„Господар на морето“

0
37

Кино, базен, стаклен хелиодром, терен за голф и други придружни „луксузни ситници“ се само дел од суперјахтата „Sovereign“, долга 100 метри. Нејзината цена е 132 милиона долари.

-Фирмата „Gray Design“, специјализирана за суперјахти, лимузини и други визуелни екстраваганции, ја изгради „Sovereign“ (Господар) јахтата за оние кои сакаат да владеат со морето.

Се чини дека ниту големите приватни соби, 10-те апартмани за гости и елегантниот ноќен клуб не се доволни, бидејќи заедно со јахтата по желба идниот сопственик може да добие и лимузина со идентичен дизајн или кој било друг автомобил со кој можат да се возат по палубата. Се разбира, со специјалниот автомобил оди и специјална гаража.

За „скромната цена“-132 милиона долара, сопственикот на „Sovereign“ доби мебел што го дизајнирал „Армани“.

„Размислувавме за прототипот на лицето кое би се возело на јахтата и помисливме „Како тоа се вози на копно?“. Па, со лимузина. Така и дојдовме на идеја дизајнот на јахтата да го поврземе со дизајнот на лимузината и да направиме неверојатна комбинација која е единствена на светот“, изјавил директорот на „Gray Design“, Едвард Греј.

Јахтата исто така ги исполнува еколошките стандарди, зашто поседува огромни турбини кои произведуваат електрична струја.

Единствена работа која „Господарот на морето“ не да ја поседува е, за жал, брзината. Имено, суперјахтата достигнува најголема брзина од 30 јазли, што е всушност прилично брзо за пловило со оваа големина, но разочарувачко за големите љубители на брзината.