Потребно време за читање: 6 минути

Дали сме поинтелигентни ако имаме поголем мозок? Го користиме ли целиот негов капацитет? Дали проѕевањето го буди мозокот?

Постојат бројни митови, но и еднакво толку фрапантни факти за сивиот орган кој луѓето ги прави толку посебни. Многу од нив ги разоткрива и објаснува книгата на истакнатите невро-научници Сандра Аамот и Сам Ванг.

Без оглед на многубојните истражувања, човечкиот мозок е до денес загатка за научниците, а што се однесува на „обичниот свет“, тој воопшто има слаба претстава како е тој структуиран и како функционира.

Соработниците на Националниот институт за здравје на САД составија список од 10 најпопуларни заблуди за мозокот, меѓу кои една од најпознатите и најраширени е дека човекот користи само 10% од својот мозок. Освен 10-те, има и други интересни.

Факт: Не можете да се скокоткате самите себеси

Кога лекарот сака да прегледа скокотлив пациент ќе положи една негова рака на својата за да го спречи чѕувството на скокоткање. Како тоа функционира? За да се концентрира на она што се случува во светот околу нас, мозокот мора да исклучи бројни осети што ги создаваме сами. На пример, тешко ќе ја почувствувате текстурата на сопствените чорапи, меѓутоа ќе го почувствувате нежниот допир на рамото. Пациентот во тој случај не го чувствува скокоткањето зашто мисли дека е тоа последица на дејството на сопствената рака.

Факт: Потешко е да се препознаеш себеси на фотографија отколку да играш шах

Кога компјутерските научници првпат се обидоа да напишат програми кои имитираат човечки способности, открија дека е релативно лесно да се постигне изведување на сложени математички операции, какви што се на пример неопходните за играње шах. Меѓутоа, мошне е тешко да се програмираат да препознаваат визуелни ефекти од светот околу нив. Компјутерите денес можат во шах да победат и најголеми мајстори, меѓутоа дури и дете подобро препознава предмети од компјутерот.

Факт: Проѕевањето го разбудува мозокот

Проѕевањето се поврзува со уморот и поспаноста. Меѓутоа, тоа всушност го буди мозокот. Благодарение на него, во белите дробови влегува повеќе воздух и мозокот добива повеќе кислород, што го прави побуден. Значи, проѕевањето е настојување на телото да оствари полна концентрација.

Исто така е факт дека проѕевањето е заразно. Никој не знае зошто, меѓутоа на тој начин им помагаме и на други да се разбудат. Интересно е дека проѕевањето не е заразно помеѓу другите цицачи. На пример, кучињата се проѕеваат во стресни ситуации и со него ги смируваат другите кучиња.

Мит: Слепите луѓе подобро слушаат

Во тестирањата со тивки звуци слепите луѓе не покажале дека имаат почувствителен слух. Меѓутоа, факт е дека подобро паметат. Бидејќи не можат да се потпрат на видот, тие се принудени да развиваат просторно паметење за да се снаоѓаат подобро.

Прочитај и за ... >>  Пајаковите нишки како хируршки конец

Исто така се подобри во јазичните задачи, што го вклучува разбирањето на значењето на речениците. Освен тоа, подобро ги одредуваат изворите на звуците. Се чини дека овие посебни способности ги развиваат користејќи делови од мозокот кои не се употребени за гледање.

Факт: Компјутерските игри ја развивуаат способноста за извршување на повеќе работи истовремено (мулти таск)

Современиот свет е полн со акција-примање и испраќање на електронски пораки, играње на видео игри. Луѓето постари од 30 години главно се прашуваат како младите не се губат во сето тоа. Одговорот е дека за тоа се извежбани.

Акциските видео игри, кои возрасните обично ги презираат, бараат распределба на вниманието по целиот екран, како и брзо откривање и реагирање на околностите. Со други зборови, играњето на видео игри и не е така лошо како што се чини.

Мит: Поголем мозок не прави поинтелигентни

Големината на мозокот не ја одредува интелигенцијата; конечо, Алберт Ајнштајн имал мозок со просечна големина.

Меѓутоа, истражувањата покажаа дека интелигенцијата зависи од времето на создавање на синапсите-врските помеѓу мозочните станици. Синапсите растат или се намалуваат во текот на детството и младоста, а обрасците според кои се случува тоа влијаат врз интелигенцијата.

Факт: Вежбите ја одржуваат способноста на мозокот

Заборавете судока или крстозбор; здравјето на мозокот всушност го одржуваат телесните вежби.

Како што крвниот систем старее, снабдувањето на невроните со крв, односно со кислород и глукоза се намалува. Редовното вежбање го зголемува бројот на капиларите во мозокот кои го снабдуваат со храна и кислород. Луѓето кои се занимаваат со спорт се ментално значително поздрави во староста. За вежбата да биде ефикасна мора, таа да трае најмалку 30 минути дневно.

Факт: Мозокот користи помалку енергија од сијалицата во фрижидерот

Пораките помеѓу нервните станици на мозокот се одвиваат преку електрични импулси. Меѓутоа, се работи за мошне мало количество енергија. Мозокот користи само 12 вати-помалку од светлоста во фрижидерот. Интензивното размислување не ја зголемува значително нејзината потрошувачка. Имено, најголем дел од енергијата се троши само на негово одржување.

Мит: Слушањето на музика од Моцарт ја зголемува интелигенцијата на децата

Не постојат научни истражувања кои го потврдуваат ова. Митот е зачнат во 1993. кога во списанието „Nature“ е објавено истражување со кое е потврдено дека студентите подобро ги решаваат задачите по 10 минути слушање на негова музика.

Митот за првпат го опишал истражувачот Алфред Томатис, а стана популарен благодарение на музичарот Дон Кемпбел. Идејата неколку години подоцна ја презел американски гувернер кој со своите колеги ја пуштил Бетовеновата „Ода на радоста“ и побарал 100.000 долари за на сите мајки на новородени деца да им испрати носачи на звук со класика.

Прочитај и за ... >>  Социологија и демографија- врска или синтеза

Меѓутоа, факт е дека децата кои учат да свират на некои инструменти развиваат подобро вештини на просторно и математичко размислување.

Многумина сметаат дека шизофренијата значи поделена личност.
Тоа е всушност психичко растројство кое го карактеризираат проблемот со концентрацијата, халуцинациите, социјалната изолираност и неподвижност.

Некои сметаат дека мозокот се менува, но тоа не е така- мозокот одлично се обновува по повреди и се реконструира.

Алкохолот, и покрај распространеото убедување, не ги убива келиите на мозокот, иако неговата консумација може да влијае врз мозочниот систем, но единствено на дендритите-кратки, разгранати продолжетоци преку кои невроните добиваат информација. Додуша, реткиот синдром на Верника-Корсаков го карактеризира губење на невроните во некои делови од мозокот, но тоа не е примарен ефект на алкохолизмот, туку секундарен ефект на недостиг на витаминот Б, предизвикан од прекумерно конзумирање на алкохол.

Како погрешно се наведува и дека оштетувањата на мозокот се „вечни“. Меѓутоа, се зависи од степенот и местото на повредата. Умерените трауми лесно се контролираат, но вечни и неповратни остануваат тешките повреди, а не доведуваат ниту сите повреди на човекот до вегетативна состојба.

Полната месечина поттикнува необично однесување

Со појавата на полна месечина често се поврзуваат чудното однесување, лудилото, вампирите и разни други необични работи. Но научниците не пронајдоа поврзаност помеѓу полната месечина и човечкиот мозок. Настаните како напади на самоубиство, труење и други незгоди немаат врска со психичкото пореметување и полната месечина.

Една од најраширените заблуди е и таа дека луѓето имаат најголем мозок. Со споредбени истражувања е утврдено дека просечниот човечки мозок тежи околу 1,4 килограми, а мозокот на цицачите од родот на китот Physeter catadon тежи околи 7,7 килограми. Вистина, некои научници нагласуваат дека се важни не размерите на мозокот, туку пропорцијата на размерот на мозокот и телото, која кај луѓето е приближно 1:50, додека кај другите животник околу 1:180 или 1:220.

Важно е и тоа колкав дел од мозокот е ангажиран во когнитивната (спознајна) функција, а од сите цицачи човекот има најголема мозочна кора (cerebral cotrex) вклучена во функциите на паметењето и говорот.

Доколку се зборува за структурата на мозокот, некои луѓе се убедени дека мозокот е компактна маса, иако тој се состои од безброј ќелии-глии или неврони.

Една од 10-те заблуди е и таа дека човекот има само пет сетила. Меѓутоа, вкусот, мирисот, допирот, слухот и видот се најјаки, но не се единствени. Постојат и други, како што се чувството на рамнотежа, болка и положбата на телото во просторот.

Лева и десна страна на мозокот

Мозокот е анатомски поделен на две половини-лева и десна хемисфера, а помеѓу нив постои поделба на работата, но разликата не е онаква каква што им е претставена на повеќето луѓе. Левата страна на мозокот е прикажана како центар на логиката и рационалноста, а десната како средиште на интуицијата и креативноста, па е логично ако сте логично лице повеќе да ја користите левата страна, а ако сте уметничка душа повеќе да ја користите десната. Ова е мит, зашто некои луѓе имаат визуелно паметење, а некои подобро паметат слушајќи и не се разликуваат според тоа која страна на мозокот ја користат, туку според начинот на кој размислуваат. Освен тоа, овие две страни на мозокот меѓусебно комуницираат и работат симултано.

Прочитај и за ... >>  Најлоши занимања на 21-от век

Луѓето користат само 10% од мозокот

Во 70-тите години на 20. век владееше теоријата дека човекот користи само околу 10% од мозокот, но падна во вода. Неколку години подоцна научниците докажаа дека дури и едноставни работи како стискање на рацете бараат користење на повеќе од 10% од мозокот.

Последните истражувања покажуваат дека секое возрасно лице дневно слуша или прочитува во просек по 100.500 зборови. Под поимот ден се подразбира сето време поминато во будна состојба, и тоа надвор од работата, што всушност значи дека вистинската бројка е многу поголема!

Професорот од Универзитетот во Калифорнија Роџер Бон во текот на истражувањето се обидел да дознае колкаво е количеството информации на кои е човекот секојдневно изложен, занимавајќи се со разни активности дома и надвор. Дошол до заклучок дека работата на мозокот е мошне напорна и оти мозокот на возрасно лице дневно е изложен на стотици илјади зборови, дека обработува околу 34 гигабајти информации.

Меѓутоа, научниците се загрижени зашто сметаат дека нашиот мозок е затрупан со информации, чиј проток може негативно да влијае дури и врз неговата структура.

Една од најеминентните британски научнички Сузан Гринфилд објаснува дека веќе неколку пати предупредувала оти популарните социјални мрежи можат да бидат посебно штетни за развојот на мозокот кај децата. Таа вели дека тие влијаат врз забележувањето, на младите луѓе им нудат инстант задоволство, што ги прави да бидат повеќе свртени кон самите себе си.

Професорот Бон вели дека зачестената употреба на компјутерот несомнено му штети на мозокот:
„Едно е сигурно: нашето внимание е сега поделено на пократки интервали, а мислам дека тоа сигурно не е добро, особено кога сакаме да размислуваме подлабоко за некои работи“.

Професорот по неврологија од Оксфорд Колин Блејкмор на тоа додава:
„Мозокот расте и се зголемува во зависност од начинот на кој се користи. Можеби процесуирањето на ова количество информации ќе го поттикне мозокот да почне со репродукција на нервните ќелии“.

(Користени повеќе прилози објавени на Интернет)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here