Потребно време за читање: 3 минути

Поимот „екумена“ има две значења:

Првото е постојано населен дел од Земјината површина. Ако се изземат просторите со просечна густина на населеност од 6-мина и помалку жители на 1 километар квадратен, тогаш екумената опфаќа околу 1/3 од копнената површина на Земјата. Границите на екумената се непроменливи, но во поново време тие значително се прошируваат.

Второто значење е историско-филозофско. Екумена за стоиците е светска држава, односно заедница на сите „мудри“ на светот, без оглед на класата и народноста. Екуменизмот е групно име за сѐ што во разни христијански заедници се презема со цел помирување, соработка, приближување и единство.

Спротивно на екумената е анекумена: пустини, повисоки планински подрачја, поголемиот дел од арктичките и субарктичките краишта, екваторските прашуми и Антарктикот, односно подрачја на површината на Земјата кои поради неповолните физички услови (почва, клима, положба) не се населени или се мошне ретко населени.

Главни подрачја на екумената се густо населените аграрни и индустриски краишта на југоисточна Азија, западна Европа и североисточниот дел на САД.

Прочитај и за ... >>  Библијата и библискиот Бог

Ќе забележиме дека „екумена“ кај античките Грци е назив за тогаш познатиот населен свет, т.е за земјите околу Средоземното море и Предниот исток.

Иако идејата на екуменизмот, како израз на стремежот за поврзување на сите делови на христијанската заедница, настанува истовремено со најраните појави на локално организационо и доктринерно оттстапување од црковната матица, денес тој се употребува првенствено како ознака за новата насока во Католичката црква, што ја покрена Вториот ватикански концил, а која ја поттикна внатрешната модернизација и прилагодување на таа црква и нејзиниот стремеж да се прилагоди на новите општествени и политички прилики.

Како израз и обид за надминување на кризата на старите облици на црковната практика, особено на клерикалните стеги на различните христијански цркви и историските шизматични спротивности и заемни порекнувања, екуменизмот се залага за реафирмирање на приматот на општото верско и морално послание на црквата над одделните анахрони организациони облици.

Екуменизмот во најшироко значење означува повик на разбирање, подносливост и коегзистенција помеѓу големите монотеистички религии.

Прочитај и за ... >>  Свето Благовештение-Благовец

Идејата за екуменизмот се развила најнапред во крилото на протестантските цркви на почетокот од 20. век. Изразот „екуменски“ првпат службено е употребен во 1900. година, на една мисијска конференција во Њујорк, а се инспирирал од традиционалните називи „екуменски концил“, „екуменски симболи“ и други, во смисла општи, сехристијански, сесветски, укажувајќи со тоа на единството, екуменизмот на првата црква и христијанското послание кон кое треба да се стреми.

Од католичка и православна страна, на екуменските движења се гледало со недоверба и резерва. Иако истакнати католички теолози (Ј.Х. Њумн, Ј.Ј. Штросмаер, Д. Мерциер) со својот опус биле предвесници на екуменизмот, службената Католичка црква на почетокот од 20. век се уште признава само еден пат до единството: признание на приматот на римскиот папа.

Меѓутоа, овој став со текот на времето е напуштен во самата Католичка црква, која како основа на екуменизмот го прифатила духот на помирувањето (иренизмот) и меѓусебното признавање. Прашањето на дисциплината, устројството и структурата не се сметаат за битни.

Прочитај и за ... >>  Велики Четврток

За време на понтификатот Иван 23-ти, а особено на Вториот ватикански концил, Католичката црква службено го дефинира екуменизмот. Во концилскиот декрет „Unitatis redintegratio“ („Обнова на единството“) не се говори како некогаш за „шизматици“ и „еретици“, туку за „изделени браќа“.

Идејата на екуменизмот и дијалогот е раширена и помеѓу другите религии на светот. Чести и бројни се контактите помеѓу Рим и Цариград односно Католичката и Православната, помеѓу Католичката и Англиканската црква, методистите, лутераните, калвинистите и пентекосталните движења.

Меѓутоа, во рамките на црквите и заедниците се јавуваат и тенденции спротивни на екуменизмот.

Наспроти тоа настануваат и нови движења, кои сметаат дека црковните организации недоволно и неадекватно ја спроведуваат идејата на екуменизмот. Истакнуваат дека не е така важна ортодоксијата (правоверството) како ортопраксијата (правилното дејствување). Тн. неоекуменизам се развива надвор од постојните црковни структури.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here