вие ќе се однесувате спрема нив.

Бидејќи овие гуштери пораснуваат и до 2 метра, морате да бидете свесни дека нивниот животен простор мора да биде исклучително голем. Зелената игуана во природата ги населува тропските подрачја на јужна и централна Америка. Поради својата мирнотија и сталоженост, тие се омилени домашни миленици помеѓу гуштерите. Животниот век им е од 10 до 15 години.

Просторот во кој ќе живее Вашата игуана мора да биде исклучително голем: со должина барем две нејзини, а висина три. Кафезот мора да биде висок, зашто игуаната се искачува на дрвја и повеќе време минува во крошните. Поради тоа во внатрешноста на терариумот треба да се стават дебели бамбусови гранки или платформи за одморање и сончање. Доколку во терариумот ставате растенија (не е неопходно), тие мора да бидат неотровни и цвсти, по можност пластични. Температурата на терариумот мора да варира помеѓу 21 и 30 степени Целзиусови, но е важно да постои разлика помеѓу дневната и ноќната температура, и тоа за 10 до 15 степени Целзиусови. Температурата им е мошне важна за да можат да ја сварат храната. Доколку е прениска, храната почнува да гние во варливиот тракт што доведува до непријатен мирис во терариумот, а го ослабува имунитетот на игуаната која станува неотпорна на болести и инфекции. Мошне е битна и влагата, ја постигнуваме со секојдневно прскање на терариумот со млака вода. Освен неонската светлина, што го осветлува целиот терариум, потребно е да се осигура и посебна рефлекторска светилка со УВ ламба за сончање на гуштерот.

Игуаните се мирни и сталожени гуштери, но не сакаат премногу физички контакти. Доколку тргнете со привикнување на допир додека игуаната е млада, имате прилично шанси за успех. Може да се научат да Ви стојат на рака, па и да се одѕиваат на своето име. Доколку внимателно ја посматрате, самата ќе Ви покаже каде сака да се движи, што сака да јаде, каде сака да се сонча, какви допири сака, кои лица и се интересни, а кои не ѝ се. Има добро паметење и запомнува доколку и се замерите. Можете да ја водите во прошетка, како и на море, но секогаш да ја држите на јаже односно ремен.

80% од исхраната на игуаната чинат зеленчук, 10% овошје, а остатокот продукти кои и се даваат повремено. Се препорачува: зелје, рикола, брокула, репа, тиквичка, морков, краставица, ендивија, банани, јаболка, лубеници, дињи, папаја, манго. Растението се растегнува или сече на парчиња, зашто игуаните не можат да џвакаат суров тврд зеленчук.  Од останатите продукти повремено се даваат тврдо варени јајца, тестенини, варен ориз, леб, овошен јогурт. Витаминско- минерални додатоци на исхраната се даваат 2-3 пати неделно. Сад со свежа вода мора да има секогаш во терариумот, а во него игуаната повремено и ќе се избања.

Главни симптоми на болести кај игуаните се: спие цело време, отечени екстремитети, рани или отоци на телото, црвенило или оток во устата, пролив, отечени зглобови.

Игуаната е здрава кога: нема отечени екстремитети, устата не и отечена, нема треперење на телото, зглобовите не и се отечени, кожата и е без темни дамки или точки, има нормална столица.

Игуаните достигнуваат полова зрелост со навршени 18 месеци. Се парат обично на есен, а по 8 недели женката во ископани дупки во земја излежува 28 до 40 јајца. Инкубацијата трае од 90 до 120 дена.

Игуаните не се баш социјални суштества, но доколку се припитомат и се привикнат на својот сопственик, ќе им седат на рака и ќе се одѕиваат на име. Игуаната може да биде и агресивна, доколку смета дека е загрозена нејзината територија, а особено во сезоната на парење.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion