Потребно време за читање: 2 минути

Мудроста е пријател на човекот? Се разбира. Треба ли воопшто да се поставува како прашање, да се става под сомневање?

Мудроста како (најголем) пријател на човекот, без која тој ја губи смислата на своето постоење, си има свое прибежиште, свој простор, своја наука: филозофијата.

Етимолошки, филозофијата е токму она што го поставивме како меѓузависност на мудроста и човекот, нивното „пријателство”: филос на грчки значи пријател, а софија-мудрост.

Филозофијата како термин на почетокот значел изразување на љубопитност односно интелигенција. Оттаму и глаголот филозофира значел стремеж кон мудрост, при што под мудрост се подразбирало вдлабочување во суштината на работите, т.е. разоткривање на лажната и секому достапна површина на појавното и сознавање на она што се крие зад него-суштината.

Денес под филозофија најчесто се подразбира облик на творештво кој во себе содржи поглед на светот и животот, како и стремеж за сознавање на тоталитетот на постојното, на основите на севкупната стварност.

Прочитај и за ... >>  За способноста и талентот

Филозофијата учи дека за поимот филозофија и за предметот на изучување не постои единствено мислење. Секој филозоф дава свој, специфичен, различен одговор на прашањето Што е филозофија. Некои ја дефинираат како синтетичка наука за светот како целина, или наука за најопштите принципи на постоењето и спознанието, прогласувајќи ја за „кралица на науките”, за „наука над науките”. Други сметаат дека таа толку се разликува од сите посебни науки што воопшто не може да се подведе под поимот наука. Ваквите сфаќања стануваат доминантни во 20-от век. Имено, тие истакнуваат дека, за разлика од науката која ги проучува искуствените, интерсубјективно проверливите искази, филозофијата освен со нив се занимава и со искази од неискуствениот, надискуствениот карактер.

Еве некои покарактеристични дефиниции на филозофијата од големи луѓе на времето и светот:

-Филозофијата е идеја на совршената мудрост, која ни укажува на конечната цел на човековиот разум; Филозофијата мора да дејствува како лек; Природата и слободата се стожери на филозофијата; За човекот филозофијата е стремеж кон мудроста, која секогаш останува надворешна (Кант);

Прочитај и за ... >>  Островите во Океанија

-На верата и е свето само вистинитото, на фиолозофијата само вистинитото и е свето (Лудвиг Фоербах);

-Ние сецираме муви, рече филозофот, мериме линии и составуваме броеви, се согласуваме во две или три точки што ги разбираме, а се препираме околу две или три илјади точки што не ги разбираме (Волтер);

-Беден е и стеснет идеалот да се пишува само за една нација; на еден филозофски дух таа граница му е непозната (Шилер);

-Филозофијата не е нешто што се движи помеѓу божеството и големината, туку нешто што поминува помеѓу раѓањето и смртта. Зошто обичниот човек не би можел да расправа за својата егзистенција кога му е доделено да поминува низ неа? (Честертон);

-Со филозофијата треба да се занимава и младичот и старецот: првиот стареејќи да останува млад со помош на добродетелствата што му ги должи на минатото, а вториот, не плашејќи се за иднината, да биде наедно и млад и стар (Епикур).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here