Европјаните се постари, разводи се повеќе

0
17
стари луѓе stari lugje

Во Европската унија има повеќе стари луѓе отколку деца, а популацијата на младите се намалила за 21% или за 23 милиони во последните 30 години, од што 10% само во последните 10, се наведува во извештајот на Институтот за семејна политика (IFP) во 2007-ма, невладина организација со седиште во Шпанија.

Според IFP, само 16,2% од европската цивилизација се помлади од 14 години, додека 16,6% се постари од 65, што е секој 25-ти европски граѓанин.

А најновите извештаи ги загрижуваат европските земји поради загроза на буџетите од 2015-та година. Грција, Ирска и Шпанија веќе ги чувствуваат последиците од се постарата популација и се потешко ги подмируваат се поголемите издвојувања за пензии и грижа за старите.

Најнова загрожувачка споредбена согледа: и Кинезите се постари.

Италија има најмалку млади, 14,2%, и секој 5-ти Италијанец е постар од 65 години.
Најмногу млади има Ирска-20,7%.

Реклама

Најголемо намалување на младата популација е забележано во Шпанија, каде што бројот на млади од 1990-та до 2005-та година се намалил за дури 44%.

И покрај тие податоци, бројот на жители во ЕУ пораснал за 8,2% во последните 27 години, достигнувајќи речиси 500 милиони. Тој парадокс го објаснува се поголемиот прилив на имигранти. Само во 2006-та година 75% од порастот на бројот на жители биле резултат на имиграцијата, а не на природниот прираст, се наведува во извештајот.

Франција и Холандија се единствени земји членки кои имаат поголем природен прираст од бројот на нови доселеници.

Релативен пораст на населението е забележан само во западноевропските земји, додека во средноевропските и источноевропските бројот на жители или останал ист, како во случајот на Словенија и Словачка, или се намалил.

Намалувањето на бројот на жители е најизразено во Бугарија, која во последните 10 години изгубила речиси 8% од популацијата. Во Бугарија моментно живеат околу 7,6 милиони, а ако продолжи сегашниот демографски трнед, до 2050-та година ќе има 5,1 милиони.

Во 2006-та година во ЕУ се родени милион деца помалку отколку во 1982-ра година, што е намалување од 16,6%.

Во Европа годишно се изведуваат и повеќе од 1.200.000 абортуси, што значи дека секоја 5-та бременост завршува со абортус (податоци за 2004-та). Тоа значи дека абортусот е главен причинител за смртта во Европа оти тие податоци го надминуваат бројот на умрени од болести и други „екстерни“ причини, како самоубиства, сообраќајни несреќи, дрога, алкохол и АИДС, се истакнува во извештајот.

На тоа треба да се додаде и трендот на се подоцнежно раѓање на деца. Европјанките на мајчинство се одлучуваат во просек со речиси 30 години.

Предупредување на економистката од американскиот Citigroup, Ѓада Ѓани:

„Се поголем број на влади ќе мораат да почнат да ја разгледуваат состојбата во своите пензиони системи“.

Поради намалувањето на бројот на работните места и се поголемиот број на пензионери, се повеќе држави ќе дојдат во позиција  наместо еден пензионер да „издржуваат“ четворица работници, тој број да биде преполовен- на еден пензионер да „одат“ само двајца работници.

Европската комисија наведе дека најголем број на вработени во однос на бројот на пензионерите се очекува помеѓу 2015-та и 2035-та, кога треба да се пензионира генерацијата од периодот на „беби бум“-от. Предвидува дека потрошувачката за старите ќе порасне од 2,7% на 25,8% од БДП до 2035-та, односно на 27,8% до 2060-та година.

Споредбена согледба:

Социјалната стабилност и стопанскиот раст на Кина се загрозени поради стареењето на населението кое би можело да ја оптовари земјата, пред таа доволно економски да зајакне за да може да се соочи соодветно со тој проблем.

Центарот за стратешки и меѓународни студии со седиште во САД во својот извештај предупреди дека до 2050-та година Кина ќе има над 438 милиони луѓе постари од 60, од кои повеќе од 100 милиони ќе имаат над 80 години. Земјата ќе има само 1,6 вработени кои ќе треба да издржуваат лице над 60 години, што се споредува со 7,7 вработени спрема постаро лице во 1975-та.

Растот на населението во Кина е забавен во последните 39 години, од кога е воведена политика на едно дете за повеќето парови, но луѓето сега живеат подолго поради порастот на животниот стандард како последица на наглиот стопански пораст.