Гиганти- таинствен народ на Божјите синови

0
44

Една од мистериите од древното минато на човековата цивилизација е постоењето на „Гиганти”-џиновски суштества кои според некои антрополози и палеоантрополози му претходеле на разумниот човек. Нивната висина се движела помеѓу 3,5 и 5,5 метри!

Веќе не важи досегашното знаење за најстарите народи на светот-претците на Маите, Толтеките и Египтјаните, кои веројатно стасале од вселената и ги создале грандиозните цивилизации на нашиот класичен свет. Многу постариот свет, кој му претходел на човекот, е свет на натчовечки суштества. Постојат наоди на археологијата и во фосилната палеонтологија кои наводно се кријат, а кога би се откриле се разбира дека би претставувале вистинска, драматична сензација. Се работи за траги на џиновски суштества, чии фосили, алатки и орудија се најдени на Јава, во Азија, на Андите, во Аагадир, Шри Ланка, Филипини…

Треба да се наспомне дека се најдени фосили во мал број, па се заклучува дека гигантските суштества не можеле да бидат зацврстени во класичната теорија на еволуцијата, бидејќи не се најдени „алки” на нивни претходници. Впрочем, тие самите говорат за бесмислата на Дарвиновата теорија на еволуцијата оти нема ни трага од „нивни мајмуни”.

Врз основа на наодите од археологијата, а особено од митологијата на древните народи, науката донекаде го реконструирала светот кој некогаш владеел со Земјата во интерглацијалниот период. Меѓутоа, постоењето на працивилизација во епохата вурма потврдуваат најнапред траги на прастари киклопски зданија и тврдини за кои науката не нашла никакво објаснение, ниту е кога било утврдено нивното потекло и старост. Станува збор најнапред за тн. град на боговите на висовите на Андите, познат под името Тихуанако.

Според прочуениот глациолог и космограф од 19. век, Австријанецот Ханс Хоербигер (во неговото дело „Глацијална Космогонија”), расата на џинови или натчовечки суштества владеела во епохата ашлеен (ašleyen), геолошка епоха на земјата од пред 300.000 години. Се работи за цивилизација на мегалитско царство, чие средиште на културата настанало во Тихуанако пред околу 228.000 години, а која подоцна ја уништила една џиновска катаклизма предизвикана од големи геолошки кризи и пореметувања на Земјините полови. Што ќе рече дека Тихуанако е изграден уште во дилувијалното време на глацијалните епохи, што го потврдија и неочекувани наоди.

Во тоа време околу Земјата кружел еден сателит, претходник на денешната Месечина, околу 100.000 години, на оддалеченост од 6 земјини полумери. Меѓутоа, поради ретроградното движење и големата брзина, таа поранешна месечина околу екваторот создала своевиден ѕид кој стоел како натегнат прстен околу Земјата. Тогаш, поради џиновската гравитација и влијанието на тој сателит, не постоеле плими, туку сета вода на морето и копното стоела, околу екваторот, „натегната”. Спомнатата близина на таа месечина на Земјата предизвикала џиновски раст на биолошкиот свет кој во науката е познат како феномен на гигантизмот!

Бидејќи таа месечина во спирала се повеќе и се приближувала на Земјата, дошло до гравитациони пресии поради кои буквално се распаднала во атмосферата на Земјата. При таа јонска катаклизма на Земјата настанале страотни пореметувања: океаните и водите на морињата моментно се рашириле и се разлеале, зашто повеќе немало гравитациона сила да ги држи околу екваторот. Така, со катаклизма нивото на водата се спуштило и се разлеала низ Земјата 3  километри пониско од претходното. При оваа хидрогенска пресија многу копна биле потопени, а многу потоа се издигнале. Тогаш големи делови на тој сателит паднале распрснати на Земјата во форма на големи карпи и фина, ситна прашина. Дел од флората и фауната тогаш бил уништен, а со неа и диносаурусите чија загадочна масовна смрт во науката до денес не е разјаснета. Од таа причина геолозите во проучувањето на Земјата и нејзините слоеви нашле јасно како нож разграничени ферменти на слоеви кои до денес не се објаснети, освен фактот дека некоја ненадејна пресија, пред 250.000 години, нанела слоеви кои и денес можеме да ги видиме. Во физиката ова може да се објасни само со катаклизмички пад и нанос на некое космичко тело кое експлодирало во атмосферата.

Доказ за тој факт се наоѓа и денес во Јужна Америка, каде што долж Андите во должина од околу 800 километри може да се види темна корозија која некогаш со вода ги разјала карпите, и тоа токму на височина од 3 километри! Меѓутоа, ова значи дека нивото на денешен Пацифик, на пример, било некогаш повисоко за 3 километри отколку денес. Тогашните научници мислеле дека Андите се издигнале за цели 3 километри, по што и денес останала видлива корозијата на некогашното ниво на водата. Меѓутоа, според современи сознанија, процесот на издигнување на Андите се завршил во времето кога на Земјата не постоел ниеден цицач а камо ли човек, со што конечно се докажала Хоербигеровата теорија за глацијалната месечина која пред 250.000 години ја уништила Андската цивилизација на џинови.

Кога археолозите во минатиот век го откриле во Андите Тихуанако и неговите древни урнатини, утврдиле дека тоа всушност не бил град, туку буквално пристаниште! Но што бара пристаниште на височина од 13.000 стапки?! Потоа следела вистинска експлозија на откритија: езерото Титикака е остаток од пристаниште од кое некогаш допирала водата. Кога нивото на морето се спуштило за 3 километри, пристаништето останало да стрчи во воздухот. Езерото денес е единствено на светот повисоко од нивото на морето, за чиј феномен науката не нашла никакво објаснение.

Од друга страна, значењето на името Тихуанако буквално, на јазикот на ајмарите, значи „град на умирачката месечина”. Со тоа уште еднаш се утврдило сеќавањето на времето кога тој град и неговата цивилизација изумреле со посредство на месечината која замрела и исчезнала на небото. Бидејќи до денес не е утврдена староста на овој фантомски град, останува фактот дека е тоа најстар град на светот роден уште во ноќта на човештвото. Оттаму не е случајно што токму во неговата близина живее најстариот народ на светот познат под името Урукхеху (древни Ури од езерото Титикака), чии легенди исто така го потврдуваат преданието за времето кога „месечината не била на небото” и кога мегалитскиот град Тихуанако го изградиле џиновските Варируна суштества, „градители на големи градови”.

Кога дошле древните Инки, тој град бил во најголем дел во урнатини. Така, никој од околните древни народи не го знаел потеклото и староста на овој загадочен град, околу кој настанале најконтроверзни хипотези и се напишани безбројни студии и книги. Тоа бил киклопски град кој се простирал на околу 200 квадратни километри и од чии изделкани монолити е денес изградена речиси цела Лима! Тихуанако се уште предизвикува стравопочит со својата големина и размери на киклопските блокови камења. Тука се пронајдени прочуените Капии на Сонцето и Месечината, со загадочни прикази на ликови и богови со четири прсти! Така на Капијата на Сонцето (Kolasaya) е најден и дешифриран древен календар кој се состоел од 260 дена, што упатува на фактот дека годината некогаш била пократка! Меѓутоа, ова значи и уште нешто: тогаш животниот век на човечките суштества бил 3 пати подолг, со што се објасниви оние загадочни долговечности за кои раскажуваат преданијата на многу народи, како и самата Библија.

На спомнатата Капија на Сонцето е дешифриран биномски календар, што претставува еден од најтешките преседани во историјата на археологијата! Имено, народот кој изработил таков календар не можел да го изработи без соодветни оптички инструменти, што значи дека тие суштества во времето вурма, кога нашиот предок одел во глутница, развиле математика и астрономија, што е феномен до денес необјаснет!

Самиот Тихуанако всушност се состоел од два града- Акапаме и Пумапунктуе, и е необичен поради тоа што токму во тие краишта земјотреси уривале и уништувале конвенционални градби на современ инженеринг. Меѓутоа, Тихуанако не се поместил од место, што претставува посебен феномен за сеизматиката и воопшто за архитектурата. Од друга страна, лаковите без сводови во Тихуанако, какви што не сретнуваме никаде на земјата, укажуваат на систем на еден неверојатно сложен свет, чии градители го изградиле овој град без ниедна шајка!

Џиновските камени монолити ги спојувале и своевидни сребрени и бакарни спојници, чиј наод ги довел во опасност истражувачите кои мислат дека металот на Андите не се користел пред новата ера подалеку од 1.500 години. Фантастичните ликови и иконографијата на Тихуанако се само доказ повеќе за еден неверојатно стар свет, од чиј центар подоцна настанале култовите на обожување на јагуарот и пумата. Што се однесува на самата изградба на неговите киклопски блокови, денес владее општо мислење дека во таа изградба морало да се употреби некоја посовршена технологија отколку што ја имаме денес, со оглед на преседанот на левитација која тука очигледно се користела.

Кога пред 250.000 години царството на џиновите било уништено, тие со миграција се распрснале по земјата и така повторно ги остварувале своите киклопски работи, чии траги сретнуваме во Балбек во Либан, во Солсбери Хил во Англија и други места. Кога Земјата ја „фатила” денешната Месечина, џиновите во таа последна катаклизма исчезнале засекогаш, а Месечината останала во орбитата каде што се наоѓа денес. Доказот за тоа тврдење е мошне едноставен: Месечината е дојденец во Сончевиот систем. Според сите закони на физиката, ако настанала на Земјата или од некое тело во Сончевиот систем таа, како и сите небески тела, би морала да кружи во правецот на сказалките на часовникот. Меѓутоа, таа се движи сосема спротивно. Тоа антифизчко и денес необјаснето движење го сретнуваме само кај Марсовите сателити Фобос и Деимос. Така, таа втора и последна катаклизма ја уништила конечно и Атлантида во Атлантикот, која била само продолжение на една многу постара и помоќна цивилизација.

Што се однесува на самите џинови, потврда на нивната цивилизација наоѓаме како во научните кругови, исто така и во преданија на многу народи. Грчките преданија тие џиновски суштества ги нарекуваат Титани, Индијците- Асури, пуеблозите од Мексико- Митмаци, Арапите- Шеид ад бен ад, Евреите- Синови Божји…Со оглед дека каменот е најраспространет на Земјата, оттаму цивилизацијата на џиновите и се зачнала во камен, чии мегалитски творби наоѓаме ширум светот. Науката денес за нивното постоење и функција нема објаснение, освен фактот дека сите нивни системи се концентрирани околу Атлантскиот басен, како со своето присуство да говорат за местото на прататковината на последните џинови.

Многумина научници веруваат дека прочуените Јети од Хималаите, Сасквоч или Биг Фут, се само дегенерирани и последни остатоци од оној џиновски свет, чии последни претставници науката ги нарекува со името Dinopitecus Nivalis. Сосема е извесно дека станува збор за свет кој не му припаѓа на човекот, зашто цивилизацијата на џиновите зад себе оставила многу градителски и други традиции кои подоцна ги презеле разни народи. Типичен пример е загадочната цивилизација на Маите во Мексико, чија структура на држава се движела „со империјализам спрема сопственото средиште”, а чиј феномен на власт никогаш и никаде не постоел на Земјата!

Што се однесува на трагите на работата на тие џиновски суштества, уште и денес научниците и археолозите наоѓаат необјасниви киклопски подземни совршени изработки, утврдувања и тунели кои се разгрануваат низ целата планета. Камените патишта изградени од огромни блокови камења како да имале улога да издржат некои огромни тежини. Тоа се научно утврдени докази и ги знае секој археолог. Според сите легенди на прастарите народи, расата на џинови била со бел тен, руса коса и очи, со просечна височина од 3 до 5 метри. Имале мозок поголем од нашиот, па според тоа и поголема можност за собирање на знаење. Симбол им била „свастика”, чиј знак подоцна го употреби Хитлер за да ја поткрепи идејата за тн. „избран народ” со натчовечки способности.

Ги познавале металургијата, земојделието и многу егзактни науки. Тој народ на Божјите синови бил во суштина народ на градители, зашто е извесно дека ги познавале тајните на вадење, обработка и транспорт на огромни камени блокови, чии зданија сретнуваме ширум планетата. Таа раса се раширила по целата источна и западна хемисфера, а тој бран е познат во науката како бран Азил- тардениен, кој уследил пред 12.000 години.

Цивилизацијата на овие суштества му претходела на човекот. Нашиот дамнешен предок презел многу знаења и вештини од оваа цивилизација. Во спртотивно, како можат да се објаснат толку фрапантните знаења кои возникнувале од темнината на историјата?

Расата на гигантопитеките денес и е позната на науката, без оглед што науката не можела истата да ја влопи во шемата на „редовна” еволуција за човекот. Во многу древни култури на Стариот и Новиот свет среќаваме прастари ликови на некои џиновски суштества кои нашата еволуција воопшто не ги познава. Палеонтологијата пронашла и траги на дегенерација и канибализам во тие видови, што би значело дека таа раса по катаклизмата паднала во беда и варварство и оти повеќе немала излез. Оттгука многу нивни киклопски споменици (Комогена, Карахота, Нан- Мадол) најнапред ја симболизираат вербата во конечноста на световите. Во тоа време нашиот предок штотуку влегувал во светот на палеолитот и се движел во глутница, а од каде инаку низ целиот свет би настанале загадочните народи како што биле: Рмохали, Ујгриен, Менахуни, Лемури, Титани или Дакини, ако не од едно претходно наследство.

Џиновите живееле во време кога претходната месечина стравично ја закрилила половината од небото, а гигантските облици на флората и фауната го опседнувале нивниот свет. По катаклизмата светот на џиновите немал излез, зашто Земјината атмосфера била буквално замрачена од трилиони тони честички и фина прашина, кога настанувале тн. микроцрвени излегувања на Сонцето, а ѕвездите имале виолетова боја. Настанала сеопшта глад на земјата, нивните центри на културата се разурнати, а еколошката слика на светот била сосема пореметена. Континентите и контурите на морињата тогаш имале сосема друга конфигурација, а карпите и камените блокови како да ги расфрлала некоја сила со апокалиптични размери. Од друга страна, Homo sapiens влегувал во мисловната вселена и трагите на тоа наследство најнапред ги гледаме во прочуениот образец на кромањонската раса, за која научниците говорат дека била најубава раса која светот кога било ја видел! Тоа била раса на вистински господари на Земјата која ненадејно се појавила во средна Европа, директно од Атлантикот. Тоа биле високи и руси и луѓе и зад себе оставиле траги на уметноста од леденото доба, а чии величествени примери се најдени во пештерите на Алтамира, Ласко, Вал Камоника и други. Оваа раса дошла од некаде од Атлантикот, што како феномен е познат во научните кругови. Но, загатката лежела во тоа што тогаш, пред 50.000 години, немало пловни објекти ниту какви било патувања по Атлантикот! Затоа, од каде оваа раса на високи луѓе се појавила во Европа! На кој начин?

Науката нема образложение, освен фактот дека истата раса имала поголем волумен на мозокот од нашиот и оти ненадејно исчезнала на почетокот од неандерталот, кои го презеле приматот во царството на хоминидите.

Сите овие мистерии денес се се уште необјасниви, зашто ние, иако имаме секакви наоди, со никаков рационален јазик не можеме да ги објасниме. Кој бил тој свет и каде исчезнал? Од друга страна, низ многу споменици на мегалитската култура можеме да видиме траги на нивното натамошно скитање низ Земјата, траги на крвави борби за опстанок и свирепи традиции. Меѓутоа сепак, и покрај нивната безнадежност и скитање, се уште не сме ги разјасниле нивните симболи, нивните шифрирани пораки, нивните конструкции и нивната осаменост на Земјата.

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion