Потребно време за читање: 2 минути

Имало некој чоек што го карал и го колнал сеедно ѓаолот. Ер што пакос да му се стореше од немукаетот негов, се по ѓаолот ќе викал. Денеска, утре колнејќим го ѓаола за грешките сам што си ги грешаал, веќе беше му пребликнало на ѓаолот, и сторил ниет да го застрамит пред многу луѓе чоекот што викал по него без правина и да го поучит за да не викат, оти је страмота и греота. Коа да имал ѓаолот кабает, не му било мака да го колни.

Еден ден си терал чоекот една кола по еден сокак голем и, терајќим колата, не одел до волоите за да и варди да не сторат некој пакос, ами беше и пуштил волојте сами и тој се враќал по меанчиња, та се напивал по некоја ракија.

Гледајќи ѓаолот тоа нешто и знаејќим оти волоите ќе сторат голем пакос и после чоекот ќе го колнел него, а не себеси, тогај ѓаолот му нашол времето за да го застрамит пред многу мажи и жени што имало тамо близу до една чешма што била близу до патот. Што ќе напраит ѓаолот, ќе се стори и тој чоек и се смеша во луѓето што биле близу до чешмата, та му се кажал оти је истио ѓаолот.

Прочитај и за ... >>  Ќе му плати коа ќе се вати гламна во градина. Али: коа ќе си видам тило.

-Ме гледате, бре луѓе, му рекол, мене, али не ме гледате?

-Те гледаме, ами оти да не те гледаме-му одгоориле луѓето.

-Е, лели ме гледате, треба и да знаите оти јас сум ѓаолот, еве ќе ви се престорам на исти ѓаол и после пак чоек.

На тоа велење, ѓаолот беше му се сторил ѓаол и после пак чоек, и со тоа нешто поверуаа луѓето и до некаде беа се уплашиле малце од него.

-Знаите, пријатели, оти се сторив чоек?-му рекол ѓаолот.-Ете, за да го застрамам оној чоек што оди по колана што иди одозгора по сокакон. Треба да знаите оти тој чоек јет најлош, чунки се што праит, го праит без памет и сио повик го има по мене. Ене, гледајте сега, како и пуштил волоине сами и гледајте сега како ќе сторат пакос и пак ќе ме колни мене.

На тие зборои туку беше дошле волоите близу кај чешмата и свртоа од пато за кај чешма, чунки беше му се пиело вода на волоите и одејќи волоите за кај чешма, беше забрале колцата некој нешта од покрај дуќаните, та сториле триста пакоси; стомни од жените што имале наредени околу чешма, за да си чекаат редо и се искршиле. Спискале жени, спискале дуќанџии по коларот задека не си и вардил волоите, ами и пуштил салма да одаат. Коа видел пакосо коларот од волојте, дал вик да колни ѓаолот:

Прочитај и за ... >>  Изворот од реката Црна

-Ај натемате, ѓаоле, натемате! како се засени кај колата, моја, да ми се стори толкав пакос!

-Туф, магаре едно, не се страмиш, што зборуаш непрао на ѓаоло-му рекол ѓаолот и сите луѓе што беа со ѓаоло-не отвори си очите ти, да ѓаолот кабает ти имат!

Се натрчале дуќанџиите и сеирџиите, та го скапале од ќотек за пакосот што сторил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here