Потребно време за читање: 2 минути

Тони Кертис (англ.Tony Curtis, 3.6.1925-30.9.2010.), американски филмски и телевизиски глумец, е роден како Бернард Шварц. Роден е во еврејско семејство во Бронкс, како дете на емигранти од УНгарија.

Играл широк спектар на улоги, од лесни комедии, како музичар кој бега од гангстери во „Некои тоа го сакаат жешко“, до сериозни драмски улоги, како избеганиот осуденик во „Бегство во синџири“, за кој ја добил номинацијата за Оскар во категоријата најдобар глумец. Тој е еден од најпознатите глумци кои не добиле Оскар. Од 1949. глумел во повеќе од 100 филмови и често се појавувал на телевизија. Татко е на 6 дедца, а најпозната е неговата ќерка глумицата Џејми Ли Кертис.

Кертис во 2006. година доби награда за животно дело од Американската филмска академија, а има и ѕвезда на холивудската патека на славните.

Нешто несфатливо поврзано со оваа филмска легенда и неговата ќерка Џејми: не само што ја „заборавил“ ќерката во својот тестамент, туку тој не ја ни спомнал својата вонбрачна ќерка што ја криел од семејството, а за која сѐ до смртта жалел оти не ја запознал!

Прочитај и за ... >>  Ана Ахматова

Кога разбрала тоа, Џејми Ли Кертис воопшто не била изненадена и не се лутела оти таткото ја „заборавил“. Освен финансиски, Тони никогаш не бил вклучен во нејзиниот живот. Во разговор за еден американски весник рекла дека тој не бил способен да биде татко:

„Од финансиска страна не можам да му забележам ништо, зашто секогаш се грижел да имам пари додека бев млада. Но никогаш не се трудеше претерано да се вклучи во мојот живот. Затоа за него можам да зборувам како и сите останати луѓе кои ги обожаваа неговите филмови и улоги, а многу малку можам да кажам за Тони како татко“, изјавила таа.

Таа не открила дали е единствената од неговите деца изоставена од тестаментот.

А еден пријател на славниот глумец ѝ откри на јавноста дека Кертис на врвот од својата кариера бил лудо вљубен во една заносна русокоса, глумица во подем која му родила ќерка. Му изјавил дека ќерката е преубава, со зелени очи. Сега таа има околу 50 години. Детето никогаш не го запознал. Тоа била негова најголема животна тајна.

Прочитај и за ... >>  Бертранд Расел

Романсата траела една година, но и покрај големата љубов по прекинот тој никогаш не посакал да ја види својата ќерка, а поради што пред смртта многу жалел.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here