Потребно време за читање: 3 минути

Тие се највисок планински масив на Земјата, помеѓу Индо-Гангската низина на југ и висорамнината Тибет на север. Називот е санскритски и значи „земја на изобилие од снег“. Го дели полуостровот Индостан (Бутан, Непал, Индија на југ и Пакистан на запад) од Тибетското плато (Кина) на север. Формиран е од доближување на Индоавстралиската литосферска плоча со Евроазиската.

Се протега од запад (од врвот Нанга Парбат во сојузната држава Јаму и Кашмир, Индија) кон исток (до Намча Барва на индиско-кинеската граница), во должина од 2.570 км, со просечна широчина од 250-300 км.

Хималаите се помеѓу најмладите планиски системи на Земјата и се состојат главно од издигнати седиментни и метаморфни скали. Според современата теорија за тектоника на плочите, нивното формирање е резултат од континентална колизија по конвергентната граница помеѓу Индиската и Евроазиската плоча. Колизијата започнува во периодот на горна креда, пред околу 70 милиони години, кога Индиската плоча, придвижувајќи се на север со околу 15 см годишно, се судира со Евроазиската.

Пред околу 50 милиони години Индиската и Австралиската плоча целосно го затвораат океанот Тетис. И во нашево време Индиската плоча продолжува да се придвижува хоризонтално со околу 67 мм годишно, подвлекувајќи се под Тибетското плато со што го издига угоре. Околу 20 мм годишно од индиско-азиската конвергенција се навлекува по јужниот фронт на Хималаите, а што води до нивно издигање за околу 5 мм годишно и ги прави геолошки мошне активни. Движењето на Индиската плоча на север го прави регионот сеизмички мошне активен.

Прочитај и за ... >>  Вулкани- Зона на тишината

Хималаите се состојат од три паралелни била кои стрмно се спуштаат кон Индо-Гангската низина. Најсеверниот појас (Високи Хималаи) ги опфаќа највисоките делови на масивот; десетина врвови (претежно во Непал) преминуваат 8.000 м, а највисок е Монт Еверест (8.848 м.). Средишниот планински појас (Ниски Хималаи), со просечна висина од 4.000 м., е највисок во Непал (до 6.000 м.). Најјужниот појас, со просечна висина од 900 до 1.200 м, прави премин кон Индо-Гангската низина.

Многуте ледници-околу 15.000 (со приближно 12.000 км кубни вода), се наоѓаат претежно во централниот дел, особено на подрачјето на Монт Еверест и Канченјунга. Долгиот 70 км ледник Сијачен, расположен на границата помеѓу Индија и Пакистан, е втор по должина ледник на светот надвор од поларните области.

Речиси сите поголеми реки извираат во северниот дел на Хималаите. Западните го формираат Индискиот басен, во кој најголема е Инд. Таа започнува во Тибет и тече на југозапад низ Индија и Пакистан до Арапското море. Главни реки во системот на Инд се Џелам, Чинаб, Рави, Бијас и Сутлеџ. Речната мрежа е подобро развиена на јужните падини. Повеќето од останатите се од басенот Ганг-Брампутра. Ганг тече во рамнините на југ од Хималаите, а Брамапутра извира во Тибет, тече на исток, ги пресекува Хималаите и на запад се влева во Бенгалскиот залив, формирајќи делта со Ганг. Реката Иравади извира од источната страна на Тибет и тече на југ низ Мијанмар до Андаманското море.

Прочитај и за ... >>  Алшар-мистерија или...

Реките до висина од 1.000 м се покриени со тропска шума која минува во суптропска, а од 2.000 м во лисна шума со умерена клима. Северните падини на Високи Хималаи се покриени со сиромашна вегетација.

Во Хималаите има и стотици езера, повеќето на надморска висина под 5.000 м. Најголемо е Пангонг Цо, на границата помеѓу Индија и Кина-околу 700 км кв.

Хималаите се климатска преграда помеѓу тропско-монсунската клима на Индија и континенталната пустинско-степска на средна Азија. Просечната јануарска температура на јужните падини, во висина од 2.000 м, е 6,5, а јулската 18, 5 степени Целзиусови. Над 4.500 м температурата во летните месеци е под 0. Годишното количество на врнежи изнесува на јужните падини, особено во источниот дел, 3.500-4.500 мм. Северните падини примаат многу малку врнежи.

Малубројното население е концентрирано на аглите во долинските проширувања на јужниот дел од Хималаите и на високите тераси, а се занимава со сточарство и земјоделие. За ограничен промет служат претежно патеки. Просечната висина на планинските превои е 4.500-5.500 м. Важни сообраќајници: патот кој го поврзува Катманду со долината на Ганг (Багалпур) на југ и со долината на горниот тек на Брамапутра (Шигатсе) на север, патот од Силигури преку Сикима до Ласе, и патот во западните Хималаи кој води од јужниот дел на индиската сојузна држава Јаму и Кашмир во долината на горниот тек на Инд.

Прочитај и за ... >>  Галаксии-Галактики

Првите искачувања на највисоките врвови на Високите Хималаи се извршени во 50-тите години на 20. век: во 1950. на Анапурна (8.091 м, прв освоен врв над 8.008 м.), во 1953. на Монт Еверест (8.848м ), во 1955. на врвовите Канченјунга I (8.598 м) и Макалу II (8.481 м), а во 1956. на Лотсе I (8.511 м).

Димитар Илиевски-Мурато (29.09.1953, Битола-10.05.1989., Непал) еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто, се искачи на Монт Ееверест, но не успеа да се врати во базниот логор и официјално се води како исчезнат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here