Години, младост, старост

0
32

Како ни идат годините, така ни престасува младоста и нѐ достасува староста. Секоја нова година отфрла или заборава сѐ што од старост е истрошено, изнемоштено. Приграбува сѐ што се најавува ново како искуство и вистина за да го започне или да го продолжи.

Годините се трошат, невратно заминуваат, а по нив останува само од нас правеното- недоправеното. За сеќавање и спомнување до заборавање.

Македонски народни пословици:

-Врват саатите, дните и годињето, како по реките воѓето;
-Денот што донесуат, годината не носит;
-Ланската година ја бараме годинава, а годинашнава в година;
-Лигаата (година) е бериќетлија, ама болезлија;
-Што чине час’т, не чине годината;
-Дните праат годиње;
-Збирај на младос, да имаш на старос;
-Староста не ет радосна како младоста;
-Пилците си ведат поилиња и ‘и ранат, без да се надеаат оти на старос ќе ‘и гледаат.

Пословици од народите на светот:

-Во добра година житото е слама, а во лоша сламата е жито (Шпанија);
-Годината има усти што се протегаат низ дванаесет месеци (Русија);
-Лошата година ретко доаѓа сама (Германија);
-Слабите години ги јадат дебелите (Германија);
-Тешко на онаа година во која птиците не ќе направат штета (Италија);
-Младоста е богато утро од кое треба да се позајми за вечер (Германија);
-Млад бидуваш еднаш, а дете двапати (Финска);
-Младата месечина не свети цела ноќ (Русија);
-За да успееш, советувај се со тројца старци (Кина);
-Старите реки не пресушуваат (Јапонија).

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion