Еден од великаните на човековата цивилизација: Михајло Пупин

0
30

Михајло Пупин (1858-1935), научник и пронаоѓач од светски глас, со особен придонес во развојот на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата, е еден од плејадата творци-научници и иноватори чиј придонес во науката и техниката-технологијата е немерлив, вграден во темелите на севкупниот развој на универзалниот човечли ум и дело. Го пронашол системот на повеќекратна фотографија, ги открил секундарните рентгенски зраци, а човештвото најмногу го задолжил со решението на проблемот на телеграфски и телефонски пренос на далечина.

По основното образование и 5 класа гимназија заминува на школување во Прага, но на полугодието од 7-от клас го напуштил училиштето и на 20-годишна возраст во 1874. година заминува за Америка. Таму посетува посетува вечерно училиште, како подготовка за приемен испит на колеџот Колумбија, кој во есента 1879. година го положил со одличен успех. За да се издржува и да продолжи со школувањето Пупин работи како чувар на магацин, физички работник, како бојосувач на коли, молер и ложач во една фабрика за бисквити во Њујорк. Дипломирал за 4 години како најдобар студент, примил американско државјанство и како професор по уметност пак продолжил да студира-математика и теоретска физика во Кембриџ, Англија. Потоа, откако добро го проучил делото на Максвел, продолжил да студира физика во Берлин, Германија. Во соработка со Херман Хелмхолџ, кај него уште повеќе се развиле експериментаторските желби и способности. Под негово менторство докторирал со одличен успех, на тема „Осмотичкиот притисок и неговиот однос спрема слободната енергија“.

Како доктор на науки, во 1889. година Михајло Пупин пак се враќа во Њујорк и станува професор по математичка физика на Катедрата за електротехника и Управник на Електротехничкиот институт на Универзитетот Колумбија. Во таа лабораторија тој реализирал 25 извонредно значајни патенти, кои денес се уште се фундаменти во соодветната технологија.

За несомнениот придонес во областа на физиката доволно е да се спомнат енциклопедиските единици именувани според неговото име: Пупиновата теоријаПупиновите калемиПупинизацијата.

Михајло Пупин уште за време на животот и плодната научна работа добил многу почести, награди и признанија. Меѓу другото, бил претседател на Американскиот институт на радиоинженерите и претседател на АИЕЕ (Американски Институт на електроинженери), прв човек на Американсаката асоцијација за унапредување на науката и на Њујоршката академија на науки, член на Француската и Српската академија на науки, а во 1920. година го добил Едисоновиот медал на АИЕЕ за својата работа во математичката физика и нејзината примена во електричната трансмисија. Автор е на дури 24 патенти, кои се применуваат и денес. Првиот во 1894., а последниот во 1923. Во 1896. година првпат успешно ги применил секундарните рендгенски зраци што ги открил за терапевтски цели кај пациентка со карцином на градите. Пупиновиот калем, чијашто примена во телефонските комуникации се нарекува пупинизација, го открива во 1894. година, а по откупувањето на патентот од страна на АТТ (Американски телефон и телеграф) Пупин станува исклучително богат.

Се стекнал со 18 почесни докторати на разни универзитети, а бил член на повеќе академии на науки и претседател на Академијата на науките во Њујорк.
Интересно е дека е тој добитник и на Пулицеровата награда за книжевност; дури светска слава стекнал со своето автобиографско дело „Од емигрант до пронаоѓач“.
Голем број на угледни институции во светот го носат неговото име- една сала во Универзитетот во Колумбија и многу лаборатории во другите универзитети во САД го носат неговото име, а во негова чест на Месечината е именуван еден кратер.

Не ги заборавил сиромашните деца од, како што пишува во својата автобиографија- „Стара Србија и Македонија“. Во спомен на својата мајка во 1913. година го основал Фондот „Олимпијада Пупин“ (еден од многубројните) за школување и натамошно образование преку стипендирање.

Забележано од проф. Д-р Павле Митрески, во неговиот труд „Михајло И. Пупин за Македонија“:

Кога Пупин во 1921. година по вторпат ја посетил поранешна Југославија, во Љубљана нарачал да се излие камбана тешка 2.300 килограми. Ја подарил на Охрид, градот на црквите и на словенската култура и просвета. Камбаната, која била најтешка на Балканот е, всушност, камбанаријата на сегашната црква „Св. Климент Охридски“. На неа, на српски јазик, пишува:

„Михајло Пупин, професор на Колумбискиот универзитет во Америка. Божествени звуци, разнесете ја славата на паднатите јунаци и раскажувајте му на потомството за нивните големи дела. За паднатите херои на Кајмакчалан, 1921. година“.

За сиромашните граѓани од Охрид, Пупин формирал и фонд за помош од 100.000 динари. Тогаш во негова чест една улица во Охрид е именувана „Михајло Пупин“.
За жал, никогаш не успеал да ја оствари својата голема желба- да ја посети Македонија.

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion