здрава храна

Избирате само здрава храна, вежбате и внимавате на својата половина. Тоа значи дека сте здрави, зарем не? Можеби и не. Многу луѓе кои се наоѓаат во добра форма имаат навики или верувања што можат да предизвикаат појава на некоја болест или повреда.

А што треба да изедеме за да ги задоволиме сите потреби на организмот само со еден „супероброк“?

Секогаш купувате органска храна

Купувањето органска храна е добар избор, но само за одредени продукти, како говедско или јагоди, но не прави преголема разлика кај некои производи како што се јајцата. Немојте да мислите дека сета органска храна е поздрава во споредба со други опции, ниту дека органски одгледаната хана автоматски е и поздрава. Бројни органски производи, како чоколатчиња и корнфлекс, и натаму имаат многу големи количества шеќер и калории и подеднакво се лоши за вас.

Го прескокнувате сонот

Мислите дека е добра идејата да станете што порано за да стасате да отидете до теретаната? И не е доколку во тоа време би требало навистина да спиете. Студии покажаа дека на луѓето им се потребни барем 7 часа сон, а скратувањето на периодот на одмор може да предизвика бројни здравствени проблеми, како дијабетес, висок крвен притисок и полош имунитет.

Претерувате со антибиотици

Многумина од докторите бараат антибиотици за симптоми кои најверојатно ќе исчезнат сами од себе или едноставно затоа што чувствуваат дека можеби ќе се разболат. Претерувањето со антибиотици може да влијае врз тоа вашиот организам да стане имун на нив, а исто така можат да предизвикаат исчезнување на добрите бактерии кои се наоѓаат во организмот. Допуштете му на докторот наместо вас да донесе одлука дали антибиотици ви се навистина потребни.

Избегнувате посета на лекар

Здрави сте, значи нема потреба да посетите лекар поради болка во градите оти е тоа најверојатно поради лошото варење. Погрешно. Луѓето премногу често одолговлекуваат или самите на себе си се обидуваат да си објаснат што е причина за овие, понекогаш мошне сериозни симптоми. Лекарите тврдат дека времето е клучна работа и оти понекогаш е потребно веднаш да се реагира пред штетата да стане посериозна.

Пиете сокови кои не содржат калории

Вештачки засладените напитоци не содржат калории, но тоа не значи дека се добри за вашето здравје. Неколку студии објавени во 2011. покажаа дека половината кај повеќето испитаници значително се проширила иако конзумирале сокови без шеќер, што го зголемил нивниот ризик од добивање дијабетес.

Мислите дека знаете повеќе од вашиот доктор

Со оглед на тоа дека Интернет им е достапен на сите, мошне често мислиме дека сме попаметни од лекарот. Меѓутоа, не постои замена за директен преглед и мислење на стручно лице.

Претерувате со тренингот

Претерувањето во теретана може да доведе до умор, проблеми со спиењето, болка во мускулите, пад на имунитетот и посериозни повреди. Понекогаш е потребно само да се остане дома и да се одмара, за телото да може да се опорави од сите напори.

Не обрнувате внимание на податоците за хранливоста на продуктите

Речиси сите производи поседуваат основни податоци за хранливоста, како содржината на шеќер, калории и масти, кои можат да ви кажат колку некој продукт е здрав и добар за вас.

А како изгледа најздравиот оброк?

Колку е важно здраво да се храниме е одамна позната информација, а списанијата, Интернет и многубројната стручна литература се преполни со совети што би требало да јадеме за да ги сочуваме здравјето и виталноста. Но, дали знаете како изгледа најздравиот оброк на светот?

Тим на стручњаци со години истражувал над 4.000 здрави продукти и нивните својства и дејства и на крајот дошол до идеална комбинација. На „менито“ останале 222 здрави продукта кои се покажале како најкорисни, односно нивната делотворност ја потврдила науката.

„Менито“ изгледа вака: едно парче свежо чаден лосос, парчиња интегрален леб со 7 вида семенки, парче пилешко со микс од зеленчук (готвен на пареа) и салата од зелен зеленчук во дресинг од маслиново масло. Десертот е пудинг од јогурт посипан со мелени ореви и прелиен со сос од карамела без шеќер.

Зошто баш ваков оброк?

Научниците тврдат дека вака избраните продукти имаат најблаготворно дејство врз организмот.

Лососот има омега-3 незаситена масна киселина и докосахексенска киселина кои се одлични за артериите, срцето и мозокот. Салатата го контролира нивото на холестеролот, мешаниот зеленчук од гарнирот го намалува уморот и ги јакне менталните способности, додека протеините од пилешкото ги обновуваат мускулите. Пудингот од јогурт е одличен за варењето, здравјето на забите, контролата на шеќерот во крвта, а оревите ги одржуваат крвните садови.

Комбинацијата од овие состојки на организмот му ги обезбедува сите потребни хранливи материи, без нидна одвишна калорија.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion